Аналогија на срцевите валвули?

Во внатрешноста на срцето крвта се движи еднонасочно, а тоа движење го овозможува систем на залистоци (лат. cuspis=залисток) кои се отвораат и затвораат при преминувањето на крвта од еден сектор во друг.

Во десното срце, (т.е. меѓу десната преткомората и десната комора) се наоѓаат три такви залистоци, па таа валвула се нарекува трикуспидална валвула (lat. valvula=вентил).

А, во левото срце (меѓу преткомората и комората) има два залистока и се нарекува бикуспидална валвула или митрална валвула затоа што на научниците што ја твореле медицинската терминологија им заличела на епископска митра, однсоно капа, круна).

Мојата поента во овој прилог не се ни митрите, ни епископите, туку една друга аналогијата во врска со срцевите валвули, што ми се наметна лани, додека се подготвував за разговор со д-р Жан Митрев и за која немав време да го прашам.

Дали Творецот кој се одразува во севкупноста на созданието, сакал и во центарот на човековото тело – со трикуспидалната валвула на човековото срце, да остави печат за своето троично божество на Отецот и Синот и Светиот Дух, а со бикуспидалната валвула да ја означи тајната на богочовечкото соединување на двете природи (на Божјата и човековата природа) во едната личност на Господ Исус Христос. При изобразувањето на крстот (кога се прекрстуваме), со прстите на десната рака ја правиме таа аналогија – трите прста се соединети еден до друг во знак на Отецот и Синот и Светиот Дух и двата прста свиткани до дланката – во знак на двојната природа на Богочовекот Христос.

Можеби си вообразувам, и добро би било некој медицинар да ја разбие мојата неоснована аналогија со образложение; зошто не е ист бројот на залистоците во двете валвули, односно во левото срце се потребни токму два залистоци, а во десното – токму три.

За илустрација на работата на валвулите е видеото во кое е прикажан текот на крвта во срцето.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s