Мугра на благодатта

rb

„Нека биде единствено, заедничко празнување на небото и на земјата. Нека празнува сè земско и неземско. Сега за Творецот на сè се изгради храм; и  созданието се подготвува да стане ново, божествено живеалиште за Творецот.“ (Св Андреј Критски)

Рождеството на Пресвета Богородица се празнувало на исток од почетокот на VI в., а во Западната Црква било прифатено во VII в. и до сега се слави на 8 септември.

Историски малку знаеме за раѓањето на Богородица. Според Преданието, нејзини родители се Ана и Јоаким, како што се споменува во апокрифното Евангелие од св. Јаков, а истите ги спомнуваат и св. Григориј Богослов, св. Јован Дамаскин и други. Сите се согласни дека раѓањето на Богородица се случи по огнените молитви на остарените св. Јоаким и на св. Ана. Јоаким беше од царскиот род на Давид, а Ана потекнуваше од свештеничкиот род на Аарон; така што Христос Вечниот Цар и Првосвештеник произлезе од царски и свештенички род.

Раѓањето на Дева Марија често се разбира како обединување на Стариот Завет, што е надминување (dispensation) на Законот, со Новиот Завет кој е исполнување на Законот во Христа. Како што пишува св. Андреј Критски:

„”Целта на Законот е Христос” (Рим. 10, 4), кој ослободувајќи нè од буквата, нè води кон духот. Овде е крајот (на Законот): бидејќи Законодавачот, откако изврши сè, ги измени буквите со духот и “сè возглави во Себе” (Еф. 1, 10), со благодатта оживувајќи го Законот: благодатта го постави Законот под свое владеење, а Законот се потчини на благодатта, така што својствата на законот и благодатта не претрпеа взаемно смешување, а само она што беше тешко, ропско и слугинско (во законот) со Божествената сила се смени со лесно и слободно (во благодатта), “за ние – вели апостолот – да не бидеме пороробени од стихиите на светот” (Гал. 4, 3) и да не бидеме под ропскиот јарем на буквата на законот.“

Тоа е резиме на придобивките кои Христос ги стекна за на нас. Во Христос тајната се разоткри, природата се обнови – стана божествена и човечка, и Бог го овозможи обожувањето (deification) на нашата човечка природа. Но, толку светлосната, толку славната посета на Бог меѓу смртните бараше некаква најава на радоста, за да биде воведен кај нас големиот дар на спасението. Денешниот празник, во чест на раѓањето на Богородица, е таа најава, а крајниот акт е предназначеното единство меѓу Словото и човечката природа. Денес Дева се раѓа, се храни и негува, се подготвува да стане Богоносителка. Добро е да се слави таинството (the mystery) на овој ден, зашто, ако славиме, ќе имаме двојна придобивка: ќе бидеме водени кон вистината и ќе бидеме изведени од животот во ропство на буквата на Законот. Како е можно тоа? – На истиот начин, како што сенката отстапува пред доаѓањето на светлината, а благодатта ја воведува слободата наместо буквата на Законот. Денешниот празник стои на границата меѓу тие две надминувања (dispensations): нè присоединува со Вистината која ги заменува сенките и облиците и нè воведува во новото, кое настапува наместо старото.

Како што Христос е Нов Адам, така Марија е Нова Ева. Преку нејзиниот пород се измени природата што сме ја наследиле од нашите прародители. За неа не важи осудата што беше изречена за Ева: “со болки ќе раѓаш деца”; Марија го роди Господа во радост.

„Ева тагуваше, а Марија ликуваше; Ева носеше плач во својата утроба, а Марија носеше радост. Ева роди грешник, а Марија ја роди невиноста. Мајката на нашиот род донесе казна во светот, но Мајката на нашиот Господ го донесе спасението на светот. Ева беше извор на грев, Марија – извор на заслуги. Ева, убивајќи беше пречка, Марија, давајќи живот – беше помош. Ева – нанесе повреда, Марија – исцели. Послушанието го замени непослушанието; верата настапи наместо неверието.“ (блажени Августин)

Таа што е предназначена да го носи воплотениот Божји Син беше вдахновение на христијаните со нејзиното предавање на Божјата волја. Откако Марија ги искажала тие безсмртни зборови: “нека ми биде според твојот збор,” таа молитва безброј пати е упатена кон Бога од верните христијани, кои, како и Марија, единствено сакаа да ја творат Божјата волја. Таа е пример за сите нас, на нашето поклоничко патување кон Царството Небесно.

Превод од: The Dawn of grace, father Gregory Hallam

Слично на Свиток: Рождество на Богородица

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s