Велигденско послание од Вселенскиот Патријарх Вартоломеј

+ ВАРТОЛОМЕЈ,
ПО МИЛОСТА БОЖЈА
АРХИЕПИСКОП НА КОНСТАНТИНОПОЛ – НОВИОТ РИМ
И ВСЕЛЕНСКИ ПАТРИАРХ
ДО СЕТА ПОЛНОТА НА ЦРКВАТА
БЛАГОДАТ, МИР И МИЛОСТ
ОД ВОСКРЕСНАТИОТ ВО СЛАВА СПАСИТЕЛ ХРИСТОС.

“Првенец од мртвите бидна” (воскресен тропар гл.3)

Возљубени во Господа чеда!

Ако Христовото Воскресение го засегаше само Христос, тоа би немало значење за нас. Но Христос не воскресна сам, туку го воскресна со Себе целото човештво. Еден од нашите големи претходници (од Константинополските Патријарси – забел. на прев.), св. Јован Златоуст возгласи: “Воскресна Христос и нема ниту еден мртов во гробот: Христос зашто, востана од мртвите, првенец од умрените бидна”. То ест, Христос, кога воскреснал од мртвите, го поставил почетокот на воскреснувањето и преминувањето од смртта кон животот за сите што биле умрени и за оние кои ќе умрат. Веста за Воскресението на сите им носи радост, зашто Христовото Воскресение ја уништува силата на смртта. Оние што веруваат во Христа го очекуваат воскресението на мртвите; заради тоа тие умираат со Христа во крштението и воскреснуваат со Него за вечен живот.

Светот, кој е далеку од Христа, се труди да стекнува материјални добра, на кои ги полага сите свои надежи. Тој неразсудно се надева дека со тие богатства ќе ја избегне смртта. Човекот, измамен од таа страст за натрупување богатства, кои небаре ќе можат да го продолжат неговиот живот, ја распространува смртта на другите. Тој им ја одзема можноста да преживеат и често сурово ја кине нишката на нивниот живот, надевајќи се дека на тој начин ќе го зачува својот сопствен живот.

Но, тоа е негова голема заблуда! Животот се добива само преку верување во Христос и преку соединување со Него.

Искуството на Православната Црква нѐ уверува дека, оние што се соединиле со Христос во овој живот, се живи и по смртта. Тие општат со живите, ги слушаат, и често, на чудесен начин, ги исполнуваат нивните молитви.

Нема потреба да се бара митската “вода на бесмертност”. Бесмртноста е – во Христос. Тој им ја дарува на сите луѓе.

Нема потреба некои народи да уништуваат други заради сопственото преживување. Нема потреба да се уништува животот на незаштитените луѓе заради повишување на степенот на живот на други. Христос на сите им дарува, како земски живот, така и небесен живот. Тој воскресна и оние кои што сакаат, го следат Него на патот на Воскресението. А оние што непосредно или посредно ја распространуваат смртта на земјата, мислејќи дека со тоа ќе го продолжат или ќе го олеснат својот живот, се осудуваат себеси на вечна смрт.

Воскреснатиот од мртвите, Господ наш Исус Христос, дошол во светот, за сите луѓе да имаат живот, и тоа живот во изобилство. Голема заблуда е да се мисли дека меѓусебното уништување на луѓето може да ја зголеми благосостојбата на човечкиот род. Христос воскреснува од мртвите и ја уништува нивната смрт. Во Негова власт е да ја надмине смртта. И фактот дека Тој ја победи смртта, сведочи за одвратноста што ја има кон неа. Христос води кон животот и ни го дарува повторно, во случај тој да бил прекинат, зашто Тој е “нашиот живот и нашето воскресение”. Затоа, ние верните не се плашиме од смртта. Нашата сила не е во неповредлвоста на нашето битие, туку во можноста за наше воскреснување.

Христос Воскресна! И ние ќе воскреснеме!

Браќа мои и чеда мои, возљубени во Господа, да го подражаваме Воскреснатиот Христос во сите Негови дела. Да им помагаме на оние што немаат средства за опстанок и не се способни да се заштитат себеси. Да им возвестиме на сите што не го знаат Христовото Воскресение, дека отсега смртта е победена, и би требало тие да можат да учествуваат во Неговото Воскресение, верувајќи во Христос и следејќи ги неговите стапки. Нашето воскресение е во сила само тогаш, кога ние им го носиме него и на нашите браќа кои не веруваат заради нивното воскресение. Само тогаш победоносното возгласување “Христос Воскресна!” спасително ќе воздејствува на целото човештво. Нека биде така.

Пасха 2012 г.
Пламен молитвеник за сите вас,
Вселенскиот Патриарх

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s