Концептот на родово-сензитивно образование и родова еднаквост според гендер-идеологијата како закана за државното образование

Високите технолошки достигнувања на современоста, освен благословена помош во работата, носат и искушение: човекот – којшто е лик, икона, образ божји – да биде преформатиран и корегиран до непрепознатливост. На пр. полот е сфера во која денес, човекот кој заборавил дека е образ Божји, се соочува со толку теории и ориентации, кои сведочат пред сѐ, за една голема духовна дезориентација.

Continue reading

Богородица Марија и Третиот вселенски собор (III дел)

Третиот вселенски собор

Освен теолошките причини кои биле одлучувачки за свикувањето на Третиот вселенски собор, одржан во Ефес во 431 год., еден од главните социо-политички фактори било неединството во империјата, кое станувало сè поочигледно. Од перспектива на царот, неединството во државата означувало големи немири кои лесно би можеле да прераснат во насилство. И од оваа причина, водачите секогаш сакале да се занимаваат дури и со теолошките прашања кои би можеле да го нарушат добриот поредок на државата. Судирот меѓу св. Кирил Александриски и патријархот Несториј Константинополски се проширил во црквите во Рим и Антиохија, со што, според зборовите на св. Кирил, станал „универзален скандал“, бидејќи ги достигнал „краиштата“ на тогашната империја. Пред Соборот од 431 год., св. Кирил му напишал неколку писма на Несториј, во кои ги изложува неговите еретички учења. Јасно е дека за св. Кирил; во едната личност на Христос постоело вистинско единство, а не само обичен „допир (contact)“ помеѓу божествената и човечката природа. Од оваа причина, не било неточно да се тврди дека Марија ја родила истата Личност на Бог Словото. На пример, во 429 год., во својата Пасхална беседа, св. Кирил напишал:

Continue reading

Богородица Марија и Третиот вселенски собор (II дел)

Д-р Филип Кариатлис

Превод од: https://bit.ly/3zFku6Z

Христологијата на св. Кирил Александриски

Еден од најплодотворните писатели на раната Црква, чии дела придонеле, освен за Христологијата, во неговиот спор со патријархот Несториј од Цариград, и за библиската егзегеза, за теологијата на Троица, е св. Кирил Александриски (роден 375 г.). Неговата теологија останала нормативна во источните христијански цркви низ сите векови. Токму поради оваа причина, тој со право се смета за еден од најголемите отци на V век. Св. Кирил напишал многу дела против лажните учења на Несториј – еден од неговите догматски списи носи наслов „Против оние кои не признаваат дека Марија е Богородица“. Тој припаѓал на александриската теолошка школа, која, освен божественоста на Исус Христос, го истакнувала и Неговото личносно единство. Св. Кирил и отците на Третиот вселенски собор, воопшто, најмногу се грижеле да го одбранат учењето дека човекот Исус, роден од Дева Марија, не е некој друг, туку е Словото Божјо, втората личност на Света Троица. Тоа не значи дека Логосот се населил во човек роден од Марија, туку дека е самиот Логос, Кој во времето се родил од благословената мајка.

Според тоа, св. Кирил веруваше дека токму овие вистини се потврдени со името Богородица, бидејќи овој израз најјасно потврдил дека Марија го родила божествениот Син и Слово Божјо. Значи, на Ефескиот собор во 431 г. тој упорно се борел овој термин да биде прифатен од целата Црква, бидејќи терминот носи сотириолошко значење. Без името Богородица, според св. Кирил, постоела опасност да се мисли дека Христос е обичен човек, а не божествениот Син на Бог. Но, ако Христос беше човек, тогаш не можеше да биде во позиција да му ја понуди на светот полнотата на животот, т.е. да го спаси од смртта и распадливоста со тоа што би бил Победник над смртта. И така, станува јасно, зошто за овој поим со право сметале, не само св. Кирил, туку и Црквата пошироко, дека има спасоносно значење, бидејќи прогласувал дека Оној што е роден од Дева Марија е божествениот Син и Слово Божјо.

Терминот Богородица

Continue reading

Богородица Марија и Третиот вселенски собор (I дел)

Превод од: http://www.greekorthodox.org.au/?page_id=3364

Д-р Филип Кариатлис

Воведни белешки

Во Источното православно предание, месецот август е посветен на Богородица. Празникот Успение (т.е. заспивање) на Богородица, уште пред VI век се славел на 15 / 28 август.(1) Освен големата почит што верните луѓе на Црквата ја укажувале кон Богородица низ сите векови, забележително е и големото влијание што нејзината личност го извршила во православната духовност.

Мајката на Исус Христос во Православната црква е воспевана со многу имиња што ѝ се припишуваат, меѓу кои се: Сесвета мајка, Секогаш-дева Марија и секако, името Богородица. Во Православното Предание има многу икони на благословената мајка на Исус, на кои таа е наречена: Бргупослушна, Сецарица, Омекнување на злите срца, Живоносен извор, Неочекувана радост, Застапничка за грешниците и др.

Continue reading

Самоубиствата во LGBT: Во што навистина е суштината на конфликтот?

Во првото поглавје од книга, чиј наслов во послободен превод би гласел: Нормализирање на хомосексуализмот (Making Gay Okay, How Rationalizing Homosexuality Is Changing Everything), авторот Роберт Рејли го наведува следниот цитат од некои адвокати за правата на хомосексуалците: „Во секоја кампања за победа пред јавноста, хомосексуалците мора да бидат прикажани како жртви на кои им е потребна заштита, така што другите (straights) ќе бидат склони со рефлекс да ја прифатат улогата на заштитник“. Ова е многу ефективна стратегија. Но, статусот на жртва не е она, што некој претпоставува дека е. Имено, ЛГБТ – самоубиството, особено кај тинејџерите, изгледа дека ја замени СИДА-та како главен белег на хомосексуалците како жртви.

Според податоци на Универзитетот Колумбија од 2011 г. бројот на обиди за самоубиство меѓу хетеросексуалните адолесценти, е минимум 10 пати помал од оној кај младите со нетрадиционална сексуална ориентација. Исто така, застапеноста на самоубиство и обид за самоубиство поврзани со операција за промена на полот е исклучително висока. На пример, истражувачите откриле дека стапката на самоубиства кај постоперативните трансродови лица е 80 пати поголема од вкупната стапка на самоубиства кај американската популација. Висок процент на обиди за самоубиство меѓу трансродови луѓе е забележан и во студии од други земји, на пример, во Холандија. Се проценува дека 19-25% од трансродовите луѓе кои планираат операција за промена на полот се обиделе да извршат самоубиство. Студии од првите години на XIX век даваат уште повисоки цифри: до 1/3 од бројот на испитаните трансродови лица извршиле барем еден обид за самоубиство.

Освен огромната трагедија на самоубиството, ЛГБТ активистите и нивните симпатизери се соочуваат со вистинска загатка и во однос на неговите причини. И покрај цунамито од виножито што ја зафати колективната свест на Западот во изминатиот половина век, луѓето со хомосексуални склоности, очигледно, сè уште доживуваат интензивен внатрешен конфликт. Ако толерантната културна клима во однос на хомосексуалноста е очигледна, тогаш што повеќе да се очекува? Иако спортисти, актери, музичари и цели спортски брендови и корпорации се натпреваруваат во нивните напори пред сите да го истакнат нивниот став дека хомосексуализмот е нормална појава, американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) ни кажува дека во 2015 година, стапката на самоубиства кај ЛГБТ студентите била пет пати поголема од онаа кај стрејт студентите.

Секако, не се малку обучени специјалисти кои ги познаваат проблемите и тешкотиите на ЛГБТ заедницата и ќе се обидат со превенција на самоубиствата кај ЛГБТ луѓето преку развивање стратегии за намалување на психолошките доживувања на хомосексуалноста кај некоја личност.

Но, можеби има друго објаснување. Можеби причината зошто ЛГБТ луѓето од сите возрасти се сè уште толку длабоко конфликтни и толку склони на самоубиство и покрај тоа што живеат во толернатна култура е тоа што, длабоко во областа каде што совеста е сè уште недопирлива за културата, тие знаат дека се однесуваат на начин што ја нарушува нивната суштина како човечки суштества. За да откриеме зошто е тоа така, прво мора да имаме јасно разбирање за тоа, каква е суштината на човекот.

Св. Антониј Велики рекол: „Човекот според умот ја досегнува неизречената Божествена сила, а според телото има сродство со животните.“ Никој не може да се развие во морално силна, а со тоа и вистински исполнета, личност сè додека не сфати дека ние луѓето имаме трансцедентни, логосни души, како и материјални тела – слични со телата на некои животни. Ако нашите физички апетити не се регулирани од волјата со намера да го направиме она што е исправно, тогаш уживањето во нив и обидот да се рационализира нашето уживање, на крајот може да предизвика да ја изгубиме способноста за разликување помеѓу правилното и погрешното. Ако некој дојде до таа точка, тој се уподобува на некое животно што несвесно го прави она што инстинктот му го налага.

Постои верзија од бајката за принцот што се претвора во жаба, а потоа му се гади од себе бидејќи јаде инсекти и се препушта на жабјото однесување. Мора да признаеме дека на некој начин сите сме отуѓени и отпаднати од богосиновското достоинство на првосоздадениот човек, во смисла дека сме стекнале животински нагони, коишто на дел од нас им се одвратни. А конторолирањето, справувањето со ниските склоности е познато под имињата: пристојност, морален сензибилитет, разумно однесување… Процесот на контролирањето на физичките апетити и пориви е процес на морален развој и без да растењето во тој процес никој не може да стане морално силна личност.

Доблесен и исполнет живот е оној во кој правилно формираната човечка волја, или совеста, ги контролира и управува со животинските пориви. Да ја изберете за водилка добро воспитаната совест, значи да научите да живеете во согласност со целосноста на човековата природа. Затоа, една од најголемите навреди гласи: „Се однесуваш како животно.“ Значи, се работи за тоа да останеме доследни на нашата богообразна човечка природа. Како што шеговито рекол Гилберт К. Честертон, „Ако сакате да разубедите човек (да се воздржи од некакво искушение), на пример, да не го испие неговото десето виски, ќе го удрите по грбот и ќе му кажете: Ајде, биди маж, немој… Но, никој што сака да го одврати крокодилот што се подготвува да изеде својот десетти истражувач, не би го удрил по грбот и би му рекол: Ајде, биди крокодил, немој…“ Јасно е, секој дејствува според својата природа.

Во иронична спротивност со идејата дека похотливото задоволување на сексуалната желба е начин да се исполни нечиј идентитет, доживувањето на нашиот целосен, или целомудрен идентитет како човечки личности бара од нас своите желби да ги подложиме на објективните, трансцендентни стандарди на моралот и добродетелта. Според Платон, тој стандард што треба да ни послужи како образец за живеење е поставен од „Причината на сè што е убаво и правилно, непосредниот Извор на смисла и вистина во умствениот свет; кон кој мора да биде насочен и прицврстен погледот на секој што сака да постапува мудро во јавниот или во приватниот живот.“

Линкови
The Scariest Part About America’s LGBTQ Suicide Epidemic Is What We Don’t Know About It

https://www.vice.com/en/article/jmkmvd/the-scariest-part-about-americas-lgbtq-suicide-epidemic-is-what-we-dont-know-about-it

LGBQ teens face serious suicide risk, research finds

https://www.cnn.com/2017/12/19/health/lgbq-teens-suicide-risk-study/index.html

Подростки с нетрадиционной сексуальной ориентацией чаще совершают самоубийства

https://www.rosbalt.ru/style/2011/04/21/841705.html

Геи-самоубийцы

https://www.gazeta.ru/science/2011/04/18_kz_3587269.shtml

Названа причина высокой смертности геев

https://ytro.news/articles/2011/04/18/969782.shtml

Suicide and Suicide Risk in Lesbian, Gay, Bisexual, and Transgender Populations: Review and Recommendations

The Republic, Book 7.

http://www.perseus.tufts.edu/hopper/text?doc=Perseus%3Atext%3A1999.01.0168%3Abook%3D7&force=y

https://bit.ly/2VGV9dZ