Етичките проблеми на сексологијата и на сексопатологијата (3)

Ирина Василевна Силуjaнова — управител на катедрата по биомедицинска етика на Рускиот државен медицински универзитет, доктор на филозофски науки, професор.

Транссексуализам

Во почетокот на 90-ите години руските специјалисти недвосмислено го определуваа транссексуализмот  како полова изопаченост, чувство на припадност на спротивниот пол149 или како „најостро изразена главна група на вродениот хомосексуализам.“150 Тие определби соодветствувале на 9-тата Ревизија на Меѓународната класификација на болестите од 1975 год., во која транссексуализмот бил сместен во поглавјето „Полови изопачувања и нарушувања.“ Во воведот на 10-тата Ревизија точно се утврдува дека во XX век настанале суштински измени во структурата на патологијата на населението. Сепак, суштински измени се случуваат и во разбирањето на самата патологија. Во 10-тата Ревизија јасно се диференцираат „растројствата на полово претпочитање“ од „растројството на полова идентификација.“ Во тие растројства бил вброен и транссексуализмот. Тој бил определен како „желба да се живее и да се биде прифатен во својство на лице од спротивниот пол, која што вообичаено била придружена со чувство на неадекватност или дискомфорт од својот анатомски пол и желба да се добие хормонално и хируршко лекување, со цел своето тело да се направи што посоодветно на избраниот пол.“151 Меѓу факторите на негативниот општествен однос кон транссексуалците водечко место зазема гледиштето, според кое, транссексуализмот е појава блиска до она што било прифатено да се нарекува „сексуална изопаченост“ т.е. недоволно-јасното разликување на транссексуализмот и хомосексуализмот, хермафродитизмот, бисексуалноста. Меѓу наброените состојби постојат и врски и разлики. Хермафродитизмот е карактеристика на организам со признаци на анатомско-физиолошка двополост, бисексуальност – карактеристика на личност со двополова насоченост на сексуалните тежнеења. Транссексуализмот е емоционално-психичка карактеристика на личноста, којашто се одрекува од својот биолошки пол. Последниве години меѓу специјалистите преовладува мислење дека оваа состојба не спаѓа во сексуални изопачености. Тие сметаат дека чувствувањето на себеси како (припадник на) другиот пол се појавува во детска возраст и го придружува формирањето на свеста за себе т.е. самосвеста. Транссексуалецот го „зема“ полот преку хируршки пат. Обидот на трансексуалецот да го коригира своето тело соодветно со психичкото чувство за полова припадност т.е. желбата да добие хируршко лекување, наоѓа остварување во современата медицинска практика. Транссексуалната хирургија е еден од новите правци на медицината, кој станал одраз на реалните промени во етичко-светогледната и во правната свест на европскиот човек. Медицинските достигнувања во тој правец се покажале како медицинско средство за обезбедување на тие промени, средство за опслужување на правата на пациентот, конкретно правата за промена на полот. Првата операција за корекција на полот била извршена во 1951 год. во Данска. Во денешно време, и на Запад и во Русија, се извршуваат такви операции. На пример, според сведоштвото на доктор А.Акопјан, директор на Центарот за репродукција на човекот, во последните пет години во центарот биле извршени околу 200 такви операции. Овој број покажува дека „транссексуалците“ не се многубројна група пациенти. Според статистиката тоа би бил 1 од 100 илјади луѓе. Но без оглед на бројната незначителност, степенот на емоционалното влијание од трансексуализмот на општествената свест (така барем сметаат медиумите) е многу големо. На што се должи тоа? Самиот термин транссексуализам го вовел Г.Бењамин во 1954 година. Се поставува прашањето: дали таа состојба е принципиелно нова т.е. дали е пример за современите промени во структурата на патологијата на луѓето или пак, таа појава веќе била позната за културата? Истражувањата покажуваат дека, освен што била позната, таа појава многупати била и опишувана. В.Розанов таа појава ја нарекувал „физичка содомија“ и ја сметал за физиолошка основа на различните видови  религиозна егзалтација, која што се сретнува во паганизмот и во некои религиозни секти. На пример под терминот „чистота“ секташите – скопци подразбирале „отсекување на срамните органи,“ што било  главен белег за припадност кон сектата. (…)  Во Библијата може да се прочита: „Оној што е скопен или кастрен не влегува во општеството Господово“ (Пов. Закони 23,1).

Библиската традиција со векови формирала негативен однос  кон  „страдалниците на полот“ спротивно од   паганската култура. „Исклучителноста“ која во паганството добила  религиозна карактеристика, во христијанската култура добивала форма на социјално-етичка дегенерација. Таа традиција го утврдила архетипот на негативен етичко-емоционален однос кон „трансексуалците“ во општеството. Нашата Православна црква смета дека намерата  за „откажување од полот што  Творецот му го определил на човекот, може да има  само погубни последици  за понатамошниот развој на личноста. „Смената на полот“ со помош на хормонални терапии и хируршки операции во многу случи доведува, не до разрешување на психолошките проблеми, туку кон нивно продлабочување, создавајќи длабока внатрешна криза. Црквата не може да одобри таков вид на „бунт против Творецот“ и да ја признае за вистинска вештачката промена на половата припадност… Од транссексуализмот треба да се разликува неправилната идентификација на полова припадност во раното детство како резултат на лекарска грешка, поврзана со патологијата на  развојот на половите карактеристики. Хируршката корекција во ваков случај не носи карактер на промена на полот.”154 Медицинската помош мора да се укажува како средство за лекување на патологијата на половата идентификација, а не како средство за поддржување на сексопатолошките и секташко-религиозните ориентации.

Превод (со скратувања) од: https://bit.ly/3wRipCo

Белешки

[149] Тимошенко Н., Афонинв. Популярная сексология. Томск, 1990. С.172.

[150] Свядощь А. Женская сексопатология. С.92.

[151] Международная классификация болезней (10-й Пересмотр): Классификация психических и поведенческих расстройств. СПб., 1994. С.212.

[154] Основы социальной концепции Русской Православной Церкви. С.84-85.

Прилог: Упатство за третманот на транссексуализам од Министерството за здравство на Р.М.
http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2015/08/Transeksualizam.pdf

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s