Воскресението: Сила на Неговата Љубов

Христос воскресна! – Која порака може да биде посилна или поречита од оваа?

Што е полошо за човечкото постоење од смртта?

Ако „Исус Назареецот“ не нè искупи од смртта, зошто ни е потребно неговото учење, колку тоа и да е добро?

Пред две илјади години, во Ерусалим, Воскресението на Исус Христос ја преврте човечката историја, ги измени животите на милиони луѓе и ни даде надеж за живот, и овде и во иднина.

Сепак, тоа не може да се докаже. Го надминува разумот, ги обезсмислува пресметките, ги збунува чувствата. Тоа е настан во кој се верува, не може да се докаже. Се разбира, не велиме дека оние што веруваат во Воскресението, веруваат  бидејќи се лековерни или само затоа што други така им кажале, иако може да биде така на почетокот.

Верувањето дека „Христос воскресна“ произлегува од искуството на односот / врската со жива личност:

Се молиш, бидејќи ти Му зборуваш и Тој тебе ти говори.

Се причестуваш, затоа што сакаш да се соединиш со Него и Тој да биде соединет со тебе.

Се трудиш да ги запазуваш неговите заповеди, бидејќи Него го сакаш.

Кога Тој молчи, знаеш дека те слуша и ќе говори кога ќе дојде време.

Секогаш кога не го исполнува она што го сакаш, подоцна дознаваш дека знае што е најдобро за тебе.

Ако смртта не е крај на нас како личности, тоа е затоа што Христос воскресна!

Ако смееме да очекуваме дека болката и искушенијата може да се преобразат во состојба на благодат, тоа е затоа што Христос воскресна!

Ако може да се надеваме на промена во нашето тромаво и нарушено јас, со различните наследени и стекнати страсти што ги имаме, тоа е затоа што Христос воскресна!

Ако веруваме дека неправдата, угнетувањето, искористувањето и паролата „каде има сила – нема правда,“ го немаат последниот збор, тоа е затоа што Христос воскресна!

Воскресението Христово не е едно од неговите многубројни чуда, не се случи за докажување на неговата моќ, ниту за да ги демантира оние што го распнаа на крстот.

Тоа е совршен израз на Неговата љубов кон целиот човечкиот род, насекаде на земјата. Неговото Воскресение ги засега и влијае на сите: верници и неверници, христијани и нехристијани. Тој е Спасителот на светот, кого што го спасува од неговиот најголем непријател, смртта. Но, прифаќањето на Исус Христос како единствениот Бог / Човек, кој умира и воскреснува „за животот и спасението на светот“, е потребно, за неговото Воскресение да започне да станува наше воскреснување.

На празникот на празниците, Господовото Воскресение, да ги одложиме проблемите со пандемијата, рестрикциите и сите лични проблеми, што можеби ги имаме, и да дозволиме нашето срце да ги прегрне непријателите и пријателите, надминувајќи ја смртта која што е себичност, и да ја фатиме (испружената) рака на Воскреснатиот Господ, воскликнувајќи:

Христос воскресна! Навистина воскресна!

Отец Андреас Агатоклиус

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s