Сестра Васа (Ларина) е монахиња од Руската Задгранична Црква, доктор по богословие, професор на Виенскиот Универзитет.
Пред две недели таа започна со објавување на 10-минутни видео емисии на yutube канал насловен Coffee with Sr. Vassa. Во емисиите, сестра Васа на особен начин ги раскажува житијата на светите. Таа го презема ризикот од вметнување суптилен хумор во нејзините настапи, воопшто не запоставувајќи ја историско-теолошката содржина на житијата. Стилот што го избрала во овој проект за многумина ќе биде поучен, а истовремено и многу интересен, додека на некои ќе им недостасува строгата сериозност на која навикнале при третирањето на вакви теми.
Бидејќи ми се допаднаа овие обработки на житијата на светите, промотивно изработив македонски титлови за едно од досегашните три изданија на Coffee with Sr. Vassa. Овие емисии се најавени за седмично објавување. Придружени се со превод, па ако некој не разбира англиски или руски, опционално има и титлови на шпански.