Најраното историско сведоштво за Исус Христос, надвор од христијанската литература

Проблемот со историчноста на Исуса Христос потекнува од XVII—XVIII век, и е во врска со појавата на рационалистичката критика на Библијата

«Јудејски древности» на Флавиј

Најраното спомнување на Исус Христос, надвор од христијанската литература, го наоѓаме во делото «Јудејски древности (грч. Ἰουδαϊκὴ ἀρχαιολογία, лат. Antiquitates Iudaicæ)» на познатиот еврејски (јудејски) историчар Јосиф Флавиј. На едно место (ХХ, 199—201) тој патем го спомнува Исус во врска со настани од 62 г.:

Првосвештеникот Ананија го собрал синедрионот и му го претставил Јаков, брат на Исус, нарекуван Христос, исто како и неколку други лица, ги обвинил за нарушување на законите и ги осудил да бидат убиени со каменување.

Овој фрагмент, каде што Флавиј не го признава Исус за месија и воопшто не пишува ништо што не би го напишал правоверен фарисеј (каков што бил и самиот), не предизвикува кај истражувачите никакви прашања или сомнежи за неоригиналност. Поинаку стои работата со поопширен пасус (XVIII, 63—64), познат как «Сведштвото на Флавиј» (лат. Testimonium Flavianum):

Во тоа време живееше Исус, човек мудар, ако воопшто може да се нарече човек. Тој направил зачудувачки дела и станал учител на оние луѓе кои жедно ја примале вистината. Тој привлекол кон себе многу јудејци и елини. Тој бил Христос. По настојување на влијателни лица, Пилат го осудил на крст. Но оние што и порано го сакале, не престанале да го сакаат и сега. На третиот ден тој повторно им се јавил жив, како што возвестиле за него и за многу други чудеса боговдохновените пророци. До сега постојат таканаречени христијани, кои така се именуваат според неговото име.

Овој извештај би морало да биде напишан во 90-тите години од првиот век. Но, веројатно, тој текст во грчки ракопис не е оригинален, туку е редактиран на преминот од III во IV век од некој препишувач, кој го усогласил со христијанското учење. Таа претпоставка е можна од следните причини:

Јосиф Флавиј, кој е фарисеј и правоверен следбеник на јудаизмот, потомок на Макавеите, член на познат род првосвештеници, тешко би можел да соопшти дека Исус бил Месија, дека е распнат и воскреснал на третиот ден.

Во III век, филозофот Ориген го укорувал Јосиф Флавиј дека тој не го смета Исус за месија, т.е. Ориген не го познавал «Сведоштвото на Флавиј» или тоа во неговото време било поинакво. Сепак, во почетокот на IV век, христијанскиот автор Евсевиј веќе го цитира текстот «Сведоштвото на Флавиј».

Но, уште во 1912 г. професорот на Тартускиот универзитет, Александар Василев, го објавил во Париз вториот дел од арапскиот текст на «Светска хроника» од епископот Агапиј Манбиџски (X век). Агапиј го цитира сведоштвото на Јосиф Флавиј за Исус Христос, кое тој го презема од истите «Јудејски древности», но текстот принципиелно се разликува:

Во тоа време живееше мудар човек, кого го нарекуваа Исус. Неговиот живот беше достоен и тој беше славен со својата добродетел. И многу луѓе од јудеите и од други народи станаа негови ученици. Пилат го осуди на распнување и смрт. Но оние, кои станаа негови ученици, не се откажаа од неговото учење. Тие раскажуваа, дека им се појавил по три денови по распнувањето и дека бил жив. Сметаат дека бил Месијата, за кого пророците претскажувале чудеса.

Текстот завршува со коментар од Агапиј: «Таков е расказот од Јосиф… за нашиот Господ Христос, Тој да биде прославен».

Значи она што го сметале за интерполација (вметнување, додавка), се покажало само како редактиран цитат.

Сепак, откритието на Василев останало неискористено: едни продолжиле да тврдат, дека таква историска личност како Исус Христос не постоела, бидејќи единственото современо сведоштво за него се покажало подоцнежна додавка, а други, едноставно не ја забележале париската публикација.

https://bit.ly/2Jzce3p

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s