Схематски приказ на тајната на Троичноста според преподобен Максим Исповедник

Во магистерската дисертација на истакнатиот руски патролог С.Л. Епифанович «Преподобный Максим Исповедник: его жизнь и творения» се претставени уникатни ракописи на некои оригинални творби од преподобниот, кои биле издадени само еднаш. Една од нив е ракописот од XVI век, во кој шематски е прикажана тајната на Троичноста според преподобен Максим Исповедник. Во статијата на П.Е. Михалицин, (објавена на bogoslov.ru) за првпат од грчки на руски е преведен тој особено интересен богословски документ.

Се надевам дека ова дело од преподобен Максим (копија oд ракописот на Константин Палеокапа 1539–40 г., во .pdf и преработка на шемата на македонски во .pdf формат), ќе биде интересно како за патролозите и догматичарите, така и за сите љубители на светоотечкото наследство.

Во средината на цртежот е нацртан рамностран крст. Горниот, средниот (левиот) и долниот крак од крстот служат како центри од кои се опишани три круга кои се пресекуваат: горен, лев и десен круг. Радиусот на горниот круг е поголем од радиусот на левиот, а тој пак, е нешто поголем од радиусот на десниот. Сите кругови се опфатени со еден голем круг, над кој стои крст.

Долж големиот круг (десно од крстот) е напишано:

Μονὰς ἡμῖν ὁ Θεός ἐστι, μονάδων αἰτία, πρὶν δυαθῆναι τρισσουμένη˙ καὶ Τριὰς τὴν Τριάδα προφθάνει˙ οὔτε μετὰ τὴν μονάδα δυάς, εἶτα Τριάς, ἵνα καὶ μονὰς πρὸ δυάδος καὶ Τριὰς πρὸ Τριάδος νοῇται (νοεῖται), ἀλλ᾿ ὅλη μονὰς ἡ αὐτή, καὶ ὅλη Τριὰς ἡ αὐτή˙ μονὰς ὅλη κατὰ τὴν οὐσίαν ἡ αὐτή, καὶ Τριὰς ὅλη κατὰ τὰς ὑποστάσεις ἡ αὐτή˙ ὅλη ἐν ὅλῳ τῷ Πατρὶ ἡ αὐτή, καὶ ὅλος ἐν ὅλῃ τῇ αὐτῇ ὁ Πατήρ˙ ὅλη ἐν ὅλῳ τῷ Υἱῷ ἡ αὐτή, καὶ ὅλος ἐν ὅλῃ τῇ αὐτῇ ὁ Υἱός˙ ὅλη ἐν ὅλῳ τῷ ἁγίῳ Πνεύματι ἡ αὐτή, καὶ ὅλον ἐν ὅλῃ τῇ αὐτῇ τὸ Πνεῦμα τὸ ἅγιον.

Бог за нас е монада (едно), на монадите причина (основа), која пред да се удвои, се утројува, и на Троица троичноста ја претекнува [4]. И не се после монадата двајца, а потоа Троица (троичноста), туку и монадата пред двајца и Троица пред троичноста да биде созерцувана. Едното исто е цела монада и цела Троица. Цела монада според суштината и цела Троица според ипостасите. Цела во целиот Отец и целосно во целиот Отец. Цела во целиот Син и целосно во целиот Син. Цела во целиот свет Дух и целосно во целиот свет Дух.

Во деловите од круговите, со кои тие излегуваат еден од друг, е напишано:

А) под горниот круг:

Ἐξ ἀριστερῶν τοῦ Υἱοῦ καὶ Λόγοῦ ὁ Θεὸς καὶ Πατήρ.

Од лево на Синот и Логос е Бог и Отец.

Б) под левиот:

Ἐξ ἀριστερῶν Πνεύματος τοῦ ἁγίου, τοῦ καὶ προβλήματος, ὁ Υἱός καὶ Λόγος.

Од лево на Духот свет и Бедем (заштита) наша е Синот и Логос.

В) под десниот:

Ἐξ ἀριστερῶν τοῦ Θεοῦ Πατρὸς Πνεῦμα τὸ ἅγιον, τὸ καὶ πρόβλημα [Πνεῦμα ἐκ τοῦ Πατρὸς][5].

Од десно на Бог Отецот е Духот свет, Бедем наш [Духот е од Отецот].

Во местата каде што се преклопуваат по два круга е напишано:

А) во пресекот на горниот и левиот круг, а надвор од десниот (на левата страна на цртежот):

Ἐξ δεξιῶν τοῦ Θεοῦ καὶ Πατρὸς ὁ Υἱός.

Од десно на Бог и Отец е Синот.

Б) во пресекот на левиот и десниот круг, а надвор од горниот (во долниот дел на цртежот):

Ἐξ δεξιῶν τοῦ Υἱοῦ καὶ Λόγοῦ τὸ Πνεῦμα.

Од десно на Синот и Логос е Духот.

В) во пресекот на горниот и десниот круг, а надвор од левиот (на десната страна на цртежот):

Ἐξ δεξιῶν τοῦ Πνεύματος καὶ προβλήματος ὁ Θεὸς καὶ Πατήρ.

Од десно на Духот и Бедем е Бог и Отецот.

Во внатрешниот дел на цртежот, каде што се преклопуваат сите три круга е напишано:

Ὅλη ἡ μονὰς ἐν ὅλῃ τῇ Τριάδι, καὶ ὅλη ἡ Τριὰς ἐν ὅλῃ τῇ μονάδι. ὅλη γὰρ ἐν ὅλοις ἡ θεότης, ὁσάκις καὶ ὅλα ἐν ὅλῃ ἐπίσης τῇ θεότητι˙ μία γὰρ ἡ αὐτή οὐσία Πατρὸς καὶ Υἱοῦ καὶ ἁγίου Πνεύματος, οὐδενὸς τούτων του̃ ἑτέρου χωρὶς ἢ πιστευομένου καλῶς ἢ εὐσεβῶς νοουμένου.

Целата монада е во целата Троица, и целата Троица е во целата монада. Бидејќи целото божество (божествената природа) е во сите (ипостаси), така што сите подеднакво се во целото божество. Бидејќи, едната иста суштина е на Отецот и на Синот и на светиот Дух, затоа никој од нив без другиот не може да биде предмет на добрата и благочестива вера и созерцување.

Покрај пресеците на круговите стојат следните написи:

А) покрај пресекот на горниот и на левиот круг: Ἐκ τοῦ Πατρὸς (од Отецот) (на левата страна на цртежот),

Б) под пресекот на левиот и десниот: Ἐκ τοῦ Υἱοῦ (од Синот) (долу на цртежот),

В) покрај пресекот на десниот и горниот: [Διὰ τοῦ Πατρὸς] ἐκ τοῦ Πνεύματος ([преку Отецот] од Духот) (на десната страна на цртежот).

Во горниот круг се три написи: два: Ἐπὶ τὸν Πατέρα (на Отецот) , малку погоре од А) и В) (од лево и од десно), и еден: Διὰ τοῦ Πατρὸς (преку Отецот) над средниот дел од горниот круг меѓу укажаните написи[6].

На левиот круг исто така, му припаѓаат три написи: два Ἐπὶ τὸν Υἱὸν (на Синот) , покрај Б) и А)[7], и еден Διὰ τοῦ Υἱοῦ (преку Синот)во  средина меѓу нив, на левиот круг[8].

На десниот круг се наоѓаат два написа: еден Ἐπὶ τὸ Πνεῦμα (на Духот) , која се однесува и на Б) и на В), покрај кои тој напис се наоѓа, и еден Διὰ τοῦ Πνεύματος (преку Духот) .

Целиот цртеж се објаснува вака:

Θεώρημα τοῦ θείου Μαξίμου

Ἐξ δεξιῶν τοῦ Θεοῦ καὶ Πατρὸς ὁ Υἱός˙ ἐξ δεξιῶν τοῦ Υἱοῦ καὶ Λόγοῦ τὸ Πνεῦμα˙ ἐξ δεξιῶν τοῦ Πνεύματος καὶ προβλήματος ὁ Θεὸς καὶ Πατήρ. Καὶ ἀντιστρόϕως˙ ἐξ ἀριστερῶν τοῦ Θεοῦ καὶ Πατρὸς τὸ Πνεῦμα τὸ ἅγιον, τὸ καὶ πρόβλημα˙ ἐξ ἀριστερῶν Πνεύματος τοῦ ἁγίου, τοῦ καὶ προβλήματος, ὁ Υἱός καὶ Λόγος˙ ἐξ ἀριστερῶν τοῦ Υἱοῦ καὶ Λόγου ὁ Θεὸς καὶ Πατήρ. Καὶ πάλιν˙ ἐκ τοῦ Πατρὸς γὰρ διὰ Πνεύματος τῷ ᾧ διερχόμενος ἵσταμαι ἐπὶ τὸν Υἱὸν, καὶ ἐκ τοῦ Πατρὸς διὰ τοῦ Υἱοῦ καταντῶ ἐπὶ τὸ Πνεῦμα, καὶ ἐκ τοῦ Υἱοῦ ἐπὶ τὸν Πατέρα διὰ τοῦ Πνεύματος, καὶ ἐκ τοῦ Υἱοῦ ἐπὶ τὸ Πνεῦμα διὰ τοῦ Πατρός, καὶ ἐκ τοῦ Πνεύματος διὰ τοῦ Υἱοῦ ἐπὶ τὸν Πατέρα, καὶ ἐκ τοῦ Πνεύματος διὰ τοῦ Πατρὸς ἐπὶ τὸν Υἱὸν.

Учење на божествениот Максим

Од десно на Бог и Отецот е Синот, од десно на Синот и Логос е Духот, од десно на Духот и наш Бедем е Бог и Отецот. И обратно: од лево на Бог и Отецот  е Духот свет и Бедем, од лево на Духот свет и Бедем е Синот и Логос, од лево на Синот и Логос е Бог и Отец. И повторно: од Отецот преку Духот минувајќи, стојам пред Синот, и од Отецот преку Синот стигнувам до Духот, и од Синот – кон Отецот преку Духот, и од Синот кон Духот преку Отецот, и од Духот преку Синот кон Отецот, и од Духот преку Отецот кон Синот.


[1] Види: Доброцветов П. К. С. Л. Епифанович – «подвижник науки и веры» // Епифанович С. Л. Лекции по патрологии (Церковная письменность I-III веков) / под заедничка редакција на доц. МДА Н. И. Муравьева. – СПб.: Воскресение, 2010. – С. 15-16.

[2] Види: Епифанович С. Л. Материалы к изучению жизни и творений преп. Максима Исповедника. – К., 1917. – С.78-80.

[3]MaximusConfessor . Additamenta e uariis codicibus. Theorema // Clavis Patrum Graecorum / cura et studio M. Geerard. – Turnhout: Brepols, 1979. – Vol. 3. – P. 444. Треба да се забележи дека С. Л. Епифанович се сомневал во оригиналноста на ова дело врз основа на тоа што овој ракопис му припаѓа на копирачот К. Палеокапа – познат фалсификатор на светоотечки дела. Види: Епифанович С. Л. Материалы к изучению жизни и творений преп. Максима Исповедника. – К., 1917. – С. XII.

[4] На ова место се чувствува влијание врз преподобен Максим од тријадологијата на св. Григориј Богослов, кому, на пример, му припаѓа следниот исказ: «…исконската монада (μονὰς ἀπ’ ἀρχῆς), движена кон дијада (δυάδα), запрела на тријадa (Τριάδος)» (Слово 29, За богословието трето, за Бог Синот прво; PG 36, col. 76. Интересно е дека преподобен Максим во еден друг негов труд «Амбигва» го протолкувал тој исказ од св. Григориј (См.: PG 91,1036 A-C). Спореди, исто така и кај Богослов: «Зашто Божеството излегло од единечност (μονάδος) заради  изобилие, ја преминало двојственоста (δυάδος), затоа што Тоа е над материјата и обликот, од кои се состојат телата, и се определило со троичност (Τριάδος) (со првото што го надминува составот на двојственноста), заради совршенството, за да не биде ниту оскудно, ниту пак, да се разлее до бесконечност. Првото би покажувало некомуникативност, а последното – безредие; едното би било сосема во духот на Јудејството, другото во духот на паганството и многубоштвото» (Слово 22, О мире; PG 35, col. 1160. Слово 22. За светот // Творения Григория Богослова: в 2 т. – СПб.: Изд-во П. П. Сойкина, 1910. – Т. 1. – С. 332) – белешка на авторот на статијата М.П.

[5] Во аглести загради е ставено она што може да биде испуштено.

[6] Последниот напис неумесно е дуплиран во пресекот на десниот и горниот круг и на левиот круг, каде што е поставено и второто (покрај В) Ἐπὶ τὸν Πατέρα. Укажаните овде и понатаму од С.Л. Епифанович неумесни (непотребни) дуплирања на реконструираната шема се поставени во заоблени загради – белешка на авторот на статијата М.П.

[7] Последниот напис, очигледно, заради недостаток на место е сместен во пресекот на горниот и десниот круг на левата страна на цртежот.

[8] Тој напис неумесно се повторува во соодветното место на горниот круг.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s