Social distancing vs. physical distancing

Фразата „социјална дистанца“ станува нова парадигма на живеење. Но, бидејќи буквално означува општествена оддалеченост, а се користеше за укажување на физичко растојание, оваа фраза почна да ја избегнува и Светската здравствена организација.

Всушност, социјалната дистанца како оддалеченост од заедницата, како меѓусебна отуѓеност и дистанцираност на луѓето еден од друг до крајна ин-дивидуализација (неделивост, атомизираност на битието) е основниот проблем на денешницата. За безобѕирното, егоистичко живеење Исус Христос вели: „Кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја изгуби“ (Матеј 16:25).

Парадоксално, но физичкото дистанцирање, физичкото оддалечување од другиот е предуслов за вистинското заедничарење. Оној што не може сам со себе, не може ниту значително да придонесе за заедницата. Оној што не е помирен со себе и во заедницата ќе го проектира својот душевен метеж. Зашто, заедницата секогаш е огледало на поединецот. Кога е сам (социјално дистанциран) човекот за својата личност секогаш негува некакво повисоко мислење. Само во соработка и во дијалог со другите секогаш излегуваат на површина нашите недостатоци. А, кога се појавуваат општествените проблеми, тие секогаш се можност да ја согледаме нашата грешка / грев или некритички, агресивно да ги обвинуваме другите.

Значи, човек мора во себе да има изградено вредности кои ќе ги вложи како свој придонес во заедницата. Од една страна, човекот кој не се чувствува дел од заедницата (кој е социјално дистанциран) не може да расте во личност, на која задоволувањето на својот интерес на сметка на другите нема да ѝ биде животно мото. Некои добродетели се стекнуваат во заедница, но основата на добродетелите е во односот со Бога. „Во срцето се обликува личноста на човекот, и кога душевниот живот е во хармонија, тогаш срцето настапува како регулатор на силите на доброто и злото. (архимандрит Јован Крестјанкин)“

Но, човекот затрчан по некои други материјални интереси (кои не се зло самите по себе), го изгубил патот до своето срце. Човекот се отуѓил од себе, а со тоа, неизбежно, и од другите. Затоа, ние мора да го пронајдеме патот до своето срце. Исус Христос во една парабола за синот кој од таткото го побарал својот дел од наследството и заминал во далечна земја (паралела со човештовото кое го узурпира светот кој Бог го створил и му го дал да го обработува), откако тој (синот) се освестил и се покајал, вели: „Кога си дојде при себе… (въ себе́ же прише́дъ…) (Лк. 15:17).

Кога човек ќе си дојде при себе, тогаш си дошол дома. Потоа, од дома може да излегуваме во заедница, во друштво, да се радуваме на другиот и да го даруваме со нашето внимание. Но, прво секој мора да си дојде дома. Срцето е домот од каде што тргнуваме и каде што се враќаме. Ако човек не наоѓа време за доброволно физичко дистанцирање, кое ќе го искористи за молитва и душевно самоиспитување, тогаш доаѓа време кога принудно ќе мора да остане дома и да се соочи со себе и со некои прашања за повисокото значење на животот, кои пак мисли дека ќе ги избегне со хиперактивност и потрага по инстант задоволства.

Затоа, да ги искористиме овие денови на физичка дистанцираност кои се совпаѓаат со деновите на Страдалната седмица, во која го следиме страдалниот пат на Спасителот кон Голгота, за да ја надминеме социјалната дистанцираност. Со молитва и духовно созерцание да се приближуваме, да се соединуваме со Бога, зашто само на тој начин се надминува и социјалната дистанцираност, т.е. отуѓеноста од ближниот. [Повеќе во видеото]

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s