Наслов на оригиналот: Паломничество в Вечный город: Константин и Елена.
Жанр: Документарен филм. Земја: Русија, 2005 г. Режија: Владимир Хотиненко. Водител: Никита Михалков.
Со вградени македонски титлови.
Филмoт раскажува за императорот Константин – првиот римски император кој ја поддржал христијанската религија на државно ниво и за неговата мајка Елена, која од Светата Земја во Рим ги пренела христијанските светињи, меѓу кои и главната светиња – животворечкиот Крст Господов… Гледачот, заедно со актерот и режисер Никита Михалков, ќе помине низ улиците на Рим и ќе слушне – колку историско, толку и вдахновено – раскажување за Константин и Елена, кои го измениле текот на историјата и подоцна се удостоиле Црквата да ги брои во чинот на светите и рамноапостолните (т.е. рамни на Христовите апостоли).
Миланскиот едикт е законски акт со кој била прогласена верска рамноправност во Римската империја, а го потпишале царевите Константин Велики (владетел на западниот дел на империјата) и Лициниј (владетел на источниот дел на империјата) во Медиолан (денешно Милано), во 313. година. Оваа година се обележуваат 17 векови од Миланскиот едикт.