Вистината за нашиот неисправен свет

Човекот е очигледно паднато суштество на навика и желба. Претскажливо, тој порано или подоцна заборава на лекциите што ги научил од тешкотиите, особено ако нивната примена бара мерка на будност, трезвеност и дисциплина. Современиот човек претпоставува дека животот мора постепено да станува поудобен, лесен и забавен. Тој, исто така, го мери здравјето на општеството според нивото на трошење и конзумирање – колку повеќе, толку подобро. Отец Патрик Хенри Риардон честопати забележуваше дека целта на неограничениот раст / напредок е „филозофијата на клетката на канцерот,“ чие растење / умножување ја прави смртоносна за нејзиниот сопственик.

Мора да постојат граници. Децата на луѓето не се производи на слепи можности и случајности. Ние сме формирани во утробите на нашите мајки, а нашиот облик е според шема, од која не може да се отстапува без последици. Некои од последиците, како што е болеста, може да се преживеат, или да се излечат. Но, ако вирусот го надмине производството на антитела во нашето тело, тој ќе нè убие.

Во основата на вирусните епидемии кои долго време го мачат човештвото е она што современиот човек го нарекува дезинформација (misinformation), лоши инструкции. Вирусот е „субмикроскопски дел од ДНК или РНК, парче генетски материјал,“ објаснува биохемичарот Мајкл Бихи, со обвивка направена од протеини. Генетскиот материјал е информација, кодирање. Вирусот е од еден десетилјадити дел (1/10.000) до еден милионити дел (1/1.000.000) од големината на човечкиот геном. Самиот по себе, тој не е жив. Бихи вели:

[Вирусот] „треба да навлезе во клетка за да се репродуцира. Информацијата што тој ја носи во својата ДНК или РНК го киднапира (highjacks) устројството на клетката, и затоа клетката го умножува вирусот и испраќа копии од вирусот за да зарази други клетки. Тој процес честопати ја уништува клетката на сопственикот и тоа е она што предизвикува штета.“(1)

Бихи забележува дека не знаеме како настанале вирусите. Проблемите се јавуваат посебно кога некој вирус што е вообичаен за еден вид се пренесува (понекогаш потпомогнат од мутација) на друг вид. Бидејќи новиот сопственик не го познава туѓиот вирус, му недостасува ефективен имунитет и антитела. Многу експерти веруваат дека (трагата на) новиот корона-вирус може да се проследи до лилјаците што се продаваат на пазар во Кина.

Зачудувачки, нашите тела работат на генетско ниво за да развијат имунитет колку што е можно побрзо, речиси како да им е инсталирана безбедносна програма токму за таа цел.

Научниците долго време теоретизираат дека генетските секвенци во нашите тела кои изгледаат како вируси се отфрлени ДНК сегменти („junk DNA, некодирачка ДНК“) од нашето древно минато. Но, сега откриваат дека „отпадот (junk)“ има позитивни улоги во човечкото тело. Затоа, Бихи вели, „не можеме да кажеме дека вирусите дефинитивно се лоши.“

За вирусите може да мислиме како за помали единици на информација или кодирање кои, ако се се лошо поставени (misplaced) или мутирани, ја попречуваат работата на организмот, речиси на ист начин како што компјутерското кодирање што е неправилно поставено или е надвор од низа, ја нарушува работата на програмата. Сите такви битови (bit) информации можат; или да помогнат за правилно функционирање или да пронајдат пат до места каде што не припаѓаат и така да предизвикаат катастрофа. Сите сме слушнале за malware – злонамерен, штетен софтвер.

Првиот malware насочен кон луѓето беше: „Тогаш змијата ѝ рече на жената: „Не, нема да умрете! Но, Бог знае дека оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло“ (Бит. 3: 4–5). Тоа беше лажна информација (false information). Тоа исто така беше мртво (dead), зашто немаше подлога во реалноста – сè додека не најде сопственик, кој го прифати и постапи според него. Потоа, стана „вирозно (viral)“. Така, се умножи и мутираше, ширејќи една лага по друга.

Белешка. 1. Michael Behe on COVID-19 and ‘Why Are There Viruses, Anyway?’

Превод на: James M. Kushiner, The Truth About Our Malfunctioning World

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s