Разговорот на Исус Христос со Самарјанката (1 дел )

Читањето на евангелието на Божествената литургија во петтата недела по Пасха е евангелскиот извадок за средбата на Исус со жената Самарјанка што покрај бунарот. Тој настанот се случил во Сихар, покрај бунарот што Јаков му го дал на својот син Јосиф, а Исус доаѓа таму во шестиот час од денот – тоа е на пладне – ја сретнува Самарјанката и бара од неа да му даде вода. Потоа започнуваат разговор.

Овој настан можеби не може да се нарече месијански знак, во смисла дека не е чудо, како на пример, претворањето на вода во вино, во Кана Галилејска, или исцелување на парализираниот во бањата Витезда, или умножувањето на лебовите во пустината, или исцелувањето на слепородениот човек, или воскреснувањето на Лазар од мртвите, но сепак е месијански знак, затоа што средбата помеѓу Исус и таа жена е клучна за разбирање на Евангелието, за да разбереме кој е Исус и да се разбере фактот – главниот факт – дека Евангелието на Бог во Исус е Евангелие за целото човештво, а не само за Евреите.

Исус е Месија од Евреите, но, како распнат Месија на Евреите, тој станува Господ и Спасител на целото човештво и на целото создание, вклучително и на сите незнабошци, вклучително и на Самарјаните, кои од Евреите биле сметани за кучиња, па дури и не зборувале со нив и сосема ги презирале, затоа што се сметало дека ја расипале, ја деформирале верата на Израил, не ги прифаќале пророчките учења итн.

Овие Самарјани ги признавале само петте книги Мојсееви и се сметале за потомци на Авраам и Јаков. Спасителот Исус Христос им заповедал на Своите ученици да не одат во градовите на Самарија, туку само кај изгубените овци од домот Израилски, но тој самиот, за да покаже дека дошол да го спаси целиот свет, го посетил и самарјанскиот град Сихар. Историските податоци за Самарјаните велат дека, кога асирскиот крал Салманасар ги покорил Израелците за време на владеењето на нивните цареви Ахаз и Озија, ги преселил сите избрани Израелци во Вавилон и Мидија како робови, а од неговата земја собрал разни народности и ги испратил во Самарија, каде што живееле Израелците. Тогаш Салманасар испратил во Самарија и еден од заробените свештеници на Израел, за да ги поучуваат во верата сиромашните што останале таму и така, тие верувале во вистинскиот Бог, но истовремено се поклонувале на идоли. Преку бракови се сродиле со асирските и идолопоклоничките дојденци, па подоцна, сите тие биле наречени Самарјани, од планината Сомор.

Значи, покрај покрајот бунарот во Сихар ја имаме таа средба на Исус со Самарјанката. Оваа средба, всушност, во евангелието на Свети Јован, следува по разговорот и наративот за крштевањето. Во третата глава го имаме долгиот разговор на Исус со Никодим за раѓањето од горе, „роден од височините“ за да влезе во царството. Да се ​​родиме повторно од вода – и повторно се спомнува вода – од вода и од Светиот Дух. И, на крајот од истата глава, се зборува за Исус и неговите ученици кои крштаваат во Јудеја. Јован продолжил да крштева, учениците на Исус крштевале. Јасно се кажува дека самиот Исус не крштевал, но неговите ученици крштевале, таму имало многу вода.

На крајот од таа трета глава, по Христовиот разговор со Никодим за повторното раѓање или за раѓањето од горе, со вода и Дух, го имаме расказот за Јован Крстител, дека тој не е Месијата, не е Пророкот = Месијата, туку е пријател на Младоженецот, гласот што вика во пустината, сведочи – тоа го кажува многу пати – сведочи дека Исус е оној што треба да дојде. Потоа доаѓаме до четвртата глава, која што повторно започнува со расказ за крштевање. Тогаш се вели дека Исус ја напуштил Јудеја, повторно заминал за Галилеја, и притоа морал да помине низ Самарија. И тоа е местото каде што се случила средбата со таа жена покрај бунарот.

Секој што го познава Светото Писмо што слушнал за маж што сретнал жена покрај бунар и побарал да пие и бил послужен таму кај бунарот и изворот на вода, не може да не да помисли како Авраам  испратил свој слуга да најде жена за својот син, Исаак, и тој го испраќа слугата да најде „чиста, света девојка од својот народ“ и како тој слуга – ова е во книгата Битие, секако – слугата на Авраам тргнува и доаѓа на бунарот во татковината каде што ќе најде жена за неговиот господар Исаак, и ја здогледува Ревека како доаѓа. И таа пристигнува кај бунарот и тој ја препознава како роднина и чиста, убава жена. Потоа, во 24-та глава од Битие се кажува како тој се враќа и разговара со Авраам, таа е избрана и тие ја водат Ревека што ја сретнал кај бунар, Исак ја видел и ја засакал и таа станува негова сопруга.

Тогаш, да се сетиме и на Јаков и Рахила, како Јаков, исто така запишано во книгата Битие, оди да ја најде својата жена и повторно Јаков ја наоѓа [Рахила] покрај бунарот. Се запознаваат покрај бунарот каде што полнеле вода и повторно се вели, како што Исак ја сакал Ребека, се вели и дека Јаков ја сакал Рахила и ја зел за жена. Но, тогаш, го имаме расказот за неговото служење седум години и Лија е поставена на нејзино место и треба повторно да работи уште седум години за Рахил.

Потоа, ги имаме Мојсеј и Сепфора. Мојсеј бега од Египет во Мадијам. Тој доаѓа на некој бунар за да пие таму и тие му даваат да пие, а потоа го одвеле кај сопственикот на бунарот. Тогаш сопственикот му ја дава својата ќерка Сепфора, и таа станува жена на Мојсеј.

Ако ја познаваме Библијата и имаме, како вели што отец Георгиј Флоровски; „библиски ум“ – тој рече и дека денес го имаме изгубено библискиот ум во црквите; христијаните го изгубиле библискиот ум, дури и оние што тврдат дека ги следат само Писмото, sola Scriptura, обично следат избрани пасуси и ги користат на многу чуден начин, односно кога некој ја гледа реалноста низ призмата на библиските раскази за средба на маж ижена покрај бунар, кога за тие настани имаме правилно гледиште, она што отците го нарекоа σκοπός  на писмото, имаме основа да помислиме на Исус кој доаѓа во Сихар, каде што Јаков му го оставил  бунарот на својот син Јосиф и и Исус, уморен од своето патување, седнува покрај бунарот напладне, како што е запишано – во шестиот час, и било многу топло време. Тогаш, една жена Самарјанка дошлa да пoлни вода, а Исус започнува разговар со неа и ѝ вели: „Дај ми да пијам“ – и потоа започнува разговор, кој – како што ќе видиме – е полн со месијанско значење.

Но, ќе се осмелиме да направиме споредба со библиските раскази за маж што ја среќава својата невеста, со Исус Христос, Месијата, кој сретнува жена што ја симболизира неговата невеста – бидејќи, која е невестата Христова? Невеста Христова се сите оние што веруваат во него, кои стануваат едно со него, кои што тој ги сака и тие него и влегуваат во заедница, длабока заедница, во единство со него, што во Библијата е опишано како брачна заедница. Паметиме дека во Библијата, народот Израел е невестата на Јахве, дека тој ја сака како невеста. Секако, паметиме дека во Новиот завет односот меѓу Христос и Црквата е како меѓу младоженец и невеста. Дури и во Евангелието на Свети Јован, кога Јован Крстител истакнува дека тој не е Христос, дека не е Пророкот, туку е гласот на оној што повикува во пустината, подготвувајќи го патот, тој вели: „Јас сум пријателот на младоженецот. Исус е младоженецот.“

Значи, ако Исус е Nymphios – младоженецот кој доаѓа да умре за својата создадена невеста и за да ја направи едно со него и да ја измие од гревовите и да ја очисти од сите беззаконија итн – значи, навистина нема подобар симбол на таа невеста од Самарјанката што ја сретнал покрај бунарот.

Неговата невеста, секако, е целото човештво, целото паднато, грешно, мртво човештво, и во Библијата нема подобар симбол за тоа од Самарјанката, и тоа Самарјанка која, според раскажувањето на евангелието на Свети Јован, се чини дека е грешна жена, како што ќе покаже разговорот.

Што се случува? Што се случува покрај тој бунар? Исус бара да пие. Неговите ученици биле во градот за да купат храна. Тоа е важно, затоа што и тие ќе јадат. Но, тие заминуваат и тој таму е сам со оваа Самарјанка. Па, кога ја прашал, таа му рекла: „Како Ти, бидејќи Јудеец, бараш од мене, жена Самарјанка, да пиеш?” (Јн 4, 9). Тогаш Господ и рекол: „Кога би го знаела дарот Божји и Кој е Оној што ти вели: Дај Ми да пијам – ти самата би побарала од Него и Он би ти дал вода жива” (Jн 4, 10).

Прво, таа вели: „Зошто зборуваш со мене? Ти дури не би требало ни да зборуваш со мене. Евреите немаат никаква врска со Самарјаните.“ Евреите ги сметаат Самарјаните за гнасни кучиња и еретици. Не смеело ништо заедничко да имаат со нив, особено не со жена, и, како што ќе видиме, со грешна жена… Но, таа очигледно е силна жена, како што може да се види. Кога тој побарал да пие, таа рекла: „Зошто зборуваш со мене? Зошто постапуваш така? Зошто се случува ова? “ И тогаш, Исус одговара, некако на исто ниво: „Ако знаеше што се случува, жено, ако знаеше што се случува, што е дарот од Бога, и Кој е Оној што ти вели: „Дај Ми да пијам,“ ти самата ќе побараше од мене, и јас ќе ти дадев – не само обична вода. Јас би ти дал а жива вода “.

Изразот „жива вода“, има значење на свежа, изворска вода. Не застоена вода, туку секогаш свежа, чиста. Жената, мислејќи дека зборува за обична вода, му вели: „Господи, Ти немаш со што да нацрпиш, а кладенецот е длабок; од каде, пак, имаш вода жива? Зар си Ти поголем од нашиот татко Јаков, кој ни го даде овој кладенец! И самиот тој пиеше од него, и синовите негови, и добитокот негов!” (Јн 4, 11-12).

Тогаш, Исус повторно одговара, на друго ниво. Тој вели: „Секој што пие од оваа вода, пак ќе ожедни; а кој пие од водата, што ќе му ја дадам Јас, нема никогаш да ожедни; таа во него ќе стане извор на вода, што ќе тече во живот вечен.” Жената Му рече: „Господи, дај ми таква вода за да не ожеднувам, ниту да идам овде за полнење!” Таа сѐ уште мисли дека Исус зборува за обична вода.

Се разбира, Исус зборува на духовно ниво. Тој вели дека тие глад и жед на луѓето можат да бидат задоволени само од водата што Тој ќе ја даде. Подоцна, во евангелието на Свети Јован, тој ќе зборува за Светиот Дух како жива вода, вода што извира до вечен живот. Интересно е што во Православната црква, оваа недела литургиски го следи празникот на Преполовение на Педесетница, и Преполовение е празник на средината на празникот, ја потенцира живата вода што доаѓа, пиењето на оваа жива вода на Светиот Дух.

Значи, Исус зборува за вечната жива вода и имаме ист вид говор што се одвива во Евангелието на Свети Јован за лебот. Во шестата глава, народот ќе дојде да бара леб. Ќе побараат уште јадење. Исус ќе им рече: „Работете не за храна што се расипува (која што колку и да ја јадете, повторно ќе огладнувате и ќе умирате), туку работете за храна што останува за живот вечен и која ќе ви ја даде Синот Човечки… (храна со која нема да огладнувате и нема да умирате).” Работете за лебот што, кога ќе јадете од него, никогаш не умирате и никогаш веќе не огладнувате ”. Потоа тој рекол: „Јас сум леб на животот. Јас сум живиот леб “.

Овде тој ќе покаже – иако не постои израз: „Јас сум живата вода“ – живата вода е во евангелието на Свети Јован е поврзана со Светиот Дух, Духот се дава, се испраќа – но тој е изворот, изворот на таа жива вода. И ќе биде кажано дека кога ќе се распне, од неговите ребра ќе истече крв и вода. Оваа вода како симбол во Евангелието на Свети Јован е многу важна. Тоа беше во Кана Галилејска: претворањето на вода во вино; парализираниот човек беше спуштен во вода. Ќе видиме дека на слепото момче ќе му биде кажано да се измие во бањата Силоам со вода. Таа вода е многу, многу важна во евангелието на Свети Јован, и крштелното значење на миење, чистење, но и на водата на животот.

Еве го овој чуден разговор, каде тој вели: „Кој пие од водата, што ќе му ја дадам Јас, нема никогаш да ожедни; таа во него ќе стане извор на вода, што ќе тече во живот вечен.” И подоцна ќе додаде дека зборувал за Светиот Дух. Така, оваа вода што тој ќе ја даде се споредува со обичната вода: има симболика, врска, но тоа е нешто поголемо, нешто божествено, небесно … Тоа се водите од Бога, така да се каже, водите на животот.

Значи, таа бара таква вода. Но, тогаш Исус одеднаш ја менува темата. Тој и вели: „Оди, повикај го твојот маж и врати се овде“. Жената му одговара: „Јас немам сопруг“. Исус вели: „Право кажа дека немаш маж; зашто петмина мажи си имала и овој, што го имаш сега, не ти е маж; право рече.” Значи, оваа жена, не само што е Самарјанка, туку уште и живее во вонбрачна заедница. Имала пет сопрузи, а тој и е шести. Исус знае која, каква е таа.

Значи, може да кажеме дека таа е грешна Самарјанка, жена која не го следи законот, иако мора да знаеме дека во некои сириски традиции, некои преданија на раното христијанство, некои мислеле дека таа можеби го следела левиратскиот закон, та нејзините сопрузи умирале, а таа морала да биде мажена за браќата на сопрузите, но тоа не изгледа како точно читање.

Според толкувањата, таа е неморална жена: Самарјанка, грешна жена. Не добиваме ништо повеќе од Еврејската идеја, Старозаветната идеја за праведност и усовршување според законот. Не добиваме ништо повеќе, ако некој е Самарјанин, а не Евреин, ако е жена а, не маж, и ако е грешник а, не е праведен според законот. Значи, овде тој разговара со некој што, така да се каже, е многу далеку од она што се подразбирало дека е услов кој требало да го исполнува некоја личност, ако бил верник и следбеник на Бога според Мојсеј, според учењата на Израел.

Значи, таа одговара и му вели: „Господине, гледам дека си пророк. Нашите татковци се поклонуваа на оваа планина а, вие велите дека во Ерусалим е местото каде што луѓето треба да се поклонуваат.“ Исус одговорил: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате на Отецот. Вие му се поклонувате на она што не го знаете; а ние се поклонуваме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците.“ Така, таа ја користи можноста, така да се каже: „Аха, овој човек е пророк. Тој знае. Тој може да види која сум јас. Сега можам да му го поставам прашањето што отсекогаш ме интересирало: Каде треба да му се поклонуваме на Бог? “ Затоа што Евреите велеа дека местото за поклонување е во Ерусалим, во храмот. Самарјаните не го прифатиле тоа и му се поклонувале на Бог на планината Геризим во Самарија. Тие имале своја света планина. Не ридот Сион; туку друга планина.

„Каде е местото?“ Тогаш, Исус вели: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате на Отецот.“ И додава: „Вие му се поклонувате на она, што не го знаете; а ние се поклонуваме на она што го знаеме; +зашто спасението е од Јудејците.“ Па, дури и ако бидат спасени Самарјаните и сите други, тоа ќе биде спасението што доаѓа преку Јудејците, Евреите, преку преку Еврејскиот Месија кој ги исполнува законот и Псалмите и пророците и сите дела на Бог во созданието.

Потоа, Исус продолжува. Тој вели: „Но иде време и дошло веќе, кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот со дух и вистина, зашто Отецот сака такви да бидат оние, кои Му се поклонуваат.” Тука православните христијани дефинитивно веруваат дека обожавањето на Бог Отецот преку Исус Христос со доаѓањето на Светиот Дух е вистинското обожавање. Тоа е обожавање, славење, богопочитување во дух и вистина. Тоа е дури и вистинско обожавање во Духот, Духот Божји, Светиот Дух и Вистината, која е самиот Исус Христос. И тоа се случува – откако Месијата ќе биде распнат и славен и откако ќе биде испратен Духот – тоа се случува насекаде. Нема географска локација. Нема повеќе географски свети места. Нема повеќе посебни свети планини. Иако, некои планини може да бидат свети, затоа што луѓето што живеат таму се свети, – на пр. Света Гора или други места – но Бог е насекаде, и тоа е она што Исус понатаму вели: „Бог е Дух и оние, што Му се поклонуваат, треба да се поклонуваат со дух и со вистина.”

Некои велат: „Мора да го обожуваме Бога во дух, односно без никакви форми, без празници, пост, обреди, без свештеници, без литургиски облеки, без да се крстиме, без да коленичиме на молитва, без присуствување во храм“. Други велат: „Да се ​​поклонуваме во дух значи да се поклонуваме во добро срце, со чиста совест, со вистинска вера, да им простуваме на оние што нè навредиле, да се покаеме со сето срце, да одлучиме да правиме според нашите можности, да ги сакаме сите луѓе, дури и непријателите, да се молиме за другите “.

Мжеби се чини дека и двете толкувања правилно го разбира зборот на Спасителот? Всушност, грешат оние што ја избираат првата интерпретација, затоа што земаат само одделни, изолирани текстови од Светото писмо, а ги губат од вид аспектите што се објаснети со други места во Светото писмо и со учењето на Спасителот.

На пример, Спасителот и апостолите оделе во храмот (види: Мк 11: 15, 17; Јн 7: 14, 28; Мат. 21:13; Лк 19: 45; Мк 13: 1; Дела 5: 42; Јн 2: 16); Спасителот го признавал авторитетот на началниците на синагогата, поучувал во храмот и во синагогите и ги советувал оние што ги излечил да отидат кај свештениците (види: Мк 5:35; Лк 17:14; Лк 4: 15; Мт 8: 4; Лк. 5: 14; Мк. 1: 44); Тој препорачувал да се пости (види: Мк 9: 29; Лк 5: 35; Мт. 17:21), учествувал во празниците (види: Јн 7: 10; Лк 22: 8); кога говорел во синагогата во Назарет, тогаш несомнено ставил на себе тефилин (види: Лука 6: 14 и сл.); кога лекувал болни, тој извршувал обредни гестови, како на пр. положување на рацете (види: Лк 4: 40); Тој се молел во храмот, во синагогите и на посебните места (види: Мк. 1: 35; Лк. 4: 42; 5: 16; Мт. 14: 23); користел вино и леб како материјал за обред (види: Лк 22: 19-20); Спасителот преклонил колена за молитва (види: Лк 22: 41), а книгата Откровение зборува за темјан и молитва на светите (види: Откр. 5: 8).

Вистинското толкување на изразот „во дух и во вистина“ е, дека сите надворешни форми добиваат вредност само кога се исполнети со добро срце, со жртвување за доброто на другиот, со внатрешна промена, со желба да се смениме на подобро, со смирение, со престојување во Христовата црква, која е изградена врз основа на апостолите и сè уште се гради со апостолското преемство во нашата православна Црква.

Според: The Samaritan Woman at the Well и други материјали на темата.
Користен видео материјал од: http://zakonbozhiy.ru/  

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s