Параболата за неблагодарните лозари

Параболата (т.е споредба) за неблагодарните лозари, Господ Исус Христос ја кажал три денови пред да биде распнат. Целта му била да ги разбуди Јудеите, да ги потсети дека биле богоизбран Народ, избрани за да ги водат сите други народи кон Бога и уште, за  да ги предупреди да не го повторат гревот што го извршиле против пророците, отфрлајќи ги светите пророци, со презир, со биење, со убиство…

Тие, јудејскиот народ, биле лозјето за кое се погрижил и го уредил Бог, Домаќинот на лозјето. Тие, за жал, заборавиле дека треба да принесат плод со благодарност пред Домаќинот и се покажале како лоши лозари. Неблагодарноста ги одвела до таму да посакаат да го присвојат лозјето за себе, да го узурпираат, откако ќе ги изгонат сите слуги што им ги испратил Домаќинот, и конечно откако ќе го убијат и неговиот Син, кој бил последната пречка за да ја остварат својата разбојничка намера.

Предобриот Домаќин им го испратил својот син и покрај нивното сурово однесување, сметајќи дека: „ќе се засрамат од мојот син!“

Колку несфатлива е Божјата љубов, колку големо е неговото трпение! Наместо да ги казни збеснатите лозари, тој повторно и повторно им дава шанса да се освестат, да се покајат, да познаат дека, како што вели св. Апостол Павле: „Бог, Кој во старо време, откако многупати и на многу начини им зборуваше на оците наши преку пророците, во последниве денови ни зборуваше преку Синот, Кого Го постави за наследник над сè, +преку Кого ги создаде и вековите. (Евр 1,1)“

Исус Христос е поголем од најголемите, најправедните слуги или пратеници што дошле пред него.Тие на луѓето им пренесувале пораки од Бога, тој го носи самиот Бог. Тие им кажувале што бара Бог, тој им го покажува самиот Бог. Тој е „Каменот, што го отфрлија ѕидарите, но стана глава на аголот,“ главна референтна точка во историјата на светот и човештвото. На крајот, сите нас ќе не суди нашиот одговор кон Божјиот Син, каков став сме зазеле кон Него, како се однесуваме во нашиот живот и во овој свет.

Ние во секој случај формираме наш одговор кон Исус Христос, дури и кога мислиме дека го игнорираме.

Колку ли голем број луѓе од утро до мрак работат во денот осветлен од сончевата светлина, но не креваат глава и не помислуваат на сонцето! (А, ништо не постои нужно само по себе! Во постоењето на космосот нема ништо нужно. Светот постои, затоа што Бог посакал да го воведе во постоење од ништо.) Колку ли голем број луѓе го минуваат својот век во светлината, силата и помошта Божја, но не се свртуваат кон Бога, не помислуваат на Бога! И Сонцето сѐ уште свети и Бог продолжува да ни помага и да нѐ трпи.

Колку и чудно да звучи, Бог верува во човекот и го воведува во овој живот со голема доверба, го поставува да биде Божји соработник, управител во светот, да го обработува светот, а не беозобирно да го екплоатира, не размислувајќи каков ќе го остави на наредните генерации. Секого од нас Бог го поставил со голема доверба онаму каде што живее, онаму каде што се движи и работи сега и овде, го поставил за трудољубиво да го усовршува она што од Бог го наследил.  Бог ни дава слобода и ние слободата ја користиме благодарно и одговорно или дрско и разбојнички

Како и да е, „кога ќе дојде господарот на лозјето,“ неизбежно ќе дојде и денот да се положат сметките. Да не заборавиме дека сме работници во едно лозје, што не ние, туку Некој друг го насадил и уредил. Да не го присвојуваме само за себе она што ни е позајмено да го обработуваме и умножуваме за општа корист и да му благодариме на Домаќинот, на добриот Творец на сѐ.

Имаме голема одговорност за нашиот живот, за нашите ближни и за овој свет. Нашата задача е: самите себе, еден друг и целиот наш живот (со благодарност) на Христа Бога да го предадеме. Да се принесува животот на Бога, значи сите божји дарови да се живеат, да се споделуват и да се трошат во служба на ближниот. Во спротивно, кога човек не живее како благодарствено, како евхаристиско битие, со гревот на неблагодарноста и неодговорноста:

  • го повредува ближниот
  • на општествен план – ја разградува заедницата
  • и на глобално ниво – причинува светски еколошки катастрофи.

Патем кажано, екологија буквално значи наука за домот, зашто икос на грчки значи: дом, што пак нѐ упатува на денешната парабола за одговорно или неодговорно, домаќинско или недомаќинско однесување; дали размислуваме за Земјата како за заеднички дом, и со што можеме да придонесеме за одржување и подобрување на состојбата на локално и глобално ниво?

Ние денес сме собрани на света Литургија која уште се нарекува и Света Евхаристија. Евхаристија значи благодарање. И на оваа благодарствена служба ја читаме молитвата во која се вели: „Секој добар дар е одозгора што доаѓа, од Отецот…“ Да му благодариме на Бога за неискажливиот дар на животот и за сѐ. Амин.

parabola_lucratorilor_tocmiti_la_vie-600x417.jpg

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s