Недела на слепиот. Беседа: Светлина на светот.

sunday-of-the-blindmanВо денешното евангелие за Христовото дарување вид на човекот што бил роден слеп, нашиот Господ за себе вели: Јас сум светлината на светот (Јн.9:5).“

Чудото за кое слушавме денес не е само чудо на исцелување, тоа е и чудо на создавање. Човекот бил роден слеп, а црковното предание вели дека воопшто немал очи. Христос како творечки Логос му дава нешто за него сосема непознато – му дава светлина. Така, слепиот човек добил ново сетило, нешто што дотогаш немал.

Освен за телесниот вид, ова Евангелие истовремено е и за духовниот вид, за духовното слепило што го предизвикува гревот и за прогледувањето што се случува кога се очистуваме од грев.

Нашиот Господ со големото чудо извршено за еден човек, нѐ поучува за нешто спасително и сите нас. Тој е светлината и за да го видиме него и за да гледаме сè друго во неговата светлина, ние мора да се очистуваме од гревот. За тоа тој ни говори и во едно од блаженствата: „Блажени се чистите по срце, зашто тие Бога ќе го гледаат“ (Мт.5:8).

Оној што е уверен дека му е доволен само телесниот вид, тој останува слеп. За оној што признава дека е слеп, се отвора можност да ја добие Светлината што ја расејува темнината. Така, Христос кој е Светлина на светот, станува наша светлина и ни го отвора духовниот вид.

Еден пример од животот ќе го појасни ова.

Двајца дрвосечачи оделе низ шума, двајца со многу различни гледишта. Едниот не ги гледал дрвјата, пред себе гледал само шума. Гледајќи ја шумата, видел цела дрвна индустрија, хартија, мебел и други корисни изработки. Откако го видел сето тоа, ги видел и парите што може да ги добие и  сѐ што може да си дозволи со парите: викендица во шумата каде би одел одмор со семејството. Освен тоа, видел и дека шумата е исечена и со тоа бил уништен разновидниот живот, здравјето и мирот што Господ го дава преку зеленилото. Овој човек бил навистина слеп.

Другиот човек исто така, бил дрвосечач, но одејќи низ шумата тој гледал поинаку. Ги гледал прво дрвјата и среќата што му ја причинуваат нему и на другите видови на живот. Тој ги видел нив како бели дробови на животот, кои атмосферата ја снабдуваат со кислород. Крошните на дрвјата ги видел како вистински населби на животни, инсекти, птици. Ја видел убавината на пролетното зеленило, на летната плодотворност, на есенската слава и на зиимскиот сон. Тој го славел Бога – Творецот на сето тоа. Тој гледал вистински. Тој бил просветен. И тој имал планови за шумата, да ја користи домаќински, да има и за себе заработка, но и да не го загрози опстанокот на шумата. Тој кон шумата пристапил како кон Божји дар, не како кон наследство што ќе го разграби за стекнување лична моќ.

Евангелското чудо може да се примени на нашиот поглед кон светот, кон природата, како во претходниот пример, а исто така и на меѓучовечките односи. Тоа нѐ поучува дека можеме да гледаме јасно, да го гледаме Бога, светот и еден со друг, само откако ќе ја признаеме нашата слепотија и ќе бараме Бог да нѐ просвети со неговата светлина.

А никогаш не е лесно да признаеме дека при очи сме слепи. Тоа ја задева нашата гордост, ја разнишува нашата доверба во сопствената моќ, ја поткопува нашата илузија дека и без Бога сме способни, а сето она што е безбожно во нас го покажува како темнина.

Она што нѐ заслепува, браќа и сестри, е похотта, алчноста, страста. Нема реално согледување ниту на светот, ниту на ближниот, онаму каде што пред видот се спуштила завеса исткаена од страсти. Страста го гледа светот и ближниот онака како што може незаситно да се користи за себе. Љубовта го гледа светот и ближниот како Божји подарок кој треба да се цени, да се помага, а да не се злоупотребува. Лажни се тенденциите да се гледа објективно, во смисла на неутрално и вистинито согледување. На светот и ближниот ќе гледаме или со благодарност (евхаристиски) или како шанса за безобѕирно искористување.

Вие кои бевте на велигденската богуслужба знаете дека таа започнува со зборовите: Пријдете, примете светлина од невечерната светлина и прославете го Христа кој воскресна од мртвите. Таа светлина да ја бараме, таа светлина треба да гори во нашите срца, и тогаш Христовата светлина ќе нѐ просветува и нас, а преку нас вечната светлина ќе засвети и во светот: „Вие сте светлината на светот.“ Тоа го вели Исус Христос на неговите следбеници. Ние имаме свет дел во пренесувањето на Божјата светлина во светот, но само ако пред тоа самите сме ја примиле невечерната светлина во нашите срца. Амин

Fr. Gregory Hallam: Light of the World

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s