Да се биде или да се има?

На вчерашната Света Литургија читав евангелски извадок кој завршува со зборовите: „Нема тајно, што не ќе стане јавно, ниту, пак, сокриено, што не ќе се разбере и излезе на видело. Па, пазете како слушате; зашто, кој има, ќе му се даде; а кој нема, ќе му се одземе и она, што мисли дека го има“ (Лк. 8:17-18)

Овие чудни зборови од Господ Исус Христос го засегаат познатото прашање: Да се има или да се биде? Значи, што може човек навистина да има и што значи; да мисли дека има нешто, а всушност – нема и како тоа ќе му биде одземено?

Човекот е создаден според образот Божји и е подобие на Бога. Идентитот на човекот е богообразен, а неговиот развој богоподобен. Тоа е човекот од библиски аспект. Тоа е неговата перспектива што му овозможува благобитие и вечнобитие. На образот Божји му е сродно само доброто и затоа само доброто и добродетелите можат да го проникнуваат човекот и да го збогатуваат со Божјата благодат.

„Човек сум и сѐ што е човечко не ми е туѓо.“ (Теренциј) Оваа изреката може да означува сочувствување со радостите и сострадување со несреќите на другите луѓе или пак, да биде цитирана како оправдување дека и нам не ни се туѓи човечките слабости и заблуди.

Надвор од библискиот контекст за богообразноста на човекот, под „сѐ што е човечко“ може да се подразбира сѐ што човек ќе посака, па и бесрамното, сѐ до нечовечкото. Тие зборови би можел да ги каже и самиот ѓавол, со оглед на тоа дека и тој има посебен афинитет кон човекот. Токму така ја парафразира изреката Достоевски: „Сатана сум и ништо човечко не ми е туѓо“ (Браќа Карамазови).

Злото и лошото во човекот како несвојствени, несродни, нечовечки, не може „да се имаат.“ Злото може само да паразитира на човекот и да го обезличува ликот, образот Божји во човекот. Лошо дело не може „да имаш“, но зло дело може да правиш и конечно, злото тебе ќе те има.

Вистински добро е она што нема да изгори во огнот на последниот ден. Сечие дело ќе излезе на видело, односно топлината на Божјата љубов ќе ја верифицира вистинската вредност на нашите остварувања. (1.Кор 3:13)

Вистинското добро во човекот е невидливо за самиот човек. Затоа е кажано: „Блажени се бедните по дух, зашто е нивно Царството Небесно.“ Ако го гледаме доброто во нас, под дејството на нашиот восхит од себе, тоа се расипува и гние. Така остануваме без доброто, без вредност во нас, но сепак, мислиме дека имаме. Всушност, колку повеќе човек е празен, толку е поисполнет со себе, толку е посуетен. Суета на црковнословенски значи: празнотија, сето она што нема вистинска вредност.

Еден светогорски старец вели дека сето она што го добиваме во животот, а не го прифаќаме како дар од Бога, е како собирање во ќесе кое еден ден ќе се скине. Само она што го стекнуваме со молитва и со благодарност кон Бога е сигурно и осигурено во ризницата на вечните вредности.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s