Воплотувањето на Бог – Добрата Вест на Евангелието и Богородица

Со Неговото воплотување, Неговото вочовечување (очовечување), Бог влезе во најсуштинското јадро на нашите животи, и тоа на најочигледен начин. Тој влезе во нашето срце, во центарот на сè, во центарот на универзумот. Откако некогаш, со нашиот доброволен грев, Тој беше изгонет од нашиот свет, од нашето тело и од нашата душа, преку Неговото воплотување Тој  се врати во нашиот свет, во нашето тело и во нашата душа, станувајќи целосен човек, и дејствуваше за нас како човечко суштество. Тој престојува во светот, кого што од создавањето го предназначи за осветување, спасение, преобразување. Воплотувањето на Бог е најпотресниот настан на земјата и најрадикалниот пресврт на земниот свет и на сите други светови, затоа што преку Воплотувањето – Чудото над чудата стана реалност.

Ако, дотогаш, создавањето на светот од ништо беше најголемото чудо, Божјото Воплотување како човечко суштество ја надминува Неговата чудотворност. Потоа, при создавањето на светот, зборовите на Бога се облекуваа во материја („Тој рече… и настана“). Сега, при Воплотувањето, Самиот Бог е облечен во материја, во тело (плот, месо). Токму ова е причината зошто Воплотувањето на Бог е најважниот настан на сите светови, за секоја личност, за секое битие, за сè што е создадено.

Целото таинство (mystery) на нашата света вера, целиот божикен подарок за нас луѓето, целото Евангелие од Рајот на Земјата е содржано во Добрата Вест на Новиот Завет: „Бог се појави во плот“ (1 Тим. 3, 16). Бог стана човек. Ова значи дека сè што е Негово стана наше. Неговата вечна љубов и неговиот вечен живот, исто така, станаа наши. Што друго ни треба за нашето совршенство? Сè што треба да направиме е смело да го следиме единствениот Господ и Спасител на човечкиот род, и Тој, најмилостивиот, ќе нè извлече од кој било ѓаволски пекол и ќе не смести во Рајот на Неговиот вечен живот. Како? Преку светите Таиинства и светите добродетели. Меѓу нив, прва е верата и преку неа молитвата, постењето, љубовта, надежта, смирението, милостината и покајанието, како и сите други евангелски добродетели. Сите тие постепено ќе нѐ соединат духовно со Господа и сè што е Негово ќе стане и наша своина. И тогаш, дури и во овој свет, ќе се чувствуваме бесмртни и вечни и ќе станеме посилни од секој грев, од секоја смрт, од кој било демон. Целото наше битие ќе чувствува дека, „заедно со сите свети“, прераснуваме во „зрела личност“, до мерката на растот на полнотата на Христос “(Ефес. 3, 18; 4, 13). Рождеството Христово е добрата вест од евангелијата, тоа е севкупната евангелска порака. И во оваа порака се содржат сите радости, вечната радост на човечкото постоење во сите светови, видливи и невидливи.

Нашата Пресвета Владичица Богородица

Таа е онаа што го роди Спасителот и со тоа самата стана спасение на светот. Таа е „обновување на Адам“ и „умртвување на на Адот“. Таа е Рајот во кого што е Господ Исус, таа е Дрвото на Животот. Преку неа ние сме кренати од нашиот Пад. Таа е нашето очистување, наше прославување. Бидејќи таа го роди единствениот Спасител, таа стана нашето целосно спасение. Таа е спасение на родот христијански. Таа е спасение и на светот. Таа е посредник, застапничка за нашето спасение. Таа е спасителка на верните. Таа е исполнување на промислата на Творецот. Таа е Богородица и затоа е Мајка на сите божествени, свети, небесни и прекрасни нешта. Таа е Мјака на сѐ што е добро. Таа е врвот, посвета од кој било светител, почиста од сè друго што е чисто, посовршена од секое совршенство. Со оглед на тоа што Бог влезе во светот и во човечкиот род низ неа, може ли; сѐ што е божествено, небесно, бесмртно и благословено да не влегува во секој од нас преку неа? Затоа, нашата Пресвета Богородица Мајка Божја е почесна од херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите.

Несомнено, нашата Пресвета Богородица Мајка Божја е најголемиот добротвор на човечкиот род. Таа го роди Бог и ни Го даде како човечка личност. И со Него: вечната љубов, вечната убавина, вечниот живот. Таа ни даде сè што е потребно во сите светови: спасението, можноста да прераснеме во сличноста (подобието, likeness) на Христа, на Бога, на Троица, (ни ги даде) сите свети таинства и свети добродетели. И, низ сето ова и со сето ова, таа ни го даде најмилото чудо: Христос – нејзиниот Син и нашиот Господ Бог – како човечко суштество.

Превод од: The Incarnation of God, the Good News of the New Testament and the Mother of God

Овој текст, почитувани читатели на Свиток, нека биде и моја божикна и новогодишна честитка до Вас.
Секое добро, „секој добар дар – од горе, од отецот на Светлините“ нека биде на Вас и благословено нека е 2020 лето Господово.
Протојереј Антониј Петрушевски

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s