Зошто некои не го сакаат Воскресението?

За оние што не се сомневаат, можеби звучи грубо тврдењето дека, сите христијани не го сакаат Воскресението. Навистина, кои слепи не би сакале да им се врати видот; кој болен не би сакал да се излекува? И Христовото Воскресение е токму очи во темнината на нашето злобно слепило, здравје во грозоморната болест на нашата смртност, спасоносно бегство од ќор-сокакот на овој свет во светата вечност, наш премин од распаѓање кон трајност.

Воскресението е непобитен факт; не зависи од нашата вера. Тоа е основа и поддршка на нашата вера. Пред две илјади години, нашиот Господ Исус Христос, кој во восвојата личност ги соедини Бог и човекот, Божјата и човековата природа, се бореше со смртта и изгледаше дека го снајде судбината на смртниот Адам. Умре и беше погребан. Но, бидејќи Исус Христос не беше обична личност, тој не остана во гробот, туку воскресна и беше виден – многу луѓе го видоа и го препознаа. Ја победи смртта и воскресна. Излезе од гробот жив, откупувајќи го човечкиот род од власта на смртта и од смртниот страв.

Сепак, луѓето не го сакаат Воскресението. Не мора да бараме далеку или да правиме посебна студија за да разбереме дека денешното општество, дури и номинално „христијанското“ општество, воопшто не е приемчиво за Воскресението на Исус Христос. Само еден поглед околу нас е доволен да согледаме дека многу луѓе се приврзаници на епикурејскиот материјализам, на догмата: „Јадете, пијте и веселете се, зашто утре ќе умреме“. Тие не можат да видат ништо зад надгробниот споменик, затоа што се заробиле во нештата на овој свет. Ова е причината зошто младите и старите паничат од помислата на каква било општествена криза. Загубата, или само ограничувањето на удобноста и условите што ги уживаат, им изгледаат неподносливи. За нив е неподносливо да останат незадоволени нивните чувства и желби, несфатливо им е да бидат лишени од своите задоволства.

Во секој случај, како настан надвор од областа на човековиот разум, Воскресението беше напаѓано уште од самиот почеток. И навистина е тешко да се разбере и претставува предизвик за нашето размислување тоам дека првите и најупорните сомневачи во Воскресението се токму оние од кои би се очекувало да го прифатат без резерва, односно – самите ученици на Исус Христос. Она што го виделе и доживеале додека биле со Исус, ги убедило дека тој е Месијата, кого тие го ограничија на земно разбирање. Тие не го сакаа Месијата за кој зборувале пророците. Тие не можеа да го замислат таков, каков што тој всушност се појави – скромен и кроток. Според нивниот начин на размислување, Месијата требало да биде незапирлив освојувач, семоќен цар, непобедлив светски владетел. Тие беа горди на него и го фалеа кога ги нахрани мноштвата и го воскресна мртвиот Лазар. Како би можеле да прифатат дека Месијата ќе умре и биде погребан? Затоа, кога го видоа прикован на Крстот, а потоа мртов во гробот, се збунија и се обесхрабрија. Само непријателите на Христос беа загрижени во случај да воскресне, како што беше рекол тој. Тие брзо го обезбедиле гробот и поставиле стража да го чување. Против кого ги презеле тие мерки? Против преплашените и очајни ученици кои јасно признаа: „Се надевавме дека тој ќе го откупи Израел“ (Лк 24, 21)? „Се надевавме“ – означува минато свршено време. Нивните надежи биле изгубени, уништени.

А сепак Исус ги скрши ‘резињата на Адот’ и воскресна. Оној што поучуваше за вистината што осветува и ослободува, кој ја покажа својата божествена власт со знаци, исцеленија и воскреснвање на мртви, сега ја потврди таа вистина со знакот над знаците, со своето Воскресение. Уверени од неговите појавувања по воскреснувањето, неговите дотогаш исплашени ученици станале апостоли и го изложиле пред светот своето сигурно сведоштво дека „Христос воскресна“. Значи, од празниот гроб на воскреснатиот Исус, засветли светлината на надежта. Отворено е нашето вечно блаженство, се отвори нов пат во нашиот живот, по кој чекориме со покајание и вера.

Овде е проблемот за денешните луѓе. Тие не го отфрлаат Исус. Тие се восхитуваат на неговата добрина и ги сакаат сите придобивки што ги дарувал додека бил на земјата. Воскресението е тоа што им пречи. Ако Исус останеше мртов во гробот, многу луѓе повеќе ќе го сакаа. Тој не е добродојден и е мета на напади денес, токму затоа што воскреснал и објавувањето на Неговото Воскресение како свој директен придружен пропис ја има заповедта да се покаеме и да се бориме со своите страсти.

Христос кој не воскресна, лесно може да биде асимилиран од безбројните богови и божици на паганизмот, кои не само што не ги забрануваат, туку и активно ги поттикнуваат страстите. А, што со Воскреснатиот Христос, кој вели: „Бев мртов, и ете, жив сум за сите векови“ (Откр 1, 18)? Ќе му дозволите ли да ги казнува вашите престапи, да ја ограничува вашата злоба и да го уредува вашиот животот? Ова е причината, зошто многумина не го сакаат Воскресението.

Стергиј Сакос

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s