Конкурс за запишување на последипломски Византолошки студии

УНИВЕРЗИТЕТОТ „ЕВРО-БАЛКАН“ – Скопје
објавува
К О Н К У Р С
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ НА СТУДИИ
ОД ВТОР ЦИКЛУС (ПОСЛЕДИПЛОМСКИ СТУДИИ)
ЗА АКАДЕМСКАТА 2012/2013 ГОДИНА

ВИЗАНТОЛОШКИ СТУДИИ
Византолошките студии обезбедуваат широка перспектива и изучување на Византија како милениумски доминантен политички и културен фактор на Балканот и Источниот Медитеран. Комплексот знаења и практики обединет во студиите е фокусиран кон интердисциплинарно истражување на спецификите на византискиот свет, кој како круцијален транзициски линк помеѓу античкиот и модерниот свет, ги детерминирал политичките и културните процеси на Балканот, Европа, како и христијанско-исламскиот ориент. Интердисциплинарниот приод овозможува продлабочено изучување на политичките, историските, културните, философските, социјалните, религиските, музичките и визуелните аспекти на еволуирачкиот византиски свет, кој ги надминал културните, географските и хронолошките граници на сопствената егзистенција. Покрај разбирањето на феноменот на Византија, студeнтите ќе се оспособат за осознавање на современите приоди кон апропријацијата на византиското наследство во европската културна историја и во концептуализацијата на европската цивилизација.

Со завршувањето на последипломските студии, студентите се стекнуваат со научен степен  магистер (м-р) по византолошки студии.

Услови за запишување: Continue reading

Летописни белешки

Серија од четири земјотреси со јачина до 5 степени според Европската макросеизмичка скала го потресоа Свети Николе и околината. Првите два беа прексиноќа, спроти празникот на св. великомаченик Георгија – Ѓурѓовден, во 18.11 и во 19.39, а другите два вчераутро во 3.01 и во 5.32 часот. Епицентарот на земјотресите е на 50 километри југоисточно од Скопје во светиниколското епицентрално подрачје, во близина на селата Мустафино, Ерџелија и Кадрифаково, каде што тој и најмногу бил почувствуван.

Спроти Ѓурѓовден стотици луѓе од Македонија, од соседните и од подалечни земји доаѓаат на Говедаров камен верувајќи дека големата карпа на тромеѓето меѓу светиниколските села Ерџелија, Пеширово и Амзабегово ќе им помогне да добијат дете. Обредот што се извршува е крвно жртвопринесување со колење на јагниња. Луѓето палат свеќи околу карпата, човек качен на каменот им дава инструкции на девојки што ја врзуваат карпата со конци волница…

Вечная память: Преставился ко Господу Патриарх Московский и всея Руси Алексий II

Денес (Петок, 5 Декември) се упокои во Господа Патријархот Московски и на цела Русија Алексиј II. (Интерфакс)

Вечная память

aleksijii