Празникот Вознесение Господово за нас има важност како исполнување на божјиот план за спасение на човекот. Господ Исус Христос се вознесе пред апостолите, но не го остави светот. Се вознесе за да го исполни светот со Неговото сеприсуство преку испраќањето на Светиот Дух. Книгата „Господовите празници,“ од грчки ја преведе јеромонах Атанасиј Арсоски. Авторот, митрополитот Јеротеј Влахос во ова богословско дело дава јасен, разбирлив, а продлабочен опис на празничните евангелски настани.