Историски сведоштва за Исус Христос од римскиот историчар Корнелиј Тацит

Римскиот писател Корнелиј Тацит до денес е познат како историчар и красноречив писател, како што го нарекол неговиот современик Плиниј Помладиот. Тацит живеел од 55 до 117 г. Тој имал одлично риторско образование, заземал важни државни положби и извршувал високи државни служби. Во текот на 88 г. тој бил избран за претор, во текот на 97 г. — за консул, а за време на императорот Трајан — за проконсул на Азија.

Тацит бил многу талентиран. Плиниј Помладиот се обратил кон него со зборовите: „Имало многу славни таленти, но ти ми изгледаш најсоодветен и најдостоен за подражавање.” Своите богати дарови, освен за извршување на своите служби, Тацит ги употребил и за писателска дејност. Неговите дела се уметнички напишани; тие се исполнети со богати и точни историски податоци. Претскажувањето на Плиниј Помладиот, дека „историите” на Тацит ќе останат бесмртни – се остварило. Голема вредност и посебен интерес за нас претставуваат Летописите (лат. Аnnales) на Тацит. Тие опфаќаат 16 книги. За жал, тој најважен историски извор за времето на императорите Тибериј, Калигула, Клавдиј и Нерон, т.е. од 16 до 68 г. по Христа, не е целосно зачуван. Сепак тоа што стигнало до нас е првостепен историски извор. Во него јасно се говори за Исус Христос.

В Летописите, составени меѓу 115 и 117 г., Тацит пишува со отворена омраза кон христијаните по повод опожарувањето на Рим, во времето на императорот Нерон. Соопштувајќи за народните гласини, кои го обвинувале Нерон за подметнување на пожарот во градот во текот на 64 г., Тацит го продолжува раскажувањето:

„За да ги отфрли тие гласини, Нерон ги пронајде виновните и ги предаде на најостри казни, оние кои народот ги мразеше заради нивните гадости и ги нарекуваше христијани (chrestianos). Христус (Christus), од кого го добиле името, бил осуден на смрт при владеењето на Тибериј преку еден од нашите прокуратори – Понтиј Пилат; и тоа пакосно суеверие – привремено загушено, повторно се прошири, веќе не само во Јудеја, од каде што злото потекнало, туку и во самиот Рим, каде што сите гнасни и срамни нешта на светот си наоѓаат центар и стануваат популарни…”

Consequently, to get rid of the report, Nero fastened the guilt and inflicted the most exquisite tortures on a class hated for their abominations, called Christians by the populace. Christus, from whom the name had its origin, suffered the extreme penalty during the reign of Tiberius at the hands of one of our procurators, Pontius Pilatus, and a most mischievous superstition, thus checked for the moment, again broke out not only in Judæa, the first source of the evil, but even in Rome, where all things hideous and shameful from every part of the world find their centre and become popular.

Cornelius Tacitus, The Annals

http://www.perseus.tufts.edu/hopper/text?doc=Tac.+Ann.+15.44&redirect=true

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s