Во Москва умре Александр Исаевич Солженицын

«Одно слово правды весь мир перевесит // Еден збор на вистината, целиот свет ќе го претежне» – овие зборови од Нобеловското слово на Александар Солженицин може да се постават како епиграф на целиот негов живот.

Во ноќта на 3/4 август умре големиот руски писател, историчар, публицист, лауреат на Нобелевата награда, Александар Исаевич Солженицин. Патријархот Московски и на цела Русија Алексиј II испратил писмо, во кое им изразува сочувство на вдовицата на писателот, неговите роднини и блиски:

„…Молюсь Владыке жизни Господу нашему Иисусу Христу о упокоении души новопреставленного раба Божия Александра в обителях небесных, где нет ни болезни, ни печали, ни воздыхания, но жизнь бесконечная…”

Пред пет години, на 04 август е упокоен и истакнатиот проповедник и црковен публицист, Митрополитот Сурожски Антониј (Блум). Панихиди за негов спомен вчера биле отслужени во руските православни храмови на Западноевропскиот егзархат на Константинополската патриаршија, а исто така, и во многу храмови на РПЦ МП.

Митрополитот Антониј бил единствениот архиереј на Московската патриаршија, кој се осмелил во денот кога Александар Солженицин бил прогонет од СССР, да отслужи молебен за негово здравје. Големиот писател се упокои на истиот датум со архиерејот, пет години подоцна.

Прилог: Изјави на светски лидери во врска со упокојувањето на А.И. Солженицин

Се упокои во Господа Високопреосвештениот Митрополит Лавр, Поглавар на Руската Задгранична Црква

Џорданвил, 16 март 2008 г. Во денот на Победата на Православието, премина при Господа Првојерархот на Руската Задгранична Црква, Високопреосвештениот Лавр, Митрополит Источно-Американски и Њујоркшки.

5969d.jpgВечная память рабу Божию Высокопреосвященнейшему Митрополиту Лавру!

На 17 мај 2007 г. во Храмот на Христос Спасителот, во Москва, тој и Патријархот Московски и на цела Русија Алексиј го потпишаа Актот за канонско општење – документ, со кој се стави крај на поделбата на Руската Црква.

Граѓански тоталитаристи

clipped from www.makfax.com.mk
„Не го предизвикувате ли токму вие раздорот во општеството, затоа што сите оние кои не размислуваат и не се облекуваат како вас ги прогласувате за непријатели на граѓанското општество и режим?” — Ердоган ги праша јавно противниците на муслиманската шамија.
blog it

Домашна работа

…зададена од iacovibus: Десно: Речници, лево: „Свјатител Григориј Богослов – Собрание творениј”. Од неговата ризница ќе нацрпиме. Отворам на 123-та страница, бројам пет реченици, па вели:

„…Ако тоа го ветува животот, во кој има толку многу таги: тоа значи дека и смртта не избавува од беди. Од двете страни бездна; што ќе правиме? Не е најдобро ли – да ги свртиме погледите кон Тебе едниот и кон твоето милосрдие?”