Дали полот е само состојба на умот?

Според античкото хеленско предание, сѐ има суштина (essence) – вродена природа која е определена од целисходноста. На пример; природата на дабовиот желад е да стане дабово дрво, природата на јајцето е да стане птица. Слично, луѓето имаат природа, која, ако биде соодветно проследена, како резултат ќе имаат „добар живот.“

Ова тврдење преовладуваше речиси 2500 години, додека Жан Пол Сартр не објави дека „егзистенцијата ѝ претходи на есенцијата.“ Според Сартр, есенцијата (природата) на човештвото не е вродена и утврдена; таа е појавна и изменлива, обликувана од кулминативните искуства на нашиот живот. А, бидејќи секој од нас го доживува животот поинаку, нашите природи се толку разновидни, колку и нашите ДНК.

Едноставниот слоган на Сартр ја преврте античката мудрост, станувајќи ѓуле за уривање за генерација од сонувачи кои по кафе-баровите планираа да ги изедначат основите на доброто и злото, на добродетелта и порокот, на убавото и грдото. Но, во последните 40 години, веројатно, ниту една друга промена не била толку збунувачка (disorienting) како изедначувањето на половите.

Креативна игра на зборови

До неодамна, пред неколку децении, беше општоприфатено дека постојат два вида човечки суштества: мажи и жени – поделени според нивните различни и комплементарни улоги во половото размножување. Но, тоа почна да се менува со појавата на феминизмот.

Во средината на 1960-тите, чувствата на експлоатација во културата во која доминираат мажите го иницирале движењето, со цел – добивање социјална и политичка еднаквост за жените. Пресудна улога во движењето имала Бети Фридан, која во својата книга Женската мистика (The Feminine Mystique, 1963), ја поврзала експлоатацијата на жените со културно-наметнатите стереотипи, кои ги ограничувале (жените) на улогата на домашен работник. Се тврдело дека, за да се ослободат од машката доминација, мора да се раздвојат општествено-создадените и биолошките аспекти на женскоста. Но, прво, малку креативна игра со зборови.

Пред шеесеттите години, „gender / род“ се користел првенствено како граматички термин за класифицирање на машки и женски именки во различни јазици. Феминистичките мислители веднаш забележале дека, како и културните разлики меѓу половите, и лингвистичките класификации на полот изгледале во голема мера произволни. Откако бил вклучен во феминистичката агенда, „gender / родот“ бил поврзан со зборови како: „идентитет“, „улога“ и „ориентација“ – термини што изразуваат слободни чувства и ставови, а не генетика и биологија.

На пример, „gender-ен идентитет“ било нечие чувство да се биде маж или жена, „ gender-на улога“ – јавното изразување на својот родов идентитет и „gender-на ориентација“ – нечија вообразена (romantic) наклонетост кон лица од спротивниот пол или кон лица од истиот пол. Во секој случај, „ gender / родот“ се однесува на несуштинските карактеристики на половоста, кои се припишуваат на воспитувањето и околината.

Меѓутоа, како што „ gender / родот“ станувал сѐ пораспространет, станувал и синоним за „пол,“ редуцирајќи го „полот / sex“ до термин за половите односи и други полови дејства. Всушност, „род / gender“ конечно го примил дури и значењето na биолошкиот пол. Прилично социјална конструкција од група којашто е спротивставена на општествените структири.

Queer теорија

И покрај лигвистичкото жонглирање, повеќето феминисти сѐ уште го сметале gender / полот за бинарна класификација на мажите и жените. Меѓутоа, порадикалните мислители го сфаќале како спектар по кој половиот идентитет, половите желби и постапки се движат како слободни променливи (variables). Во првите редови на фронтот биле Мишел Фуко и Џудит Батлер, архитектите на „квир теоријата“.

Квир теоријата го следи правецот што го трасирал Сартр. Според Фуко и Батлер, gender / родот не е вродена карактеристика, одредена од нашите гени и ограничена од нашите физиолошки органи и хормони; тоа е нешто што го извршуваат нашите полови желби. Во согласност со „егзистенцијата ѝ претходи на есенцијата (на суштината, на природата)“, нашиот gender / род е збир од вкупните полови однесувања кои не се поврзани со каква било вродена цел, како што е продолжувањето на родот. Тоа е палета со искуства од која можеме разиграно да мешаме од еклектичниот асортиман на полови однесувања, за да го обликуваме нашиот идентитет.

И во ерата на Избор и Само-остварување – кои се Коработ и Гралот на радикалниот индивидуализам – кој може да полемизира, особено кога овие теории се поддржани од почитуваните власти?

Од „Експертите“

„Националната работна група експерти“ која го дефинира „родовиот идентитет“ како наше „внатрешно чувство да се биде маж, жена или комбинација од нив“. Звучи познато? Покрај тоа, работната група вели, за разлика од „биолошкиот пол“, кој се однесува на фиксни физиолошки разлики, родовиот идентитет може да се промени со текот на времето.

Од кажаното до овде, може разумно да се заклучи дека „gender / полот се однесува на личните чувства што можат или не можат да го одразат нашиот вистински пол. Да, но тоа не е сѐ.

Гледате, иако работната група признава дека родовиот идентитет може да биде противречен на биолошкиот пол, таа исто така инсистира на тоа дека е „дел од она што е личност“. Така, правејќи го полот променлив и разновиден производ на нашите чувства и со издигнување до основен аспект на личноста, прашањето: „Дали си момче или девојка?“ – стана не само потешко за одговорање, туку и сосема неумесно. Повеќе за тоа малку подоцна.

„Работнатата група“ е советодавно тело на Советот за информации и едукација за половост на САД (SIECUS) – водечки дистрибутер на материјали за полово образование во јавните училишта – чии изјави за gender / родот се вклучени во нивните „Упатства за сеопфатнo Сексуално образование: К-12“. SIECUS може да се пофали дека се дистрибуирани над 100.000 копии од нивните упатства, со повеќе од 1.000 преземања месечно на училишните администратори, воспитувачи и други.

Во високото образование, идеолозите на новата сексуалност ги пропагираат своите ставови на сите места, на часовите по литература на колеџите. Така, она ​​што може да се смета за тема на психологијата, социологијата или дури и на филозофијата, е вградено во наставните програми на многу англиски филолошки факултети. На пр., десет членови на Катедрата за англиски јазик од „Корнел“ ги наведуваат своите „научни и професионални интереси“ како родови студии и/или геј и лезбејски студии – теми што се вклучени во десетина курсеви за англиски студии на Корнел.

Мало изненадување, во она што еден мој пријател неодамна го научи на додипломските студии по литература: За време на истражувањето на женските книжевни дела, професорот на мојот пријател тврдел дека децата не се раѓаат машки или женски, туку како родова смеса, некаде надвор од машко-женскиот континуитет. Професорот, понатаму рекол дека полот не е одреден од генетиката, туку од психолошките потреби и социјалното воспитување.

Ако треба сериозно да ги сфатиме овие ставови, тогаш овде има некои длабоки импликации – од кои не е најневажно што да правиме со сите тие обрасци и прашалници на нашиот бирократски комплекс. На пример, полињата со ознака „пол“ на апликациите за работа, анкети за клиенти и медицински тврдења – да споменме само неколку – ќе треба да се отстранат. Претпоставувам дека ќе треба да се заменат со лизгачка скала: знаете, лента на која ќе означите каде сметате дека припаѓате во родовиот спектар. Но, внимавајте! Бидејќи тоа може да се менува од ден на ден, ќе треба да постои начин за соодветно ревидирање и повторно поднесување. Настрана целата забава, некои луѓе ги сфаќаат овие идеи сериозно, многу сериозно.

Чувствувањето е реалност

Во својата книга „The Right Questions (Вистински прашања),“ Филип Џонсон раскажува за студент кој „открил“ дека е девојка. Кога им го соопштил тоа на своите родители, тие – благо речено – биле запрепастени. Истовремено, тие биле беспомошни во оспорувањето на неговото ново спознание. Родителите, како и нивниот син, ги имале прочитано сите литературни дела од идејните лидери што го менуваат родот и ги одобрувале нивните теории – се додека тие теории „не зеле данок“ во нивното семејство.

Потоа, да го спомнеме и случајот со трансвеститот, кој добил обесштетување од New York Metropolitan Transit Authority затоа што бил уапсен, откако користел јавен тоалет. Па, не кој било тоалет – туку, тоалет за жени. Хенри Мекгинис, 70-годишен техничар кој го носи името Хелена Стоун, ја бранел својата постапка, велејќи: „Јас 24 часови сум жена. Се чувствувам како жена и сакам да носам женска облека.“

Поради чувствата на Хенри / Хелена – како и правниот притисок од Фондот за правна одбрана и едукација на трансродови лица, МТА се согласиле да им дозволат на поединци да ги користат нивните јавни простории „во согласност со нивното родово изразување“. Се сомневам дека оние чиј „родов израз“ вклучува облекување како жени за воајеризам или нешто друго уште полошо, можат само да претпоставуваат до каде ќе стигне тоа одобрување.

И покрај новите опасности што произлегуваат од одлуката, таа беше прифатена без проблеми од 23-годишна студентка: „Не ми пречи бидејќи тоа е реалност. Ако веруваат дека се жени, треба да се третираат како такви.“ Се чини дека, барем за оваа млада жена, чувствата создаваат реалности што им даваат определни права на некои типови. И експертското тело на SIECUS се согласува. Во нивните К-12 упатства за сексуална едукација, тие тврдат: „Сите луѓе имаат право да го изразат својот gender / родов идентитет“. Со апелирање на терминот „права“, неограниченото изразување се издига над физичката безбедност на жените, отворајќи го патот за апсурдни и опасни исходи. Дали споменав дека сето ова започна како реакција на експлоатацијата на жените?

Тестирање на теориите

Иронично, ова „право“ исто така ги става во опасност и самите лица на кои треба да им служи; особено оние како „Хелена“ кои доживуваат психо-емоционален стрес, бидејќи нивниот идентитет не е во согласност со нивната физиологија. За да им помогне на таквите лица, лекарот има две опции: терапија или операција.

Во терапевтската опција, полово-конфликтната индивидуа оди на советување за да го преориентира својот полов идентитет во согласност со неговото тело. За оние кои се убедени дека нивната ориентација е непроменлив факт на животот, постои можност за хируршка реконструкција за да ги усогласат своите тела со нивните желби.

Додека теоретски, хируршката опција изгледа ефикасно решение за полово-збунетите, во реалноста е поинаку, како што дозна д-р Пол МекХју (професор по психијатрија на Универзитетот Џонс Хопкинс).

Д-р МекХју сакаше да знае, дали операцијата за промена на полот резултирала со подобрена психо-емоционална стабилност. За да дознае, тој спровел дополнителни студии на лица кои биле подложени на такви процедури.

Д-р МекХју открил дека психолошкото здравје на овие луѓе се променило малку. Повеќето од испитаниците продолжиле да ги доживуваат истите емоционални проблеми како и пред операцијата. Така, МекХју заклучил дека хируршките операции на трансродови возрасни лица „е фундаментално поврзано со ментална болест“ и дека лекарите ќе бидат поодговорни ако ги фокусираат своите напори на психологијата на нивните пациенти, а не на нивната физиологија.

Д-р МекХју, исто така, извести за група момчиња родени со аномалии на гениталиите. Уверени од лекарите дека полот на нивните деца ќе биде во согласност со хируршката операција, ако се воспитуваат како жени, родителите со доверба се согласиле нивните деца – момчиња да се подложат на операции за промена на полот. Сепак, дури и со женски гениталии и редовно инјектирање хормони, сите момчиња покажале ставови и интереси соодветни на мажи, иако биле воспитувани како девојки.

Друг случај се однесува на оперирано момче, кое израснало како да е девојка, но, откако дознало за неговиот генетски пол, повторно се вратило во машки пол. Трагично, како што пренесува МекХју, момчето доживеало тешка депресија и конечно извршило самоубиство.

Ваквите наоди ги убедиле МекХју и персоналот на „Џонс Хопкинс“ дека, пред да се донесат некакви радикални одлуки за полово прераспределување, децата со неправилни или амбивалентни гениталии треба да се социјализираат според нивниот генетски пол.

Студиите за возрасни и деца укажле дека, иако социјалните фактори можат да бидат влијателни, првенствено генетиката е таа што го дефинира нашиот полов идентитет. Не е ни чудо што реконструираното (re-engineered) тело се покажува како неостварливо и, во некои случаи, резултира со поразителни последици за конфликтниот пациент. Додека не бевме индоктринирани од културната елита, таквите резултати беа очигледни самите по себе (axiomatic).

Бизаро-сексуалност

Според мудроста на културната елита, особено на оние во академската кула од слонова коска, кои се отсечени од реалниот свет, е дека полот е постојано променлив, тој е внатрешно чувство да се биде маж, жена или комбинација од двете. Навистина, тие би рекле дека воопшто нема разлика помеѓу мажите и жените, тоа се само стереотипни улоги во кои сме социјализирани од културата воопшто.

Спротивно на тоа, истите тие луѓе тврдат дека сексуалната ориентација – без разлика дали е вообичаена (straight), геј, лезбејска или бисексуална – е апсолутно утврдена човечка карактеристика. Ние сме родени со привлечност кон спротивниот пол, кон нашиот пол, или и кон двата пола, и нема лек, терапија или просветление што ќе ја изменат таа предиспозиција.

А што се случува кога хетеросексуален маж почнува да се чувствува како жена? Дали неговата постојна привлечност кон жените го прави лезбејка? И да претпоставиме дека некој хомосексуалец го привлекува маж кој верува за себе дека е жена и се облекува како жена; зар првиот не треба само да се декларира како хетеросексуалец и работата е средена?

Ваквите пермутации се можни во бизарниот свет на „интелигенцијата.“ Зашто, само во нечија изолирана фантазија, нешто што е очигледно вродено, како полот, може да се смета за производ податлив на личните чувства, додека половото преферирање се смета за непроменлив факт на животот.

(Фунда)Ментално различни

Според Квир теоријата, човекот се раѓа, не како маж или како жена, туку како комбинација од двата пола, тврдење што се протега дури и до биологијата. Тоа е воспитание, а не природа, она што нѐ прави еден или друг gender / пол, тврдат овие тнр. „научници за полот.“

Новиот напредок во науката и медицината се чини дека го покажува обратното. Навистина, истражувачите во широк спектар од научни дисциплини наоѓаат сѐ повеќе докази за многу реални и изразени разлики помеѓу мажите и жените, кои имаат сериозни последици по нашето емоционално и физиолошко здравје. Ова посебно се однесува на проучувањата на мозокот. Според едно издание на „Психологијата денес (Psychology Today)“, „следната фаза на напредок против нарушувањата како депресија и срцеви заболувања е основана на анализата (cracking) на бинарниот код на биологија. Повеќето состојби се обележани со изразени родови разлики во опфатот или надворешниот изглед“.

Имајќи го тоа на ум (без намера за играње со зборови), еве само неколку од многуте невролошки разлики помеѓу мажите и жените, наедно со тоа; што значат овие разлики за здравјето и однесувањето на двата пола:

** Момчињата и девојчињата се подеднакво склони кон депресија до 13-годишна возраст. Подоцна, жените произведуваат повисоко ниво на хормон за стрес и имаат потешкотии да го запрат тоа производство. Женскиот полов хормон прогестерон го спречува исклучувањето на системот на хормонот за стрес, и токму таа постојана изложеност на хормоните за стрес, што ги убива мозочните клетки, ги прави жените повеќе подложни на Алцхајмерова болест.

Жените имаат резервни гени (backup genes) кои го штитат нивниот мозок од оштетување. Нивните клетки добиваат двојна доза на Х-хромозоми околу 19% од времето, и ова објаснува, зошто кај жените, за разлика од мажите, постои тенденција помалку да страдаат од ментални нарушувања како аутизам и шизофренија.

Хромозомот Y во машкиот мозок произведува дополнителни допамински неврони. А допаминот, кој е одговорен за ментално наградување и мотивација, е она што ги прави мажите повеќе подложни на зависност и барања на новости (novelty). Допаминските неврони, исто така, играат улога во моторните вештини; тие се она што не функционира при Паркинсонова болест, од која заболуваат двојно повеќе мажи, отколку жени.

Иако мажите и жените имаат подеднакво добри резултати на тестовите за интелигенција, тоа го постигнуваат од различни причини. Машкиот мозок е поголем од женскиот мозок, но женскиот мозок има 15 до 20% повеќе сива материја, сочинета од неврони и дендрити, што овозможува концентрирана моќ за обработка (processing) и поголема способност за поврзување на мислите.

Белата материја, која помага да се распределува обработеното низ мозокот, е многу поизразена кај мажите, отколку кај жените; ги прави мажите подобри во просторното расудување и, поради влакната (fibers) во неа, коишто спречуваат „расејување на информациите“, овозможува целисходност, (целесообразност), неопходна за решавање на тешките просторни проблеми. Но, белата материја во женскиот мозок се наоѓа првенствено во corpus callosum, кој ги поврзува хемисферите на мозокот и дозволува десната страна на мозокот да ѝ помага на левата во лингвистичките задачи, а тоа ги прави жените подобри во тешките вербални предизвици.

Regis Nicoll, Is Gender Just a State of Mind? https://salvomag.com/article/salvo2/hooked-on-a-feeling

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s