Пред месец и половина Унгарскиот Парламент со двотретинско мнозинство го изгласа новиот Устав на државата. Во него се вели, дека унгарскиот народ го обединуваат „Бог и Христијанството.“ Државата има обврска да го заштитува животот, со напомнување дека животот започнува со зачнувањето, што значи дека абортусот ќе биде забранет. Освен тоа, бракот се дефинира во унгарскиот основен закон како сојуз на маж и жена, што го исклучува признавањето на тнр. еднополови бракови. Тие факти, секако, многумина ги гледаат како удар по современите „европски принципи.“
Додека христијаните го поздравуваат смелиот чекор на малата држава, бранителите на хомосексуализмот и абортусите веќе организираат протестни демонстрации.