Пизма

clipped from www.makfax.com.mk
Светиот синод на Грчката православна црква (ГПЦ) го одби барањето на МПЦ да присуствува на погребот со образложение дека е „канонски непризната црква”. Ваквото објаснување е содржано во пораката на главниот секретар на Светиот синод на Грчката црква.
blog it
clipped from www.patriarchia.ru

На похоронах ожидается делегация из Ватикана и от Армянской Апостольской Церкви, а также представители Англиканской Церкви и греческих мусульман.

blog it

Вечная память: +Архиепископ Атински и на цела Елада г. г. Христодулос

Архиепископот Атински и на цела Елада г. г. Христодулос се упокои во Господа, во понеделник, од рак, во својата резиденција во Атина.

Блажен путь, воньже идеши, душе, днесь, яко уготовася тебе место упокоения.

Биографическая справка: Архиепископ Афинский и всея Эллады Христодул.

Упокой, Господи, души усопших раб Твоих

Глубиною мудрости человеколюбно вся строяй и полезное всем подаваяй, Едине Содетелю, упокой, Господи, души раб Твоих; на Тя бо упование возложиша – Творца и Зиждителя и Бога нашего.

О отпуститися им от всякия болезни, и печали, и воздыхания и вселити их, идеже присещает свет Лица Божия, Господу помолимся.

О яко да Господь Бог наш учинит души их в месте светле, в месте злачне, в месте покойне, идеже вси праведнии пребывают, Господу помолимся.

О плачущих и болезнующих, чающих Христова утешения, Господу помолимся.

ЕПП

Неодамна ја слушнав најглупата реклама до сега. На телефонски повик, некој – за да каже дека има мобилен со плеер – одговара: „Извини, ќе ти се јавам подоцна, сега ми треба телефонот за слушање музика.”

Опасна работа ти е мултифункционалноста. Како тргнал маркетингот, не е далеку денот кога ќе видиме реклама за најновиот тип четка за чевли, во стилот: „Те молам, додај ми ја четката за чевли.” „ – Извини, моментално ми треба за миење заби.”

Одличен сајт за онтологијата на рекламата, наречен: Похищение образа.

Анегдота

Ученикот Моше го исфрлиле од еврејско училиште заради неуспех и лошо однесување. Го запишале во друго, исто така, еврејско училиште. По неколку месеци и од таму го исфрлиле, заради истите причини. Истото се случило и во третото училиште. По некое време, во градот немало еврејска школа каде би го примиле. Конечно, Моше го преместиле да учи во христијанско училиште.

По една недела го повикале неговиот татко, и – какво изненадување – го фалат неговиот син, колку добро се однесува, се труди, учи… Таткото се враќа дома и зачуден го прашува синот:

– Моше, што се случило со тебе? Ми кажуваат дека си најдобриот ученик, си се смирил… Што ти направија?

– Види тато, првиот ден кога стигнав во тоа училиште, учителот ме однесе во една соба, ми покажа еден човек распнат на крст и рече: „Моше, погледни, тоа е Исус Христос. И тој бил Евреин.” И јас тогаш разбрав, дека таму нема шега…