Книга: Бог на небото и на земјата

Програмата за Православна Вера и Живот, односно тригодишното теолошко школување, што го спроведува Антиохиската Православна Архидиоцеза на Британските Острови и Ирска, е сочинето од стотина лекции на група автори. Сите лекции се  објавени во .pdf на https://www.equip-orthodox.com/ и во аудио формат на https://www.ancientfaith.com/specials/e_quip

Избрани предавања од таа програма Ви предложуваме во зборник, насловен: Бог на небото и земјата.

За подобрувањето на преводите посебен придонес имаат: архимандрит Григориј (Настески), чии забелешки помогнаа за доловување на финесите на теолошката точност на содржините, и м-р Верица Костова, која ја корегираше философската терминологија.

Ова издание е особено почестено со слово од авторот на текстовите, отец Грегори Халам:

Се радувам што Црквата во Македонија, конкретно епархијата Кумановско-осоговска со нејзиниот епископ, Неговото Високопреосвештенство, Mитрополит Јосиф, одлучила да објави материјали од нашиот Антиохиски Православен Богословски Курс на Британските острови и Ирска, насловен: E-подготовка.

Свети апостол Павле пишува во Посланието до Ефесјаните:

„И Он постави едни за апостоли, други за пророци, трети за евангелисти, четврти за пастири и учители, за усовршување на све тиите во делото на служењето, за изградување на Христовото тело, додека сите не стигнеме до единство во верата и познавање на Синот Божји, до состојба на совршен маж, до мера на полната возраст на Христовото совршенство… (4, 11-13)“

Нашиот смирен принос на Црквата (секогаш со намера за поправање и усовршување) е помош во богословското образование на сите нејзини членови, така што целата Црква да биде изградена во Христос и „опремена” за проповедање и живеење на Евангелието во XXI век.

Ќе се молам, Црквата во Македонија и пошироко, да биде благословена со користењето на овој курс, бидејќи ние Православните заедно живееме во и заради Царството на Бог Човекољубецот.

Протојереј Грегори Халам до 1994 г. бил пастор на Англиканската црква. Во 1995 г. преминал во Православието и оттогаш е парохиски свештеник во Св. Ајдан, православна црква во Манчестер, Англија, под јурисдикција на Антиохиската Патријаршија. (Interview with Antiochian Archpriest Gregory Hallam)

Книгата (вкупно 214 стр, а во поголем дел е објавена овде) се продава во црквите Св. Никола и Св. Троица во Куманово, по цена: 200 ден., а може да ја нарачате и преку: eklisijast@gmail.com За да испратите порака на таа адреса, пополнете го предложениот образец и кликнете: Испрати.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s