Впечатоци од велигденскиот духовен концерт

Ако се има предвид широко-распространетата уметничка суета, за почит е смирениот пристап на композиторот кој филхармонијата ја искомбинирал во органско единство со одамна-установената музичка варијанта на богослужбено пеење на статиите, па дури и ја потчинил на тој мелос, без егоистична намера за каприциозно истакнување. Мислам дека со таа инструментална скротеност се доби само поголема музичка торжественост и величественост, отколку ако тоа би биле само „варијации на тема“ или „со мотив од…“ Музиката, која ја нарекуваат: византиска, источна, старомакедонска, всушност е сублимат на оние музички интервали од широк географски простор, во кои на најсуптилен начин се содржани човековите молитвени песнопеења, фалења и повикувања на Бога „ex profundis.“ Убеден сум дека тоа е мелосот кој со мекоста и со брановидноста на својата музичка линија има најсилен потенцијал да го засегне и смекне вознемиреното срце на современиот човек и да ги израмни и подготви патеките во душата за Господа. Честитки и благодарност до сите чинители што го овозможија ова ретко музичко доживување. (Повеќе детали и фото од концертот на: bigorski.mk) Во продолжение на овој прилог е приложена снимката на концертот во 6 делови:

Концерт – Универзална Сала – 5 Април 2012 Изведбата на дел од песните од Страсната седмица Јован Бигорски – манастир „Св. Јован Крстител Ламбе Алабаковски Монахињата Касијана Хор – Богословија Средно Богословско Училиште Македонска Филхармонија – Композитор и професор Живојин Глишиќ

2 thoughts on “Впечатоци од велигденскиот духовен концерт

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s