Крштевањето на Искандер

Руската писателка Наталија Сухинина раскажува како мајка и дете биле крстени по укажување од Пресвета Богородица.

Прилично долго живеам во долината крај Пицунда. Таму имаме куќa, а покрај неа – параклис на Казањската Божја Мајка. Пред многу години ја осветивме во присуство на многу луѓе. Дојдоа свештеници од Москва, дојдоа овдешните отци, Ерменци од планините, од горното село Агарака. Беше многу голем празник и оттогаш мојот параклис со вера и вистина им служи на сите; и на овдешните и на другите што доаѓаат на одмор. Воглавно доаѓаат свештеници со семејствата, предавачи на неделни школи, православни луѓе од разни храмови. И секогаш кај нас летно време е весело, интересно и се случуваат различни, зачудувачки настани.

Сакам да раскажам нешто што ме восхити, иако оттогаш помина долго време.

Додека траеше војната во Абхазија, некој Абхазиец бил тешко ранет и сместен во болницата во Башкирија. Таму се запознал со девојка – Tатарка, Рамилја, која многу му помагала. Тој се оженил со неа и ја доведе во Абхазија. Се запознав со неа и станавме пријателки. Таа често доаѓаше кај мене, или за некои празници, или едноставно на гости. Им се роди син, Искандер. Тој тогаш имаше, мислам, четири години.

И ете, еднаш таа дојде кај мене со синот и вели: „Знаете, денес Искандер кога се разбуди, рече: Мамо, сонував една матушка, која рече дека треба да се крстам.“ Зборот „матушка“ е православен, тој не можел да го измисли, во нивната средина не можел да го слушне. Рамилја е муслиманка… Односно, детето не лажело, не измислувало.

Јас реков: „Рамилја, преку устите на младенчињата говори вистината.“ Таа одговори: „Не сум против, само некако ми е необично…“ Поседовме, се напивме чај, поразговараме.

Потоа, таа на заминување рече: „А може ли јас да го одведам Искандер во параклисот?“ Одговорив: –„Секако!“ И си мислам: „Како да му речам на детето – во параклис? Нема да разбере.“ Реков: „Ајде, Искандер, ќе ти покажам едно убаво место.“ Го фатив за раче, се качуваме низ шумата, стигнуваме до параклисот. А во средината на параклисот стои иконата на Казањската Божја Мајка. Влегуваме, тој се доближува до таа икона и детски кикотејќи се, покажува со прст:    „Еве, оваа матушка рече дека треба да се крстам.“

Тогаш ние со Рамилја се погледнавме. „Рамилја, а сега што ќе речеш?“ Таа одговори: „Не знам, потресена сум.“

Потоа јас заминав, повторно се вратив и знев дека кај мене ќе дојде свештеник и ќе може да го крсти детето. И велам: „Рамилја, не се премисли ли за да биде крстен Искандер?“ Таа одговора: „Вие не знаете сè. И јас со него ќе се крстам.“ Потоа дојде свештеник и ги крсти Рамилја, која стана Наталија, моја имењачка, сестра во Христа, и Искандер кој сега се вика Александар. (Превод од: pravmir.ru)

 

One thought on “Крштевањето на Искандер

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s