Човек што преживеал клиничка смрт раскажува за помошта од преподобен Пајсиј Светогорец

Еден човек од Грција го сподели своето искуство со клиничка смрт, што го претворило од атеист и хулител на Христос и Богородица во христијанин.

Аргирис Мицис од селото Мегали-Вриси (Грција, 20ина km јужно од Дојран) раскажа што доживеал по неговата клиничка смрт и за чудесната помош од преподобниот свет старец Пајсиј. Расказот на поранешниот атеист е објавен на Youtube на 19 март 2021 год.

„Ако барем еден од стотина ми поверува на она што ќе го кажам, нема да биде лошо: барем една душа ќе се спаси. Тешко ми беше да одлучам да зборувам јавно, но подготвен сум да одговорам за моите зборови. Ако некои луѓе се сомневаат и велат дека „преувеличувам “, тогаш можам да им ги покажам документите од болницата, кои ја докажуваат вистинитоста на моите зборови“, вели Аргирис.

Тој раскажува дека порано водел погрешен начин на живот и „без престанок, ги навредувал со лоши зборови и хулел против Господ и Богородица“. Еден ден имал срцев удар и лекарите решиле итно да извршат операција. Во одреден момент, човекот умрел и се нашол „на некое друго место, во целосна темнина. Околу мене беа души на луѓе кои повикуваа за помош и бараа помилување. Наоколу имаше страшна смрдеа. <…> Сфатив дека сум во пеколот“.

Според неговите зборови, тој трпел страшни маки и „за прв пат по 48 години се обратил кон Бога со молитва“, по што видел како кон него доаѓа светлина и „млад човек со руса коса, светла брада и зелени очи. Ја стави раката на мојата глава и рече: „Не плаши се, јас сум тука“. Аргирис се разбудил и лекарите го известиле дека преживеал клиничка смрт. Тогаш, на неговата рака видел „изгореница во форма на круна, над која имало три шестки“.

„Кога бев во болница, спроти мојот кревет имаше една икона, а светецот што беше насликан на неа гледаше право во мене“ – продолжува Аргирис. – Постојано го чувствував неговиот поглед. Ја повикав медицинската сестра и ја замолив да ја земе таа икона и да ми ја покаже одблизу. Таа ми ја принесе иконата. Тоа беше свети Пајсиј Светогорец“.

Верата на преживеаниот од клиничка смрт сè уште била многу слаба, но, по совет на некој негов пријател верник, човекот отишол во манастирот, каде што за прв пат во животот се споведал. Во манастирот го „обземал страшен гнев“, но браќата се молеле за него три денови и три ноќи, по што „белегот со шестките скоро целосно исчезнал“.

Аргирис побарал да го однесат во Суроти, на гробот на свети Пајсиј Светогорец, и таму, според него, се случило второ чудо: му пристапила монахиња, го повикала по име и рекла дека „светецот ни кажа дека ќе дојдеш“. Таа прво го одвела до гробот, а потоа „му укажала најголема чест“ – го однела во ќелијата на светителот“.

„Оттогаш, мојот живот се смени многу. Живеам сиромашно, но Христос живее во мојот дом, а свети Пајсиј секогаш е со мене. За некои тој е само светец, но за мене тој е како татко. Откако го чувствувам неговото присуство во мојот живот, почнав да живеам сосема поинаку. Тој ме води и ме советува“ – вели човекот.

Кога, шест месеци подоцна, Аргирис повторно доживеал срцев удар и „легнал на операционата маса со шанса од десет проценти да преживее“, со него се случило уште едно чудо – како што кажува тој – пред него се појавил самиот светител.

„Лежев и гледав во таванот, кога одеднаш почувствував дека собата се исполни со пријатен мирис. И тогаш го видов свети Пајсиј. Тој рече: “Стани, мрзливецу, доста се излежуваш! Добро си. Стани и отстапи го креветот на друг болен”. Со медицински документи можам да потврдам дека два дена подоцна бев тргнат од сите уреди и почнав да одам. Мојот лекар може да ви го каже истото. Вториот ден, кога (лекарот) дојде кај мене, се чувствував одлично, како да не ме оперирале.

<…> Излегов од болницата и го живеам својот живот. Не знам што ќе мислите за она што го кажав. Ми дијагностицираа рак на грлото, но до денес сѐ уште не сум побарал од светителот да ме излечи. Секој ден се молам за целиот свет, а и… Не знам, можеби ова е дрскост, но го молам Господ, кога ќе дојде време да заминам во другиот свет, свети Пајсиј Светогорец да дојде по мене. Тој да ме фати за рака и да заминеме заедно…” – вели поранешниот атеист.

Извор: Переживший клиническую смерть рассказал о помощи прп. Паисия Святогорца

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s