Познатиот космос (Тhe Known Universe)

Филмот може да се гледа во HD (720p) и со македонски титлови (се активираат со кликнување на „cc“).

Измерено е дека светлината се движи со 300 000 километри во секунда. Во филмот Тhe Known Universe, кој ги скицира космичките пространства и растојанија, означени  се одредени моменти кои ни нудат видик што би го имале, ако стигнеме до тие места во космосот, патувајќи од Земјата со брзината на светлината во текот на 1 секунда, 1 ден, 1 година, па и милиони и билиони светлосни години.

Една светлосна година како единица мерка за растојание го означува растојанието што ќе го помине светлината за време од една земјина година. На пример, за да одлетаме до центарот на нашата галаксија со брзина на светлината би ни биле потребни речиси 28 000 години. А брзината на најбрзите современи космички апарати («Пионер‑10», «Пионер‑11», «Војаџер‑1», «Војаџер‑2») е за 18 000 пати помала!

Ова прекрасно видео, меѓу другите впечатоци,  неизбежно ја наметнува и мислата; колку човекот е мал, па дури и неважен во надумно големите космички простори.

Во обидот да го осмисли местото на човекот во светот, натуралистичката филозофија го смета човекот за дел од природата, а го нарекува и „микрокосмос во макрокосмосот“ (мал космос во големиот космос).

Св. Григориј од Ниса стапува во полемика со елините по тоа прашање: „Елините велеа дека човекот е мал космос (микрокосмос), составен од истите елементи од кои се состои и сè друго. Но, фалејќи ја човековата природа со тоа звучно име, тие не забележуваат дека го почестуваат човекот со својствата на комарецот и глушецот.“

Христијанството изврши пресврт во тој натуралистички светоглед и возвестува дека „човекот е макрокосмос во микрокосмосот“ (св. Григориј Богослов).

Слично вели и св. Григориј Палама: „Човекот – тој голем свет во малиот (свет), е центар на сè што постои, возглавување на Божјите созданија.“

Човекот е – макрокосмос затоа што, собирајќи го во себе космосот, тој содржи и нешто што целиот космос во себе не може да го смести: образот Божји. „Погледни какви се небото, земјата, сонцето и месечината: и во нив не посакал да се успокои Господ, туку само во човекот. Затоа човекот е поскапоцен од целото создание, дури ќе се осмелам да речам, не само од видливото, туку и од невидливите духови“ (преподобен Макариј Египетски).

Нововековната ориентација насочена кон незаситно освојување на космосот и на материјата „довела до раздор меѓу човековото битие и неговото дејствување: Површините на надворешниот свет како да ја проголтале длабочината на човековото битие. Но, штом човековото битие ќе ја изгуби својата длабочина на сметка на зголемувањето на површината, светот му станува тесен. Тоа е сосема природно. Човекот по своја природа е подлабок и поширок од космосот во кој престојува и оттаму неговиот глад за длабочина и за широчина не може да се насити со длабочините и со широчините на оваа материјална реалност.“ (Исихазмот како освојување на внатрешни простори).

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s