Во „Дневник“ од 01. 11. 2011 г. беше објавен текст од г-ѓа Катерина Блажевска со наслов што не заслужува да биде препишан. Наместо компетентна вивисекција (насловот на рубриката) за анализарање на состојбите, гледаме дилетантско масакрирање на темите со мешање на баби и жаби, па дури и обид за пресадување на органи од едните на другите…
Само недостиг на идеи и исполнување на новинарска норма може да биде мотив за таков текст, во кој толку очајно се критикува (засега само идеја за) отворање на црковни медиуми: радио и телевизија. За ирелевантноста на текстот доволно индикативен е неговиот истакнат параграф: „Има ли нешто подобро од отворање црковна телевизија и радио во едно декларирано граѓанско општество, и тоа во време кога на драматичен начин се затворија неколку медиуми, по што без работа останаа околу 300 луѓе?“
Се сугерира каузалитет таму каде што го нема (затворање на некои медиуми и идејата за отворање на црковни медиуми), и се бара противречност таму каде што ја нема (граѓанско општество и црковни медиуми).
Неоснованиот страв дека „на новинарите ќе им отпеат вечнаја памјат“ веројатно потекнува од стереотипното потценување и омаловажување на сè што е поврзано со свештенството и црковно-просветителската дејност.
А, кога веќе е поставено прашањето (има ли нешто подобро…), мислам дека подобро од отварање на црковна телевизија и радио е веќе отворена православна телевизија и радио, какви што се рускиот тв-канал Сојуз, http://tv-soyuz.ru/ или радиото на Санкт-Петербургската Митрополија http://grad-petrov.ru/ или православното американско радио http://ancientfaith.com/, радиото на Белградско-каловачката архиепископија http://slovoljubve.com/ и многу други…
Не успеав да го прочитам текстот.Го видов само уводот на нет.Мада не се сомневам дека според тоа кој автор дека сигурно ќе ми се превтеле црева од тој “црковен експерт” и солипамет за верата и црквата.