Документарен филм „Архиепископ Лука. Професор по хирургија“

Архиепископoт Лука (пред замонашување Валентин Феликсович Војно-Јасенецкиј) се родил во Керчи на 27 април 1877 г. По завршувањето на уметничкото училиште, размислувајќи дека е должен да се занимава со „она што е корисно за страдалните луѓе“ ја избрал медицината. По завршувањето на факултетот се занимавал со медицинска практика и научни истражувања Во 1920-ите години работел како хирург во Ташкент, активно учествувајќи и во црковниот живот.

По тригодишно служење во чин свештеник отец Валентин прима монашки постриг со името на свети апостол, евангелист и лекар Лука. На 30 мај 1923 г. јеромонахот Лука бил тајно хиротонисан за епископ. Оттогаш почнува крстниот пат на владиката како исповедник. Многубројните апсења, испрашувања и прогони не ја ослабнале ревноста на светителот во исполнувањето на архипастирскиот долг и служењето на луѓето како лекар. Тој вели: „Ако го опишувате мојот живот, не обидувајте се да ги раздвојувате хирургот и епископот.“

Документарниот филм „Архиепископ Лука. Профессор хирургии“ од серијата “Русские праведники”. (ТК Сретение, 2010 г.) овде можете да го гледате online или да го преземете со вградени македонски титлови (десен клик, Save link as): Архиепископ Лука. Професор по хирургија.mp4, 222 MB

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s