Внатрешниот живот на клетката

Живите организми се составени од клетки.
Тие имаат илјадници облици и големини. Човечкото тело има повеќе од 100 трилиони клетки кои го поддржуваат танцот на животот. Во главата на шпенагла можат да се сместат 10.000 клетки. Клетките на нашето тело вршат 500 квадрилиони хемиски реакции секоја секудна. Нивната фасцинантна биохемија го одржува животот на Земјата билиони години и нè чува од повреди.

Извадок од говорот на Дејвид Болински при настапот на TED: „….Пред неколку години примив телефонски повик од Роберт Лу од Харвард, од Институтот за молекуларна и клеточна биологија. Ме праша дали јас и мојот тим би биле заинтересирани да го промениме начинот на медицинското и научното образование на Харвард. Тргнавме со проект кој би ја проучувал клетката, кој би ја истражувал вистината и убавината што ја содржат молекуларната и клеточната биологија, така што студентите да можат да добијат поширока слика на која ќе можат да ги надоврзат тие факти. Би можеле да имаме ментална слика на клетката како голем, жив, сложен град, населен од микро-уреди…

…Студентите денес често се нурнати во околина во која проучуваат теми кои во себе содржат вистина и убавина, но (ги учат) на начин кој е толку сегментиран што вистината и убавината не се очигледни секогаш. Тоа е како оној рецепт за пилешка супа, во кој пилето се вари додека не го изгуби вкусот.“

Видеото „The Inner Life of the Cell“ нè поведува на патување низ микроскопскиот свет на клетката и ги илустрира маханизмите кои овозможуваат белата крвна клетка да ја почувствува својата околина и да одговори на надворeшниот стимул.

Филмoт го произвеле Дејвид Болински (илустратор на Јеилскиот универзитет),  аниматорот Џон Либлер и Мајк Астрахан од XVIVO за факултетот на Молекуларна и клеточна биологија на универзитетот Харвард. Осум-минутната анимација чинела  14 месеци работа. Филмот прво бил прикажан  во 2006 г. на годишната  конференција SIGGRAPH (short for Special Interest Group on GRAPHics and Interactive Techniques) во Бостон.

Во оваа „драма“ се прикажува што се случува кога леукоцитот мора да се пробие од крвниот сад во ткивото. Таа започнува со крвниот сад по кој брзо минуваат еритроцитите, и спориот леукоцит на неговите ѕидови. Леукоцитот се „лизга“ по ендотелот на крвниот сад и се прикрепува со разни рецептори за соодветните рецептори на површината на ендотелијалните клетки….

The Inner Life of the Cell // Внатрешниот живот на клетката. Првото видео е само со музичка поддршка, без биолошкиот коментар, а второто е со македонски титлови (се активираат со кликнување на „cc“).

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s