Резолуција на ОБСЕ за борба против нетолеранцијата и дискриминацијата врз христијаните

Од Резолуцијата што била изгласана денес од околу 250 парламентарци на 20-тата годишна сесија на Парламентарната асамблеја на Организацијата за безбедност и соработка во Европa (ОБСЕ), која се одржа од 6-10 јули 2011 г. во Белград, со тема „Успешноста и делотворноста на на ОБСЕ – нов почеток по Самитот во Астана“, овде го приложувам поглавјето за „Борба против нетолеранцијата и дискриминацијата врз христијаните во просторот на ОБСЕ.“ Целиот документ е достапен на Англиски, Француски и Руски, на сајтот OSCE Parliamentary Assembly.

РЕЗОЛУЦИЈА

Борба против нетолеранцијата и дискриминацијата врз христијаните

во просторот на ОБСЕ

предлагач: г-ѓа Валбурга Хабзбург Дуглас (Шведска)

  1. Препознавајќи дека почитувањето на човековите права и фундаменталните слободи, демократијата и владеењето на правото се камен темелник на сеопфатниот безбедносен концепт на ОБСЕ,
  2. Повторно потврдувајќи дека постапките на нетолеранција и дискриминација претставуваат закана за демократијата, а со тоа и на целокупната безбедност на регионот на ОБСЕ и пошироко,
  3. Потсетувајќи дека земјите учеснички се заложија да ги гарантираат човековите права и фундаменталните слободи на секој што се наоѓа на нивната територија и којшто подлежи на нивната јурисдикција и да им овозможат на сите лица да уживаат еднаква и ефикасна правна заштита,
  4. Повторно потврдувајќи го неповредливото право на поединецот да ја практикува својата вера сам или во заедница, во приватниот и јавниот живот и да живее слободно според барањата на сопствената совест,
  5. Признавајќи го позитивниот придонес на христијаните кон социјалната кохезија, културното збогатување и дебатата за вредностите во нашите општества,
  6. Поздравувајќи ја работата на ОДИХР во овој домен,
  7. Поздравувајќи ги напорите на Личниот претставник на претседавачот за борба против расизмот, ксенофобијата и дискриминацијата, кој исто така се фокусира и на нетолеранцијата и дискриминацијата врз христијаните и членовите на другите религии, подигајќи ја свесноста за овој итен предизвик,
  8. Осудувајќи го проблемот во неговите различни аспекти, подеднакво во источните и во западните земји,

Парламентарното собрание на ОБСЕ:

  1. Одлучи да обезбеди следење на работата започната во 2009 година на Експертската тркалезна маса за нетолеранција и дискриминација врз христијаните, одржана во Виена на 4 мај 2009 година,
  2. Одлучи да ги интензивира напорите за набљудување, истражување и публицизирање на потребата за борба против нетолеранцијата и дискриминацијата во целата област на ОБСЕ, што вклучува напори во  домените на, меѓу другото, образованието, медиумите, законодавството, спроведувањето на правото и криминалот од омраза, како и да работи во тесна соработка со претставниците на христијнските цркви,
  3. Одлучи да ги интензивира консултациите и соработката со Личниот претставник на претседавачот на национално и меѓународно ниво,
  4. Препорачува да се иницира јавна дебата за нетолеранцијата и дискриминацијата врз христијаните и да се гарантира правото на христијаните за целосно учество во јавниот живот,
  5. Препорачува да се евалуира законодавството во земјите учеснички во врска со дискриминацијата и нетолеранцијата врз христијаните, вклучувајќи го трудовото право, правото на рамноправност, слободата на изразување и здружување, законите во врска со религиозните заедници и правото на совесни приговори,
  6. Ја поттикнува Владата на Турција да дозволи повторно отварање на Теолошкото училиште на Екуменската патријаршија од Халки, безусловно и без понатамошно одлагање, во согласност со заложбите од Завршниот документ од Виена од 1989 година, кој го афирмира правото на религиозните заедници да обезбедат „образование на религиозниот персонал во соодветни институции“,
  7. Ги охрабрува медиумите да не шират предрасуди против христијаните и да се борат против негативните стереотипи,
  8. Ги охрабрува христијаските цркви да го продолжат своето учество во јавниот живот, придонесувајќи кон одбраната на дигнитетот на сите човечки суштества и да обезбедат слобода и социјална кохезија.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s