Џонатан Џексон

На 25 јуни во Лос-Анџелес се одржа 39 годишна церемонија на доделување “Daytime Emmy Awards”, во чии рамки се прогласуваат најдобрите програми во дневниот телевизиски етер на САД.

Меѓу наградените беше познатиот холивудски актер Џонатан Џексон, кој доби «Emmy» како најдобар актер на серијата – драма “Главна болница” (General Hospital).

Откако беше објавено името на победникот и Џексон излезе да ја прими наградата, тој се прекрсти на православен начин и се заблагодари прво на Бога Света Троица,  и меѓудругoтo се заблагодари на монасите на Света Гора Атон, «кои се молат за целиот свет».

Џонатан Џексон е роден во семејство на адвентисти, но пред околу две години преминал во Православието заедно со своето семејство.

Според зборовите на актерот «тој посакал да биде со оние што не говорат многу зборови, туку даваат приоритет на молитвата. Убавината на Православието може да ја почувствува секој. Ако од раѓање си човек на друга традиција или имаш поинаков менталитет, тогаш не е едноставно да се премине во Православието. Но, оној што може да се надмине себеси, ќе добие вистинска радост и благослов».

Од неговото интервју (кое во целина може да го слушнете на http://ancientfaith.com )  издвојувам уште еден дел, во кој мислам дека ќе се пронајдат многу луѓе, притоа и крстени, но кои првпат застануваат на богослужба во храмот:

„А потоа почна првата служба. И мојата прва мисла, кога влегов во храмот, беше: «Излегувај. Бегај! Едноставно излези! Не треба. Ти не смееш да бидеш тука!» Тоа беше чудно, но јас помислив дeка тоа беше Божји глас. Се препотив. Тоа беше многу силно чувство.

Не познавав никого во храмот, ми беше многу непријатно, бев туѓинец. Но, потоа почувствував дека Светиот Дух рече: «Остани до крај и потоа ќе ги разбереш своите чувства». Но, првите 45 минути ми беа страшно непријатни.

А, по 45 минути се случи нешто. Храмот се преобрази, по проповедта, по молитвата за огласени. Сè видливо се преобрази. Почна Херувимската песна… Се отвори Рајот. И јас овде стојам… За тоа време јас го поминав патот од «Бегај, бегај од овде» до просолзување.“

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s