Трансгендeрно растројство & Навистина лоша психиjатријa

Transgender Disorder & Really Bad Psychiatry
Автор: Борис Вател, M.D., психијатар од Евансвил, Индијана.

39cook.jpg

Медицината, воглавно, може да се определи како вештина на лекување, која има за цел да ги олесни страдањата предизвикани од болест. Бидејќи не се сите страдања предизвикани од болест и некои болести можат да предизвикаат малку забележливо страдање, важно е лекарите, како практикувачи на медицината, да можат да разликуваат медицинска патологија од нормални состојби.

Традиционално, признаците и симптомите на болестите можат да бидат установени преку физички преглед или, просто, преку она што лекарот може да го набљудува, слушне или почувствува кај пациентот. Иако техничкиот напредок во медицината довел до практиката на користење различни софистицирани дијагностички испитувања, лекарите продолжуваат да поставуваат дијагнози, кои се основаат пред сѐ, на минатото (history) и на директното набљудување на пациентот.

Во ниедна друга област на медицината овој принцип не е повистинит, отколку во психијатријата – гранка на медицината, која се занимава со лечење на болести кои се пројавуваат во пореметувања од емоционален, когнитивен (спознавачки) тип или пореметувања во однесувањето. Тоа е така, зашто за разлика од другите медицински специјалности, чии фокус на ипитување може да биде орган што е податлив за непосредно набљудување или испитување, објектот на психијатриското испитување е внатрешното искуство на пациентот, нешто што не подлежи на непосредно набљудување. Психијатрите не можат да читаат мисли, но тие слушаат што кажуваат пациентите за своите мисли и чувства и го набљудуваат однесувањето и емоциите на пациентите.

Не помалку од другите специјалности, психијатријата, исто така, се потпира на систем од знаења, за да го раздвои нормалното внатрешно искуство од ненормалното. За да се реши некој проблем, треба да се знае како изгледаат нештата кога проблемот е решен, т.е. какви се тие во нормални околности. Хирургот ортопед, кој гледа отворена скршеница на нога, има претстава како изгледа нормална, здрава нога. На истиот начин, психијатарот, кој испитува параноичен пациент, треба да знае, како мислењето на неговиот пациент се разликува од нормалното мислење. Со други зборови, за практиката на психијатријата е важно општоприфатеното поимање, што е тоа нормална емоција, мисла и однесување.

Напуштена логика

Психозата е термин кој означува душевна состојба што предизвикува пациентот да доживува нарушено чувство за реалноста. Психотичните пациенти гледаат, слушаат или на друг начин ја доживуваат реалноста поинаку од тоа каква што е. На пример, халуцинација е доживување на нешто што всушност не постои. Друга, честа пројава на психоза е заблудата, која што се дефинира како „неверодостојно верување или погрешна проценка, придружена со убеденост, наспроти непобитните докази за спротивното.“[1]

Ако речеме дека некој е во заблуда, треба да имаме основа, зошто велиме дека верувањето на тој човек не соодветствува на реалноста. На пример, имаме пациент, кој што верува, дека е директор на болницата во која што се лекува. Знам дека тој пациент е во заблуда, зашто лично го познавам директорот. Исто така, не соодветно со функцијата, директорот да биде пациент во објектот со кој раководи. Друг пациент во болницата смета дека во главата има компјутер, управуван од FBI, кој што може да ги запре неговите мисли. Знам дека тој е во заблуда, зашто предметот за кој пациентот верува дека е во неговата глава, едноставно не е таму.

Има и други примери во психијатријата, во кои што определени верувања на луѓето за себе се сметаат за патолошки. Луѓето што тврдат дека имаат повеќе од една личност, се лекуват од дисоцијативно растројство (порано нарекувано многукратна личност (multiple personality)). Пациенти со недоволна тежина кои што сметаат дека се дебели, имаат дијагноза на дисморф(об)ично пореметување. На истиот начин, бел човек што тврди дека е црн или обратно, од ненамерни  причини, секако, ќе се смета дека е во заблуда.

Наспроти тоа, современата психијатрија ја игнорира логиката врз основа на која верувањето на човекот за себе се нарекува заблуда, кога се работи за луѓе што тврдат дека имаат различен полов идентитет од оној што нивната анатомијата неспорно го покажува. Според изјавата на Американската психијатриска асоциација (APA), организација што се смета за „глас и совест на современата психијатрија“: „да се биде трансгендер или варијанта на гендер не претпоставува никаква повреда на проценката.“[2] Според логиката на APA, пациент во психијатриска институција, кој што смета дека е директор на болницата, се однесува (ако е во состојба) како директор и сака да биде третиран како таков (како да е директор) ­- има дијагноза шизофренија, но маж што верува дека е жена, започнува да се шминка и да се облекува како жена и се консултира со хирург за да се кастрира, се смета за нормален.

Искривена реалност

Комисијата за човекови права на Њу Јорк тврди, дека половиот (gender) идентитет е „нечие длабоко внатрешното чувствување на полот, што може да е исто или различно од полот што му е назначен при раѓањето.“[3] Оваа изјава намерно се изразува со јазик со кој би ја изопачил реалноста. Освен во ретки медицински состојби кои резултираат со нееднозначни гениталии, ничиј пол не е „назначен (assigned)“ при раѓањето повеќе, отколку што при раѓањето е назначен фактот на припаѓање на човечкиот вид.

Поважно е дека ова тврдење погрешно претпоставува, дека верувањата на човек за себе се полегитимни, отколку физичките факти што се спротивни на тие убедувања. Според расудувањето на Комисијата, можеме ли да објавиме алтернативен „идентитет на возраста“ со кој би биле легитимно различни од вистинската возраст? Што би било со „расен идентитет“ или дури „идентитет на видот“? Ако некој ја прифати како законска логиката, според која мажите можат да се идентификуваат како жени и да настојуваат да бидат сметани за такви од другите, нема причина да се отфрли како невалиден (invalid) каков било и да е друг специфичен идентитет, кој што нема основа во реалноста.

За жал, Американската психијатриска асоциjација, како „глас и совест“ на медицината, која е во позиција да укаже на лажниот карактер на тие убедувања, наместо тоа избрала да ја поддржи трансгендер агендата и на тој начин да ѝ даде медицинска легитимност. Дали „трансгендерниот“ или тнр. „небинарен“ идентитет причинува субјективна непријатност – е сосема ирелевантно. Сите искусни психијатри виделе пациенти чии заблуди не им причинуваат забележителна непријатност. Поголемо прашење е; дали човек може да има „длабоко утврдено убедување,“ толку драстично спротивно на реалноста, како што е убедувањето дека полот е различен од анатомијата на човекот и сѐ уште да се смета за нормален?

Недостатокот на дијагностика го означува она што се добива од квантитативните докази за состојбата на лицето, (како; анализа на крвта или недвосмислени визуелни податоци какви што се микроскопските слајдови или слика од магнетна резонанца), полето на психијатријата се засновува на комплекс составен од ментални својства (constructs) за нејзините поими; нормалност и патологија. Сепак, тој збир од ментални својства ја подразбира идејата, дека постои нешто проверливо, објективната реалност. Да се сугерира дека не постои објективна реалност, или дека реалноста е помалку важна од она, што сака некој да биде, целиот концепт на психијатриско пореметување го прави неважечки (invalid). Всушност, единствениот начин да се прифати трансгендерниот феномен како психијатриски нормален е да се каже дека, како мерка за реалноста, физичкиот доказ е подреден на она што човек го верува или го сака за себе. А, според таа логика, немаме основа за никого да сметаме дека е во заблуда (delusional).

Точни & погрешни одговори

Психијатриската болест е определена како таква врз основа на она што причинува страдање и повреда. Читајќи го ставот на АPА за трансгендерниот феномен, се добива впечаток дека единственото страдање и повреда што е доживеано од „полово нескладни (gender nonconforming)“ индивидуи, потекнува од предрасудите и дискриминацијата од страна на оние што не ги одобруваат. Во реалноста – a тоа е секоја друга реалност, освен сегашниот обид да се преформулира овој феномен како прашање на граѓански права – тие луѓе доживуваат голема попреченост (disability), поврзана со неспособноста да функционираат соодветно во општеството, како и другите пациенти чии заблуди влијаат на нивниот изглед и на однесувањето.

Иако реакцијата на општеството на изгледот и однесувањето на луѓето што се сметаат за трансгендер, може навистина да биде негативна, да се рече дека попреченоста (disability) на трансгендер лицата се состои во тоа, дека се подложени на негативна општествена реакција, значи да се замени (confusing) причината со ефектот. Факт е дека попреченоста потекнува од аномалното (abnormal) ментално искуство на „трансгендер“ лицата, а не од тоа, дека се родени во „погрешно“ тело или дека живеат во „погрешно“ општество. Но, според превртената логика на оние што ја поддржуваат ЛГБТ агендата, кога надворешната реалност му противоречи на внатрешното искуство, решението се состои во промена на реалноста, така што таа се приспособува (conforms) на внатрешното искуство. Оттука, застапуваниот пристап за справување со специфичното внатрешно искуство е; да му се даде на човекот нова надворешна реалност со посредство на хируршки изменето тело и да се превоспита (re-educated) општеството.

Идентификувањето на проблемот како надворешен во крајна линија, природно води до решенијата кои се предложени од Њујоршката комисија за човекови права: казни и санкции против лицата и институциите што одбиваат да ја признаат легитимноста на трансгендерноста. Иронично, фактот дека Комисијата ќе ги принудува другите да се сообразуваат со убедувањата на трансгендер лицата, говори само за тоа, колку функционална попреченост доживуваат тие лица во нивното секојдневие, како резултат на нивните убедувања.

Одговорот од организираната медицина и посебно психијатријата, за трансгендер феноменот е интелектуално нечесен и опасен за менталното и физичкото здравје на засегнатите лица. Прифаќањето на трансгендер убдувањата како психијатриски нормални, во многу случаи довело до штетни медицински интервенции, со кои лицата биле подложени на тнр. хируршка корекција на полот (sex-reassignment). Тие операции не можат повторно да го определуваат (reassign) полот; тие можат само да ја нарушат нормалната анатомија и да произведат навистина чудовишни ​​резултати – мутантни човечки суштества со генотип на еден пол и имитација на фенотипот на друг пол.

Самото тоа што човек би сакал такво нешто да си направи на себе, треба да биде доволна основа да се помисли на душевна болест. Тоа што хирург ќе изврши таква процедура, треба да покрене кривична истрага. Факт е, (освен ако не се откажеме од самиот поим за нормалност), дека луѓето што доживуваат таква непријатност (discomfort) со нивната полова анатомија, што ги наведува да си вообразуваат идентитет на некој од спротивниот пол (или без пол) – мора да ги проценуваме како психијатриски аномални (abnormal). Во крајна мерка, психијатриската заедница треба напорно да работи, за да изнајде соодветно лекување на оние со ваква состојба, наместо да поддржува агенда што има за цел да ги принуди сите други да се однесуваат така, како оваа мака (affliction) да е нормална. Лагите, дури и оние што се кажани во служба на толеранцијата и различноста (diversity), никому не служат на чест – ниту на оние што ги изрекуваат, ниту на оние што им веруваат. И кога психијатрите почнуваат да ги потврдуваат заблудите на нивните пациенти, човек почнува да се прашува; дали и едните и другите не се подеднакво болни.

Белешки

[1] Stedman’s Pocket Medical Dictionary (Williams and Wilkins, 1987).

[2] (Трансгендер – од лат. genus – род, gender – збир од карактеристики кои се однесуваат на машкиот или женскиот пол. – Бел. на прев.) APA Position Statement on Discrimination Against Transgender and Gender Variant Individuals.

[3] NYC Commission on Human Rights Legal Enforcement Guidance on the Discrimination on the Basis of Gender Identity or Expression.

One thought on “Трансгендeрно растројство & Навистина лоша психиjатријa

  1. Неверојатно е дека кога баш ќе помисли човек дека паднатото човештво го допрело дното ..се појавува уште подлабоко дупло дно!!…Ова се случува кога ВИСТИНАТА не е репер туку идеологијата.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s