Од срцето на Африка: Разговор со отец Филип Гатари од Кенија

 

Во Москва од Кенија пристигнал отец Филип Гатари. Тој два дена бил гостин во Сретенскиот манастир, каде што сослужувал заедно со руските и со атонските монаси на Божествена литургија. По службата срдечниот пастир раскажал за Православието во Кенија и за својата работа како директор на селско училиште.

Кенија – е сиромашна земја и луѓето таму живеат сосема прост живот, особено во провинцијата. Отец Филип, настојател на црквата на преподобен Антониј во селото Ишамара, во Централна Кенија, не е исклучок. Има доволно работа, бидејќи Православието е конфесија што најдинамично се развива во Кенија, и во селата не се ретки масовни крштевања; по 5070 луѓе истовремено.

– Отец Филип, раскажете за вашиот храм. На која јурисдикција припаѓате?

– Нашиот храм му е посветен на преподобен Антониј Велики, началникот на монаштвото, кој живеел во Египет. Припаѓаме во јурисдикцијата на Александриската Патријаршија и православни сме по вера. Мојата парохија се наоѓа во Кениската епархија, и се стремиме да ја прошириме, да ја зголемиме. Нашата парохија не е многу гоолема: околу 300 луѓе, од нив стотина се активни парохјани.

– А како Кенијците пристапиле во Православието?

– Православието овде се појавило по иницијатива на местните жители. Тие се труделе да ја најдат вистинската Црква. Уште во 1932 г. православните Кенијци му напишале писмо на патријархот Мелетиј за да ги прими во Александриската Патријаршија; патријархот одговорил позитивно, но наскоро се упокоил. Кенијците повторно напишале писмо, сега веќе на патријархот Христофор. Во 1942 г. кај нас дошол митрополитот Аксумски Николај, разгледал сѐ, и ете во 1946 г. Кениската Црква била примена во заедница со Александриската Патријаршија.

Наскоро во Кенија започнало ослободителното движење против колонијалниот режим. Тоа беше во 1952 г. На страната на востаниците беа токму православните парохии, а протестантските и католичките свештеници го нарекуваа востанието; бунт на пагани и дивјаци. Православните свештеници тогаш ги затвораа. На пример, отец Георгиј Артур Кадуна, првиот „црн“ епископ на Кенија, поминал во затвор околу 10 години заедно со идниот претседател на земјата и лидер на племето кикују Џомо Кениато.

Починатиот претседател подарил парче имот, на кој била изградена православна богословија, која била отворена во 1982 г. Сегашниот архиепископ Албански Анастасиј ја отвори таа семинарија. Започнавме со часови во викендите, учејќи само литургика, а сега се подигнавме на сериозно ниво, излегуваат дипломирани студенти. Ова е дел од нашата историја.

– А како лично вие станавте православен?

– Станав православен во детството, на возраст од околу 9 години. Не бев крстен како мало дете.

И Вашите родители ли се православни?

– Тие не беа верници, но потоа по својот син го примија светото Крштение и станаа православни.

Што беше особено значајно на вашиот пат кон Православието: некој човек, училиште или нешто друго?

– Нашиот парохиски свештеник. Тој влијаеше на мене – во моето село, во нашиот храм. Тогаш бев дете. Продолжив да ја посетувам црквата, и кога пораснав.

– Раскажете за самиот храм. Од што е изграден?

– Првично нашата црква беше од глина, а потоа од камен. Но, немаме иконописци, за да насликаат фрески, а скапо е да изнајмиме уметници од Европа. Затоа имаме само икони, кои ги закачуваме на ѕид, но немаме фрески. Имавме камбана, но ја украдоа од камбанаријата.

Би сакале да знаеме за духовниот живот во парохијата: колку често луѓето се исповедаата, се причестуваат?

– Се причестуваат воглавно секогаш, кога се служи литургија, сите, што чувствуваат потреба од тоа и кои се подготвиле. Но, секако, ако нешто попречува, тогаш човекот не се причестува. Со тие луѓе обично се трудиме да поразговараме и да сфатиме за што се работи. Исповедта пред причестување, како правило, не е задолжителна. Тоа зависи од конкретни луѓе. Ако некој дојде и рече: „Сакам да се исповедам“ тогаш, секако, повели. Но во многу случаи јас се обидувам да го упатам човекот на исповед кај поискусен свештеник.

– А каква мисионерска дејност се спроведува во Кенија, во вашата парохија, во епархијата?

– Има многу видови мисионерство. Има програми за млади, програми за жени, програми за машки братства. Се одржуваат часови во неделни школи. Исто така има образовни програми за работа во средни школи и во првите одделенија. И во светските школи се трудиме да држиме христијански правец.

Многу се „гордеам“ со тоа што во нашата парохија има средна православна школа, што ја основа Црквата, но таму ги примаме сите деца, независно од нивната вероисповед. Работиме по државната образовна програма, што е задолжителна за сите школи во Кенија. Таа програма ја користат секаде, дури во приватните школи: часот трае 40 минути, во денот мора да има осум часови, предаваат квалификувани учители итн. Образованието е под контрола на Владата. Сега имаме 65 ученици, и тоа е дел од нашата мисионерска работа. Јас сум и директор на нашата школа, и предавач во неа.

Кога ме поставија на оваа парохија, овде имаше плац од 5 акри, во сопственост на школата. Беше запуштен во текот на десетина години, немаше ништо…. И ете со Божја помош сега има школа, класови. Во црквата се трудиме да ги употребуваме поместните јазици. И проповедта е на местниот јазик. А во училиштата низ Кенија предавањата се на англиски. Целото население зборува на англиски.

Според вашето мислење, има ли Православието во Кенија голема иднина?

– Ако имаме разумно управување и се потпираме на поместните народности, ако ги следиме нивните потреби, ако сме нивни партнери, тогаш ќе имаме голем потенцијал. Нашата мисија мора да ги опфаќа новите етнички групи.

(Сo јереј Филип Гатари разговарал Василиj Томачински, 16 декeмври 2011 г., www.pravoslavie.ru)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s