Од крајот на минатата седмица низ интернет циркулира информација за необичен настан кој се случувал во атонскиот скит Света Ана. Имено, кандилото спроти Царските двери на олтарот на соборниот храм на скитот постојано се нишало со крстовидно движење триесет часови.
Уредниците на сајтот agionoros.ru се јавиле во скитот за да ја проверат оваа информација, при што таа била потврдена. Истовремено, монасите не го потврдиле преданието (со кое најчесто беше проследен описот на настанот) дека, ако кандилото започне да се ниша само од себе во празнични денови – тоа предвестува некакви радосни настани, а ако тоа се случи во другите денови – некакви искушенија. Меѓу другото, тие рекле: „Само Господ знае што ќе се случува. Не треба да се прават претпоставки и да се паѓа во очајание, туку да се молиме.“