Зборник од филмови – анимации на Александар Петров – добитник на на наградата “Оскар” и на многу други награди за филм, а исто така е лауреат на Државната награда на Русија. Своите анимирани дела ги изработува во техника „живопис на стакло.“ Секој кадар го слика со прсти и со минимална употреба на четка за деталите. Во овој прилог ги приредувам со македонски титлови ремек-делата: “Крава//Корова” (1989), “Сонот на смешниот човек//Сон смешного человека” (1992) и “Русалка” (1996) и Мојата љубов//Моя любовь(2006).
Сонот на смешниот човек – Херојот на филмот решава да изврши самоубиство, но во последен момент заспива. Тој сонува дека умрел и се нашол на друга планета, многу слична на Земјата, но луѓето што живеат таму, не знаат за грев… Филмот е снимен според мотиви од истоимениот расказ на Ф. Достоевски. Овде можете да го погледнете и преземете со вградени македонски титлови.
Downloаd: Сонот на смешниот човек.avi 402MB
Крава – Во руската провинција, покрај железничка пруга живее едно семејство. Момчето си спомнува за нивната крава; како таа ги хранела со млеко и како кравата тажела кога нејзиното теленце го продале… (Видеото е со вградени македонски титлови.)
Downloаd: Корова (Скачать HTTP link:korova.avi) 189 МB
Русалка – Приказна со мотиви од словенскиот фолклор. Според пагански руски верувања, девојка што се удавила заради несреќна љубов, се претворала во русалка. Напролет, кога мразот на реката се растопува, младиот искушеник првпат ја здогледува русалката. Подоцна таа повторно му се појавува, сакајќи да го одвлече под вода. Кога стариот монах ќе го види тоа, разбира дека русалката е девојка што тој во младоста, пред да се замонаши, ја измамил и заради тоа се удавила. Додека русалката се обидува да го удави искушеникот, старецот влегува во борба со неа…
Downloаd: Русалка (Скачать HTTP link: rusalka.avi) 107 MB
Мојата љубов – 16-годишниот гимназијалец Антон истовремено е вљубен во две девојки и нему му претстои да разбере, каде во овој свет што светка со сите бои на сетилноста, се – ангелите, а каде – демоните. Антон, како и сите ние, сам го твори својот ад и својот рај. Тој поминува низ искушенија и сфаќа која е неговата вистинска, голема љубов.