DOWNLOAD: Vostanovuvanjeto na Petar vo apostolstvoto.mpg 217MB
По шеесетина титлувани емисии од руската серија „Закон Божий“ (продукција на детскиот семеен образовен тв-канал „Радость моя“) ова е мојот прв посериозен обид за аудио-интервенција во емисиите. Забележав дека во звукот на емисиите музиката не е споена со говорот, па во програмата Adobe Audution ја миксував оригиналната музичка подлога со преводот на македонски. Читањето го снимав со микрофон Shure C606, во црковната библиотека во Свети Николе.
Со македонско аудио, овие емисии, како одлична веронаука, стануваат достапни и за децата. Вашите критики за техничкиот квалитет на аудиото (а, и за моето читање) се добродојдени, за да се обидам да извршам евентуални корекции.
Одлично оче! Ова е навистина прекрасно како за веронаука.