Зошто треба да одам во црква за да верувам?

Според мнозинското мислење во светот за Црквата, таа е организирана религија со посебен кодекс на правила, збир на закони и сложени структури. За Црквата, едноставно, се смета дека таа во општеството е (само) една институција меѓу многуте други институции кои ги задоволуваат потребите на луѓето, во соработка со другите општествени чинители, како: бизнисите, фабриките, забавата… Тие луѓе се согласни на Црквата да ѝ се дава некаква улога, сè додека таа не се меша во функциите на другите објекти. Црквата, очигледно, има своја државно-правна страна, но ако остане само институција заедно со другите, целосно интегрирана во светот, Црквата ја губи својата моќ за преобразувањер на светот. Од друга страна, други луѓе веруваат дека Исус ѝ ги предал на Црквата клучевите од Неговото царство, како што читаме во евангелието според Свети Матеј (Пс. 16.9), но им се чини денес, дека Црквата ги изгубила тие клучеви. И од оваа причина, од многу луѓе може да се слушне: „Исус Христос – да, црква – не!“

Но, Црквата не е обична човечка заедница, таа има и човечки и божествен карактер. Црквата е Христос (кој опстојува) низ вековите; таа е телото на Христос присутно во светот денес. Поради оваа причина, иако е вистина дека Црквата е во светот, таа е нешто повеќе – таа е телото на Христос – таа е, Бог воплотен (incarnate) „продолжен низ вековите.“ И ако некој сака да биде член на Црквата, тој треба да биде во заедница и да учествува во животот на тоа тело. Христијанството не е само знаење на некои факти за Исус Христос, туку доживување, искуство од Него преку животот во Црквата; буквално од „јадење и пиење“ на Самиот Христос во дарот на Светата Причест.

Очигледно е дека е важно да се учествува во самиот живот на Црквата, да се биде накалемен на црквата, а не оддалеку да се проучуваат некакви факти за неа. Исто како што и секој орган или дел од нашето тело, не може да биде здрав, ниту да постои изолиран од другите делови на телото, така и човечките личности се потребни еден на друг, ако сакаат да го живеат животот во полнота, а не само да преживеат. Да се биде дел од тоа тело, од Црквата, означува различен начин на постоење и живеење, така што постоиме само затоа што учествуваме во животворното единство на телото (т.е. на Црквата).

Нашите индивидуални доблести или својства не нѐ спасуваат (иако се неопходни – забел. на прев.), туку нашето учествување во телото на Христос, коешто е Црквата. И центарот на оваа заедница е Евхаристијата / Литургијата, каде што ја споделуваме заедничката храна за животот; тоа се телото и крвта на Христос, кои отците на Црквата го нарекоа леб на бесмртност. На овој начин, освен што можеме да станеме едно со Христос, може да станеме и едно со сите присутни во овој заеднички / литургиски настан. Човекот мора да го надмине тоа погрешно чувство на сигурност мислејќи дека е подобро да остане сам, затоа што така, живеејќи целосно изолиран од другите, нема да биде повреден. Тој начин на живеење го води човекот во смрт и тоа, додека сè уште е жив. Наместо тоа, вистинската судбина на човекот е да постои на начинот како што постои Бог, односно да е слободен – слободен од границите на смртта; да живее со љубов кон другите – тоа значи да престане да го црпи своето постоење од својата индивидуалност која е пропадлива (corrupt) и смртна и наместо тоа, да ја бара слободата на личните односи – што е животот како заедница на љубовта.

Какво, вистинско чувство на ободреност и мир на умот се наоѓа во сплотеноста (solidarity) со другите околу нас! Најголемиот подарок што Црквата ни го дава не е само учењето за Христос и за спасението, туку таа ни го дава Самиот Христос и самото спасение, бидејќи Бог ветува дека е присутен во Неговата Црква. Во книгата Битие има прекрасен цитат за Црквата: „Колку е прекрасно ова место! Ова не е нешто друго, туку Божји дом, тоа е врата на небото!“ (Битие 28:17)

Д-р Филип Кариатлис

Академски директор и виш предавач по теологија,

Грчки православен теолошки колеџ „Свети Андреј“

Why do I need to go to Church in order to believe?

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s