Вера, не страв – Повикани сме на трезвеност

Зашто Бог не ни даде дух на страв, туку дух на сила, љубов и трезвеност. (2 Тимотеј 1, 7)

Во овие денови на превентивни мерки против вирусот корона, лесно е да се заборави трезвената вистина за вечната љубов и грижа на Бог кон нас. Но, историјата покажува дека луѓето и порано се соочувале со епидемии и пандемии. Во таквите случаи, паниката само ја влошувала состојбата.

Историјата, исто така, покажува дека христијаните никогаш не го губеле мирот за време на таквите времиња. Распространувањето на христијанството во Римското Царство делумно се должело на тоа, како христијаните им служеле на сиромашните и болните на умирање за време на болестите што се појавувале во Империјата. Очигледна била грижата на Христијаните за болните, тие не бегале од страв ниту за време на заразни болести. И тоа сведоштво на вера во Бога и љубов кон нашите ближни конечно довело до тоа, Римското Царство да ја прифати „вистинската вера, која им е дадена на светиите еднаш засекогаш“ (Јуда 1, 3).

Преку верата спознаваме дека Бог нѐ љуби повеќе отколку што самите ние знаеме да се сакаме. Сепак, не ги отфрламе и ги почитуваме соодветните препорачани мерки на претпазливост…

Но, ниту една од тие мудри мерки на претпазливост не смее да значи напуштање на верата. Не се откажуваме од собирање на Света Литургија заради страв! Не ја занемаруваме Евхаристијата, особено во ова време, затоа што Евхаристијата Е самото Тело и самата Крв на Господ Исус Христос. Нашата главна грижа во однос на Светата Евхаристија е колку подготвени пристапуваме кон Светата Причест, инаку таа никогаш нема да биде извор на болест или опасност за нас! Св. апостол Павле им напишал на коринтјаните: „Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово“ (1 Коринтјани 11: 28-29).

Значи, нашата вера нè повикува на трезвеност, а не на страв; не на паника. И тој трезвен начин на живот значи дека сме внимателни кон мудрото живеење и, уште повеќе, внимателни кон богослужбата, верата и радоста без оглед на околностите во кои живееме.

Fr. Barnabas Powell: Faith, Not Fear – We are Called to Be Sober

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s