Етичките проблеми на сексологијата и на сексопатологијата (2)

Ирина Василевна Силуjaнова — управител на катедрата по биомедицинска етика на Рускиот државен медицински универзитет, доктор на филозофски науки, професор.

Хомосексуализмот како медицинска и социјална појава

Пример за преплетување на медицинските и социјалните проблеми е современата тенденција за легализација на хомосексуализмот. Во јануари 1993 год. стапила во сила 10-тата ревизија на Меѓународната класификација на болестите. За првпат, откако постоеле периодични ревизии, хомосексуализмот бил отстранет од категоријата на болести и определен како сексуална ориентација која, согласно на Забелешката, сама по себе не се разгледува дури ниту како растројство. Потоа, во април 1993 год. се донесува нова редакција став 121 од Кривичниот законик на Руската Федерација, каде за првпат, наспроти многувековната традиција, отсуствува ставот за лична одговорност за хомосексуализам (мужеложество). Во новиот Кривичен законик на Руската Федерација кој стапил во сила од 1 јануари 1997 год., кривична одговорност е предвидена само за насилни дејства од сексуален карактер (ст.131). Познато е дека, Кривичниот законик уште во 1990 г. хомосексуализмот го третирал во „престапите против животот, здравјето и достоинството на личноста.“ Сѐ до 1990 г. медицинарите го определувале хомосексуализмот како „најраспространета полова изопаченост.“ А, во што е причината на тие остри промени? Клучна основа е развојот на медицинската наука. Во текот на многу векови хомосексуализмот се сметал за етички порок и не бил предмет на медицинско истражување. Во првата половина XIX век започнува да се проширува односот кон хомосексуализмот како кон патолошка појава. На прашањето за причините на хомосексуализмот, медицинската наука одговара, поаѓајќи од 7 позиции. Прва е генетската, според која хомосексуализмот е наследна патологија. Втората е неврогена, која го поврзува хомосексуализмот со церебрални оштетувања. Од гледна на третиот, ендокриниот пристап, во основата на хомосексуализмот лежат ендокрини нарушувања (на пример, тумори на кората на надбубрежните жлезди). Објаснувањата на невроендокриниот (четвртиот модел) и пренаталниот (петтиот) модел настапуваат на ниво на промени во хормоналните процеси на плодот во формирање. Шестиот, психоаналитичкиот пристап го објаснува хомосексуализмот како последица на рана фиксација кон мајката. Патологичноста или инверзивноста на хомосексуализмот, за Фројд не предизвикувала сомневања. „Клиничкиот портрет на хомосексуализмот“ до денес не можат да му го простат многумина современи „сексуални либерали“. Седмата позиција до неодамна доминирала во руската психијатрија. Тоа е условно рефлекторна или дизонтогенетска концепција на хомосексуализмот, според која „изопачувањето на психосексуалните ориентации се формира во постнаталниот период, под влијание на околните (психосексуални) фактори, на патолошки изменета основа или заради лоши влијанија.“140

П. Ганушкин уште во 1933 год. напишал: „Сосема несомнено е дека, како по правило, кај мнозинството луѓе пред да настапи половата зрелост половото тежнеење се одликува со голема нестабилност, особено во однос на целта и објектот тежнеењето.141 Практично сите истражувачи разликуваат два вида хомосексуализам: активен (вроден, „вистински“ ) и пасивен (стекнат, „културален“). Активниот хомосексуализам ја сочинува „главната група,“ застапена со 1% до 4%  кај мажите и од 1 % до 3% кај жените, која се репродуцира со биолошка неопходност и е антрополошка особеност на која било култура, вклучително и древните. Степенот на распространување на хомосексуализмот т.е. растот на показателите „на стекнати“ хомосексуални отклонувања, директно зависи од културните влијанија, во кои спаѓаат позитивните либерални поставки на општеството, „модата“, негативизмот во однос на традиционалниот морал, основан на Стариот и Новиот Завет итн. Како форма за оправдување на хомосексуализмот, за многумина истражувачи претставува идеализацијата на паганската сексуалност. На пример, д-р Д. Исаев констатира постоење на хомосексуални врски кај античките богови – меѓу Зевс и Ганимед, Аполон и Хијакинт, Ахил и Патрокло, Херакле и Хилас. Им припишуваат хомосексуалност на Зенон, Сократ, Платон, Александар Македонски и др. Поимот „ерос“ се толкува како „симбол на хомосексуалните врски.“142

Таквите истражувања не се нови. Уште во 1909 г. Г.Милер во своето фундаментално истражување „Половиот живот на човештвото“ ги отфрла тие мислења како некоректни толкувања на заинтересираните лица.143 Најубедливи во врска со тоа се следните искази на Платон во „Закони“: „Заради склоноста… на жени кон жени и на мажи кон мажи се случуваат безброј неволји, како за поединечни луѓе, така и за држави… Таквите односи се нечестиви, богопротивни и посрамни од сѐ што е срамно… Кои од луѓето ќе се реши сето тоа да го озакони?“144 Несанкционирањето на кривична одговорност за хомосексуалност (мужеложество) во современото законодавство во голема мерка е условено од мотивите „толеранција и хуманизам“ во однос на болните луѓе. На пример, д-р И.Деревјанко пишува: „Хомосексуализмот е клиничка пројава на аномалија.“145 Притоа тој наведува ваква статистика: 60% од општиот број хомосексуалци себеси не се чувствуваат болни. Само 25% страдаат и сакаат да се излечат. Тоа чувствување на нивната нездравост, како што сметаат многумина специјалисти, е условено од конфликтот со традиционалниот морал. Во англо-американска култура пристапот е различен. За последните 30 години основната тенденција за решавање на овој проблем се сведува на проценка на хомосексуализмот како варијанта на нормата, со што прашањето за терапија станува беспредметно. Интересно е дека неколкумина руски специјалисти по ова прашање заземаат непомирлива позиција: „Ние не можеме да се согласиме со такво гледиште“146. Односот кон хомосексуализмот во европската култура поминал три стадиуми. На првиот стадиум се сметал за еден вид изопаченост, на вториот стадиум, како резултат на медикализација на проблемот – се сметал за болест, и на третиот, современиот стадиум, како норма. Притоа, еден од начините за премин од вториот на третиот стадиум е негирањето на нормите и вредностите на традиционалниот морал. Навистина, откажувањето од традиционалниот морал, ако и не ги лекува, тогаш ги претвора многуте видови на сексуална патологија (каде што спаѓа и хомосексуализмот) во норма. Постоечкиот биопсихолошки идентитет на хомосексуалецот бара етичко-светогледен (т.е идеолошки – заб. на прев.) идентитет. Но, притоа недозволиво е да се забораваат луѓето, за кои принципите на традиционалниот морал – не се апстрактни, празни идеи, „туку начин и смисла на нивниот живот.“ Во системот на нивниот светоглед хомосексуализмот a олицетворување на целосна противприродност, којашто го води човештвото како вид кон деградација, и на степен на наталитет и на етичко ниво. За следбениците на традиционалниот морал од „главната група“ на хомосексуалците (извиканите 4 %), неограничена ниту правно, ниту етички, претставува опасност и постојано фактор на ризик (опасност од заведување на децата и младината).

Религиозна оценка на хомосексуализмот

Протојерејот В.Зењковски во книгата „На прагот на зрелоста” пишува: „Заплашува тоа, дека тој порок е многу повеќе проширен, отколку што се мисли… Важно е да се чуваат децата да не бидат загрозени од страна на изопачените возрасни луѓе.“147

Библискиот морал во текот на вековите неколебливо го попречува патот на таа беда. Во книгата Левит се определува: „Не легнувај со маж како со жена: тоа е одвратност… Ако некој легне со маж како со жена, и обајцата извршиле гнасно дело: да бидат убиени, виновни се.“ (Левит 18,22; 20,13). Во Посланието до Римјаните апостолот Павле го опишува нечестието и неправдата „на луѓето, кои вистината ја држат во неправда“ (Рим1, 18). „Затоа Бог ги предаде на срамни страсти: жените нивни природните потреби ги заменија со противприродни; и мажите исто така; оставајќи го природното зближување со женскиот пол, се распалија со желби еден кон друг, и вршеа срамни работи мажи со мажи, добивајќи отплата каква што одговараше на нивната заблуда. И бидејќи не се обидоа да Го имаат Бога во разумот свој, тоа Бог ги предаде на изопачен ум – да го прават она, што не прилега; бидејќи исполнети со секаква неправда, блудство, лукавство, користољубивост, злоба; полни со завист, убиства, расправии, измами, лоши нарави; оговарачи, клеветници, богомрасци, силеџии, фалбаџии, горди, измислувачи на зло, непослушни кон родителите, неразумни, неверни, недружељубиви, непомирливи, немилостиви. (Рим1, 26-31). Во “Основите на социјалната концепција на Руската Православна Црква” хомосексуализмот бескомпромисно се осудува, „како гревовна повреда на човечката природа, која се надминува со духовен напор кој води кон исцелување и кон личностно растење на човекот. Хомосексуалните склоности, како и другите страсти што го мачат падниот човек, се лекуваат со Светите Таинства, со молитва, со пост, со покајание, со читање на Светото Писмои светоотечки дела, а исто така со христијанска комуникација со верни луѓе кои се подготвени да укажат духовна поддршка. Однесувајќи се со пастирска одговорност кон луѓето со хомосексуални склоности, Црквата истовремено одлучно се спротивставува; гревовната тенденција на обидите да претстави како „норма”, или пак, предмет на гордост и пример за подражавање. Токму затоа Црквата ја осудува секоја пропаганда на хомосексуализам. Не негирајќи ги никому основните права на живот, на уважување на личното достоинство и учество во општествените работи, Црквата, сепак, смета дека лицата кои пропагираат хомосексуален начин на живот, не смеат да вршат учителска, воспитна и друга работа меѓу деца и млади, ниту да заземаат начална положба во армијата и поправните институции.148

Белешки

[140] Качаев А., Пономаревг. Возрастная динамика и условия формирования мужского гомосексуализма // Журнал неврологии и психиатрии. 1988. Т. 88. Вып. 12. С.79.

[141] Цит. по: Свядощ А. Женская сексопатология. М., 1991. С.96.

[142] Исаев Д. Гомосексуализм в Древней Греции. С.149-150.

[143] На пример, познато е дека германскиот психијатар Г.Гизе, кој тврдел дека хомосексуализмот не е сексуална изопаченост, а е само аномалија во однос на нормативните барања на човечкото живеење, сами страдал од таа болест.

[144] Платон. Законы // Соч.: В 3 т. М., 1972. Т.3. Ч.2. С.318,321,319.

[145] Деревянко И. Гомосексуализм: Причины и лечение. Ставрополь. 1990. С.4.

[146] Свядощ А. Женская сексопатология. С. 91.

[147] Зеньковский В., протолиер. На пороге зрелости. М., 1991. С.45-46.

[148] Основы социальной концепции Русской Православной Церкви. С.84.

Превод (со скратувања) од: https://bit.ly/3wRipCo

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s