Дали свети Николај го удрил Ариј?

Кога се раскажува за св. Николај Чудотворец, често се спомнува како тој пројавил огнена ревност за верата, така што му удрил шлаканица на еретикот Ариј. Но, постојат ли сериозни основи за тоа, благо речено, необично тврдење? Можеме ли да најдеме некакви укажувања за тој случај во светоотечкото или богослужбеното предание?

Во „Пофалното слово“ од преп. Андреј Критски во чест на св. Николај се наведува вакво сведоштво за обраќање во правата вера на некој епископ кој паднал во ерес: „Кого нема да порази твојата великодушност? Кој нема да се восхити од твојот тивок и кроток нарав или од твојот мирољубив и смирен дух? Некогаш ти, како што раскажувааат, надгледувајќи ги лозите на Христовото лозје и, сретнувајќи го човекот на блажен спомен Теогниј (кој тогаш бил маркионитски епископ), со зборови од Писмото си го изобличувал за заблудата додека не си го обратил од лагата во  вистината. Но, бидејќи во него се криела раздразливост од тоа изобличување, ти, кога си го забележал тоа, со висок глас си му го кажал овој апостолски совет: да не зајде сонцето во нашиот гнев (Еф. 4, 26). Брате мој! Да се помириме.“

Ова сведоштво е сосема соодветно на карактеристиката што му се придава во тропарот на св. Николај: „правило на верата и образец на кроткоста.“

Во првото Житие на св. Николај што дошло до нас во редакција на преп. Симеон Метафраст (Х век) по повод неговото учество во работата на првиот никејски собор, може да се прочита следното:

„Кога Константин, првиот благочестив император, управува со државата на Ромеите, и неговиот голем архиереј го поучува народот на православните догмати, во корен сечејќи сѐ што е непријателско и несогласно со нив, во Никеја се собира целиот православен клир, за да ги утврди основите на благочестивата вер, да ја осуди богохулната ерес на Ариј и да го востанови мирот во целата Црква. Тој (клирот) установува да се смета Синот за рамночестен и едносуштен на Отецот.

Св. Николај исто така бил на тој свет собор и решително востанал против ереста на Ариј. Откако ја побил (ереста) и го определил за сите неколебливиот канон на православната вера, тој заминува од  Никеја и се враќа кај својата паства, водејќи ги сите на патот кон добродетелта и поучувајќи уште поревностно на поранешното.“

Ништо повеќе за учеството на светителот на соборот во таа верзија не се кажува.

Во богослужбените текстови, на пример, во Сеноќното бдение на 6/19 декември може да се најдат повеќе укажувања на тоа, дека св. Николај одиграл важна улога во изработката на вероучителните решенија на Никејскиот Собор. На пример, во стихирата од Великата вечерна, светителот се нарекува „победител на Ариј и неговите помошници“, „лопата, што како плевел го развеала учењето на Ариј“, а во канонот на Утрената се говори: „ Оком ума провидя будущее, учениями правыми ты насытил всех: объявив нам Сына Отцу Единосущным, ты безумие Ария истребил (си го уништил безумството на Ариј), предложив как веры православной столп священные твои деяния“ (песна 6).

Во древната Служба на св. Николај (која потекнува од Х–ΧΙ век, а првпат ја објавува pravoslavie.ru на 22.05.2013 г.) се вели: Учений твоих гласом поражен был в сердце Арий (Со гласот на твоите учења Ариј беше поразен во срцето).

Во  Акатистот на св. Николај Чудотворец читаме: „равна бо Отцу Сына исповедал еси, соприсносущна и сопрестольна, Ария же безумнаго обличил еси“ (си го изобличил безумниот Ариј), или „радуйся, Ария возбесившагося от собора святых отгнавый (Радувај се ти, кој побеснетиот Ариј од соборот на светите си го изгонил).“ Но, од тоа не може да се направи никаков заклучок за физички напад против Ариј!

Сепак, подоцна, наспроти светоотечкото и богослужбеното предание за светителот Николај, во неговото житие се појавуваат неумесни карактерни црти, кои се пренесуваат од книга во книга и се прераскажуваат од проповед во проповед. Тоа, секако е, познатата анегдота за наводната шлаканица од светителот на Ариј. Веднаш да кажеме дека, ако св. Николај навистина го удрил Ариј по образ, немал шанса за рехабилитација, зашто 27 Апостолско правило, кое, несомнено, важело и пред Никејскиот Собор, гласи: „Заповедаме, епископ, или презвитер, или ѓакон, кој ги бие верните кои згрешиле или неверните заради навреда, и со тоа сака да заплашува, да биде расчинет. Зашто Господ никако не нѐ учеше на тоа; напротив, кога тој беше удиран, не враќаше со удирање….“ Треба да се обрати внимание на категоричноста на барање за казна: „заповедаме… да биде расчинет.“

Извештајот за наводната шлаканица од св. Николај се појавил релативно доцна и најверојтно како резултат на следното недоразбирање. Околу времето на падот на Константинопол (1453 г.) како во житијната, така и во химнолошката писменост се појавува тенденција да се истакнува борбата на св. Николај со Ариј на Никејскиот Собор со поостри изрази, отколку порано. Така, на пример, во една од доцните редакции на житието на св. Николај (XV век) составувачот, користејќи ги податоците од Метафраст и тнр. „Синаксарно житие“, ја додава од себе следната фраза: „И, ниспровергнув () хульника – Ария, снова руководит своей паствой.“ (И откако го отфрлил [го побил, го изобличил] богохулникот Ариј, повторно раководи со својата паства.)

Според истражувањето на протоереј Ливериј Воронов, „Светителот Николај — ревнител и заштитник на православието“ таа анегдота се појавува дури во XVI век, благодарение на ипоѓаконот Дамаскин од Солун, а потоа влегува во словенската редакција на житието на св. Димитриј Ростовски. Во неговата статија, протоерејот Ливериј вака го реконструира „инцидентот“:

Св. Николај изрекол вистинити, но тешки и остри зборови против Ариј. Тогаш следбениците на Ариј, вклучително и епископот Евсевиј Никомидиски, кој бил близок со императорот Константин, го обвиниле св. Николај пред императорот, за „говор на омраза.“ Тие се жалеле дека таквата „навреда“ кон Ариј, истовремено е навреда кон сите епископи – истомисленици со Ариј (кој сѐ уште не бил осуден), а таквата постапка, согласно тогашните црковни закони, морало да биде казнета со расчинување (55 Апостолско правило). Уште повеќе, тие му сугерирале на  императорот, дека јавната навреда што им била нанесена како на полноправни членови на Соборот, е навреда на честа на Соборот и на самиот император како почесен претседател на Собор. Упорноста на тие жалби резултирала со тоа, што отците на Соборот решиле кон св. Николај да применат многу строги мерки. Било предложено тој неодложно да биде суспендиран, додека посебно да биде разгледуван неговиот случај. На св. Николај му биле одземени знаците на архиерејското достоинство и правото да се смета за учесник на Соборот. Потоа тој бил затворен и во затвор останал до крајот на Соборот.

Кога аријанската ерес била осудена и анатемисана, отците на Соборот решиле да го разгледаат случајот на св. Николај. Но, веднаш се дознало дека некои отци на Соборот имале видение на Спасителот и Пресвета Богородица како му предаваат на затвореникот Евангелие и омофор. Така, св. Николај бил ослободен и рехабилитиран во претходниот чин и достоинство.

Според материјали од:

One thought on “Дали свети Николај го удрил Ариј?

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s