Отец Јоаким (Парр): Најдобрата проповед

o.j.parrЌе ви раскажам еден настан. Еднаш, пред многу годиним, во 11 часот навечер, ми се јави мојот епархиски архиереј. Тој рече: „Баќушка, се надевам дека не ве разбудив?“ Секако, дека ме разбуди. Тој продолжи: „Ми се јавија од болница. Неопходно е веднаш да отидете таму и да причестите човек кој е на умирање.“ Се подготвив, отидов во метрото и тргнав во Бронкс, кој се наоѓа на 20 километри од нашиот манастир. Стигнав во болницата, го причестив со Светите Дарови болниот човек и кога повторно слегов во метрото, веќе беше 1 часот по полноќ. Долго го чекав возот а, кога пристигна, во вагонот немаше никој. Бронкс е многу сирмашен и многу опасен реон. По само неколку станици во возот влезе некој човек, застана на другиот крај на вагонот и почна да љубопитно да ме гледа. Изгледаше многу опасен и кога вратата се затвори, а возот тргна, тој зачекори кон мене. Првата мисла ми беше: „Еве, дојде мојот час.“ Човекот дојде, застана до мене и рече: Кој си ти? Зошто си вака облечен? Одоговорив дека сум свештеник. – Каков свештеник? – Православен.

Носев една торба, во која имаше епитрахил, Требник и сè што е потребно за служба. Здогледувајќи ја торбата, човекот ме праша:

— А во торбата, што носиш? Му велам:

— Исто што и ти во главата.

— Односно?

— Ништо.

Тој почна да се смее и вели:

— Значи, не се плашиш од мене?

— Не — одговорив — не се плашам. Тој седна и почна да зборува:

—  Знаеш, некогаш бев католик, но во сите тие работи веќе не верувам.

Го прашав: — Во кои работи? Тој вели:

— Еден свештеник ни раскажуваше дека можел да претвори леб и вино во Тело и Крв. Ти зарем веруваш во тоа?

— Секако, верувам — одговорив.

— Тогаш — вели тој — твоите парохјани не веруваат.

— Секако, веруваат!

Тој ме погледна и рече:

— А, никогаш ли не си одат дома?

Не го разбрав тоа прашање:

— Како? Секако, си одат дома!

Кога го слушна тоа, тој одмавна со рака, ме погледна со подбив и убедено рече:

— Не, тие не веруваат. Јас, ако верував дека Исус Христос лично бил на тој олтар, во таа црква, јас никогаш немаше да си одам дома. Зошто да заминувам некаде? Ниту тие веруваат, ниту ти веруваш, оче.

Тоа беше една од најдобрите проповеди што некогаш сум ги слушнал. И јас сега ви велам  (Отец Јокам говори пред монашко сестринство.): Вие не верувате дека Христос е овде. Вие не верувате дека тој е во вас и вие не верувате дека тој е во вашата сестра (вашиот ближен) –  инаку не би се однесувале така, како што се однесувате сега.  Така што вие, а не некои луѓе од улица, се одрекувате од Христа. Со својот живот вие еден на друг и на сите луѓе им велите: Тој не постои. А, тој рече: „Оној што ќе се одрече од мене пред луѓето, и јас ќе се одречам од него пред мојот небесен Отец.“ т 10, 33). Не гори ли кај нас земјата под нозете? Кога ќе се измениме? Што чекате, молња од небото?… Еднаш кога ја кажав оваа фраза на проповед, одеднаш  молња навистина удри во црквата – и до сега, никој од оние што беа внатре, не го заборавил тоа што тогаш го говорев. Жално е што не можам тоа некогаш да го повторам…

Беседа на схиархимандрит Јоаким (Парр), игумен на манастирот „Семилостивиот Спасител“ во Тредвел, снимена во Воскресенскиот Новодјевичиј манастир во Санкт-Петербург,  2013. Видеото е со симултан превод од англиски на руски.

Во 1:12 мин. од видеото отец Јоаким раскажува за неговата навистина чудесна средба со св. Јован Шангајски. Отец Јоаким кога бил дете се возел во автомобил со татко му. Покрај патот здогледале свештеник и татко му рекол: Ајде да го качиме овој мал свештеник. Застанале и св. Јован седнал на предното седиште. Тој малку знаел англиски, па со таткото на о. Јоаким разговарале на француски. Во еден момент се свртел кон детето и го прашал: Православен ли си? -Не. (Отец Јоаким потекнува од католичко семејство.) На тоа, св. Јован рекол само: „Ќе бидеш.“ И продолжил да разговара со татко му. Отец Јоаким вели: „Тогаш помислив: Луд старец. А сега, еве ме…“

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s