Чудното „раѓање“ на Вселената и нејзината природа

Во XX век претставата за стабилноста на материјата беше подложена на одлучно преразгледување. Атомите, од кои што се состојат сите тела, се наоѓаат на огромни растојанија во сопредба со нивните димензии. Од своја страна и самите тие се состојат практично од празен простор. Јадрото на атомот зазема само еден трилионит дел од обемот на атомот. Останатиот дел од тој простор го зезема електронски облак, за чии носители мошне условно може да се каже дека зеземаат некаков обем. Во таа смисла материјата поскоро претставува ситни острови од супстанција во океан од празнина, отколку што е нешто цврсто, како што ја восприемаме со своите сетила. А, и природата на тие островчиња – на елементарните честици, е надвор од рамките на вообичаениот разум. Според современите претстави тие треба да бидат разгледувани како изменливи енергетски згустувања, кои на чуден начин во себе спојуваат два вида својства; тие истовремено имаат и корпускуларни и бранови својства. Од гледна точка на современната физика, статус на реалност има само некој збир од од честици, разгледуван како енергетска средина, чиј посебни делови немаат целосна независност од сето останато. Во таа смисла не можеме да си ја претставиме Вселената како составена од некакви првични “блокови,”  кои би можеле да постојат одделно и независно еден од друг. Светот е замислен и создаден како огромен шарен килим, чии “шари” не постојат одделно од целината, туку имаат смисла само додека се вплетени во неговата ткаенина, во рамките на сеопхватното битиеatom_real copy.png

Самиот поим за бран или варирање носи апстрактен карактер во физиката. Тоа е просто “движење на материјата” – “бран на водата”. Дури и при температура на апсолутната нула, атомите во телата не ги прекинуваат своите варијативни движења. Навистина, сега подобро ги разбираме зборовите од Светото Писмо, дека Бог сѐ створил од ништо, а и според современите научни претстави космосот го започнал своето постоење од апсолутна празнина.

Вселената не постоела вечно, туку има почеток во времето. Самото време и просторот се појавиле истовременно со првичната материја, бидејќи се неодделиви од неа. Процесот на “раѓање” на светот го опишува научната теорија наречена “Големата експлозија / Big bang”. Треба да се каже, дека тој термин е сосема промашен, неуспешно ја прикажува смислата на појавата, бидејќи набљудуваниот процес на зголемување на обемот на Вселената никако не може да се претстави како последица од експлозија. Проширувањето на светот се одвива зачудувачки рамномерно и, во прво приближување, пропорционално на растојанието меѓу две типични групи галаксии. На тој начин, колку подалеку се галаксиите една од друга, толку повисока е брзината на нивното раздалечување. Навистина, мошне чудно својство за обична експлозија.

Материјата и зрачењето во Вселената во голем размер се распределени необично еднородно во сите насоки. Но, експлозија не може да ги приведе материите кон еднородно распределување по обем. Уште повеќе што, силата, која дејствува врз честиците од материја во обична експлозија, е предизвикана од разликите во притисоците. Вселената – тоа е сѐ што постои во материјалниот свет, надвор од нејзините граници нема ништо – ниту материја, ниту простор, ниту време – т.е. онаа “празнина “, во која што таа би можела да се шири. Поради тоа самиот поим за разлика во притисоци во овој случај е неприменлив. За подобро разбирање на проблемот може да послужи аналогијата со балон што рамномерно се исполнува со воздух, на чија површина се обележани точки, кои ги претставуваат галаксиите. Кога балонот се дува, неговата обвивка се разтегнува и растојанијата меѓу точките се зголемуваат. Притоа, самите точки на површината остануваат неподвижни. Во таа смисла, самиот простор меѓу галаксиите, растегнувајќи се, ги раздалечува една од друга. Сепак, тоа ширење на Вселената никако не влијае на одделните тела. Токму како што во облакот од гас што се шири одделните молекули не се шират.

1.13379.jpg

“Голематa експлозија” ималa сосема јасна и со неверојатна точност пресметана сила. Теоретската анализа покажува, дека – ако во моментот кој е соодветен на првата секунда по абсолутната временска скала, кога сликата на раширувањето веќе била целосно определена, брзината на разлетувањето на материјата била различна од реалната вредност за повеќе од 10-18 дел од својата величина во еден или друг правец, тоа би било сосема доволно за катастрофални последици за животот: Вселената или одамна ќе колабирала во почетната состојба на “материјалната точка” под дејство на гравитацијата, или материјата во неа целосно ќе се расеe. [I. Goodwin, Physics Today 37, (№ 5), 63 (1984)] Зарем тој фин баланс е последица од слепа игра на случајни сили!?

За целосноста на сликата мора да се спомне и за најраниот по време – “инфлационен” стадиум од ширењето на Вселената, кој што траел 10-35  дел од секундата, започнувајќи од времето во кое што е започнал “да отчукува” светскиот часовник. И сепак, “зародишот” на Вселената кој за тоа време одеднаш се се појавил од апсолутно ништо, успева да го зголеми својот размер до 10100 пaти [Эволюция: кризис теории, Бетесди, Адлер Паблишерс, 1986, с. 336].

Во древноста толкувачите на Мојсеевото Петокнижие ги споредувале неговите свитоци со Вселената. Одвиткувањет на свитоците наликувало на нејзиното раширување, а свиткувањето на свитокот – на нејзиното собирање. Според едно од старите толкувања на Библијата, името на Бог – “Семоќен ” (на староеврејски “Ше-дај”), означува: “Тој што рече – доволно”. Тоа толкување е придружено и од предание, според кое што – веќе створената Вселена започнала да се шири со огромна брзина и тогаш Бог рекол: “(на евресјки јазик): Дај!” – “Доволно!” Може би со тоа завршува моменталното и гигантско според размери ширење на просторот, кое што на научниот јазик денес се нарекува инфлационен стадиум на ширењето. Согласно таа научна концепција, ширењето продолжува и понатаму, но веќе не со таа колосална брзина, туку (според сценариото на “Големaтa експлозија”) благодарение на првичниот импулс, што бил добиен во инфлациониот период. Температурата на Вселената започнува постепенно да паѓа, трошејќи го својот потенцијал во ширењето на светот.

Човештвото мораше да вложи огромни интелектуални напори, за да стигне до несфатливиот, зачудувачки заклучок за “раѓањето” на светот од ништо. Сепак, тоа гледиште не е новост за христијаните. Одамна пред појавјавањето на научниот метод за проучавање на природата, вистината за создавањето на светот ex nihilo е укажана во Библијата. Бог Отец го створил целиот космос преку Словото – имено, го створил – зашто Вселената е плод на творечки акт. Чудесната хармонија, убавината и изобилието на светот предизвикуваат во човекот побожен трепет пред Божјото величие. Бог е извонреден Уметник и најголемиот Поет, кој напишал восхитувачка поема, воведувајќи го од небитие во битие целиот овој свет.

Поетиката на создавањето јасно ја чувствувале и осознавале Светите отци од епохата на Вселенските собори, кои тоа разбирање го изразиле во зборовите на Символот на верата. Неговите први редови во буквален превод од грчки така и звучат: „”Верувам во едниот Бог Отец, Седржител, Творец (ποιητήν = се чита: пиитѝн, поет) на небото и земјата…“ Корпускуларно-брановиот дуализам на елементарните честици нѐ води до поетска аналогија со нашиот свет – кон претставата за него како за гигантски “звучен бран ” од жиците на некаков музички инструмент. Тој инструмент е во рацете на невидливиот и семоќен Творец, кој што ги допира жиците и го поддржува “звукот”, преку тоа зачувувајќи ги денешното небо и земја, кои ги одржува Словото (2.Петр. 3:7). Ако за миг запре вибрацијата, “ќе се смират брановите” и можеби, ќе се “свитка небото”. Од тој животворечки Извор потекнуваат “звуците”, сѐ воведувајќи  од непостоење во постоење.

Петренко О.В., Размышление физика о тайне творения[1].
http://apologia.narod.ru/create/petrenko/petrenko.htm#1

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s