DOWNLOAD: Mt. Athos: A visit to the Holy Mountain.mp4 219.97 MB (Со вградени македонски титлови.)
Тимот на емисијата “60 Minutes” од телевизијата CBS News, април годинава бил примен на Света Гора по нивна двегодишна упорност и по триест години откако некојa тв-екипа била таму да снима.
Продуцентот Михаил Карцис вели: „Стекнавме доверба. Тие разбраа дека сакаме да го направиме најдоброто што можеме, за да ја дестилираме есенцијата на монашкиот живот, на убавината на местото и на тоа што ја прави Света Гора единствено место во овој свет.“
А, Боб Сајмон, кој разговара со монасите, вели дека морале да се обратат и до Екуменскиот Патријарх Вартоломеј, кој ургирал и малку им извршил притисок на монасите да ја примаат американската екипа.
Постојат повеќе филмови за Света Гора, но овој филм ме воодушеви со техничката беспрекорност и убавина на снимките и со автентичните разговори. На сајтот на CBS е објавен текстуален запис на филмот, според кој ги направив преводот и титловите на филмот. (Титловите на youtube-видеото се активираат по пуштањето на видеото со кликнување на копчето „cc“.)
odlicen izbor svestenogakone