Солидарноста кон МПЦ-ОА ќе спречи капитулација на православието

„Наредната точка на капитулација на православието во Европа може да се случи во Македонија. Затоа, важно е да има општоправославна и христијанска солидарност кон Македонската православна црква-Охридска архиепископија“ – вака ѓаконот Андреј Кураев, професорот на Московската духовна академија и виш научен соработник на Московскиот државен универзитет, кој изминатите два дена беше во посета на Македонија, ја оценува состојбата со православието на Балканот и во Европа, а особено ја нагласува тешката ситуација во која се наоѓа МПЦ-ОА. Неговите персоналии може да ги видите овде.

Во овие турбулентни времиња за православието во Европа и во светот, како верниците може да ја воскреснат новата надеж во верата и односот кон неа?
– Православието е стара религија и не е егзотична европска религија. Во целиот свет се случува црковна антиреволуција. Она што ги нурнува младите во православието е конзервативизмот. Тие сакаат да го искусат она што е тешко, односно сакаат да се испробаат во живот поинаков од нивниот. Православието е највисока конзервативна христијанска конфесија, која има голема шанса во современиот свет. Тоа станува етички и интелектуално привлечно за оние што не сакаат да бидат жртви на телевизиските пропаганди.

Дали сметате дека процесот со христијанското обединување би можело да помогне во прифаќањето на МПЦ-ОА како автокефална црква?
– Познати се случувањата со православието во Косово. Тоа може да се случи и со Македонија. Еден од патиштата за спречување на можната капитулација е луѓето од православните земји да доаѓаат во Македонија, да разменуваат искуства и да го видат дејствувањето на Македонската црква. Во православието имаме ист проблем – секуларизмот и затоа треба да има обид да се споиме еден со друг.

Имаше најави од Руската православна црква дека ќе се обиде да посредува меѓу Српската православна црква и МПЦ-ОА. Дали е можно тоа?

– Благодарен сум што во вакви ситуации не сум патријарх и затоа не можам да кажам дали се можни евентуални посредништва. Не сум ни амбасадор на патријархот Кирил, но историјата сведочи дека имало многу мисионери како мене што направиле доста за културното зближување меѓу народите. Во разговорот со поглаварот г.г. Стефан на МПЦ-ОА заклучивме дека смислата на животот на црквата не е во тоа постојано да се бориме за нејзината независност, зашто така нема да има место за Христа.

Изминатите денови посетивте цркви и манастири во Македонија и видовте како функционира црковниот живот меѓу верниците. Дали сметате дека МПЦ-ОА заслужува и ги исполнува условите да биде дел од православието?
– Вие мора да бидете дел од Православната црква. Главниот проблем е во грчката алергија кон словенска Македонија, односно не е поврзан со српскиот национализам. Ме радува тоа што проблемот е политички, зашто така може побрзо да се реши, отколку ако беше црковно-политички. Вашите политичари треба да се заложат за наоѓање решение со Грција, зашто на овој начин се чини дека Македонија ја разорува обединета Европа, а на водачите на земјите на Централна Европа им е важно таа да стане дел од нив.

Која порака би им ја упатите на црковните лица во МПЦ-ОА за нивната идна перспектива?

– МПЦ-ОА треба да има храброст да остане сама, односно да не се здружува со православните расколнички цркви што владеат во соседните земји. Таа не смее да стане нивен центар, оти тогаш ќе добие интернационален проблем.

Автор: Радмила Заревска (Овој разговор оригинално е објавен на сајтот Нова Македонија)

One thought on “Солидарноста кон МПЦ-ОА ќе спречи капитулација на православието

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s