Гласајте, видете го образложението во продложение на прилогот и коментирајте во образецот под текстот:
Не е спорно дека свештеникот може сам да ги врши речиси сите богослужби но, поинаку стојат работите со Светата Литургија. Зборот Литургија е грчки збор што во превод значи: заедничка служба, општо дело. Во служењето Литургија, верниците не се гледачи, народот не е публика, туку е неизоставен учесник во молитвите. Затоа, според православните правила, свештеникот нема право да служи Литургија сам. Ако во храмот нема никој од народот, барем еден присутен, некој што би одговорил на ектениите, кој би кажал: амин, во тој случај свештеникот нема право да служи Литургија. Свештеникот не ја служи Литургијата самиот од себе, туку од лицето на народот, тој е ополномоштен од народот, од црковната заедница. Без народот пак, неговиот мандат е неважечки, недејствителен. Ова е една од најважните разлики меѓу православното и римокатоличкото разбирање на Црквата. Според римокатоличкото сфаќање, свештеникот е нешто како акумулатор на благодат. Тој е неколку степени посвет и поблагодатен од останатите христијани. А според изворното, православно разбирање, свештеникот се разликува од другите христијани, не по тоа што би бил поблагодатен и посвет, туку по тоа што тој во Црквата како во целосен организам е ополномоштен за вршење на посебна служба. Затоа, свештенството е функционална реалност. Свештеникот остварува евхаристиско (благодарствено) служење за собирање на Црквата, зашто во Евхаристијата (Литургијата) се собира Црквата. Во литургиската молитва за претворање на Светите Дарови свештеникот прво се моли; Светиот Дух да слезе на нас (да нѐ изгради и надгради како Црква) и потоа, на светите Дарови и да ги претвори во Тело и Крв Христови. Тоа чудо го извршува Господ. Ако пак нема на кого да го изврши чудото (ако свештеникот е сам, без никој друг од народот), тогаш неговото служење не може да биде остварено.
Според: azbyka.ru
Само еден да врати амин е доволно.Се сеќавам одмна имам слушано за свети јустин поповиќ кога служел литургија сам и со пеачот и држел проповед а немало никој друг освен тој и чтецот.И по службата чтецот му пристапува и вели ама немаше никој на кого му проповедавте?!..па англите беа тука синко,му одговара светителот.