Покајание и Исповед. Зошто и како да се исповедаме?

Audio

Кога правиме грев, ја изневеруваме својата вистинска човечка природа што била обновена во нас со Крштевањето и Миропомазанието. Единствено покајанието може да нѐ врати во состојбата од која сме се лишиле…

Од постмодерна персона до личност

Архимандрит Ефрем, игумен на манастирот Ватопед

Теологијата на личноста, како што ни е откриeно во исихастичкото аскетско предание, е најзначајниот контра-аргумент на пост-модерниот индивидуализам и релативизам. Подвижниците на себепознанието (introversion) и на молитвеното тихување (conscious tranquillity) т.е. исихија, не е психолошки предлог, туку автентичен и единствен начин за преобразување на „одбивната маска“ во личност.

Соодветно е забележано дека она што најдобро ќе ја обележи теологијата на 21-иот век е нејзината грижа за антрополошките прашања[1]. Ако денес не сме ги испитале доволно антрополошките вистини во сферата на теологијата, замислете како би морало да биде во сферите на филозофијата, интелектот и општествените и хуманитарните науки.

Денешните постмодерни луѓе не знаат што е тоа личност (person). Тие ја живеат и проектираат маската на персона. Што е тоа маска? Тоа е маска што актерите во Античка Грција ја користеле за да играат различни улоги – personae – на сцената во театарот. Значи, оваа маска не е нешто реално, вештачка е, виртуелна реалност е – да се изразиме со IT терминологија. Треба да го отфрлиме тој лажен предмет и да го замениме со вистинскиот, што, во овој случај, е личноста.

Отците на Црквата не определија што е личноста. Но, за да се осврнат на величественоста, на огромната вредност на човечкото битие, тие го користеа терминот „личност“. Св. Василиј Велики пишува дека личностите се единствените суштества кои Бог ги создал [2]. Свети Григориј Богослов вели дека Бог создал суштество – личност – која била мешавина од видлива и невидлива природа, која е втор космос, „голем во минијатурноста“[3]. Свети Јован Златоуст нагласува дека „личноста е највнимателно создадена од Божјите живи суштества“ [4].

Човечките суштества се круна на создавањето. Копнежот по совршенство е вроден. Луѓето се обидуваат, колку што можат подобро, да постигнат совршенство, дури и во нивните секојдневни активности. И ова е доказ за потенцијалот што Бог ни го дал за наше лично усовршување како психосоматски битија.

Во создадениот космос ништо не ги надминува луѓето. „Најниските редови на суштествата, иако имаат некој вид разумност, сепак немаат независна цел, туку нивната цел е да бидат материјалниот предуслов за постоење на човештвото. Луѓето копнеат по безгранична, лична реалност (Бог) Кој ги надминува и може да ги одржува бесконечно. Тие не можат да ја поседуваат оваа реалност, бидејќи нивната способност (potential) е ограничена, но нема ни да исчезнат во неа “[5]. Токму овој личен Бог му дава значење и цел на нашето постоење. Нашата човечка природа, со своите безброј ипостаси (hypostases), способна е да заедничари, преку енергија, со различните и взаемно-проникнувачки личности на Света Троица.

Блаженоупокоениот старец Софрониј, во согласност со светите Отци, не дава никаква дефиниција за личноста. За неговата аскетска теологија е поважно неговото тврдење, дека личноста постои, што го води кон опис на нејзините можности (capacities). Личноста не може да се дефинира, но може да се окарактеризира, динамично и егзистенцијално, преку пројавувањето на нејзините енергии“[6]. Личноста, сместена во „скриеното битие на срцето“ [7], се појавува кога тоа битие, преку Благодатта Божја, ја открива сферата на срцето, јадрото на нашето битие.

Свети Григориј Палама кажува нешто многу важно, што е централна точка на овој напис: Кога умот (nous), нашата највисока способност ќе се одвои, преку православниот аскетски подвиг, од секоја сетилна (perceptible) ствар, ќе се издигне над метежот од грижи за материјалните ствари и наместо нив, ќе го надгледува внатрешното битие, ќе ја види „одбивната маска“, која е грда, одвратна  маска, составена од страсната приврзаност кон земните работи, која се храни и се надувува од гревот. Значи, умот брза да ја исчисти оваа маска со тага и покајание, да ја отстрани грозната покривка преку подвиг и извршување на Божјите заповеди. Свети Григориј продолжува и вели; бидејќи душата не е заведена  од разновидноста на гревот, таа го открива мирот на нејзините психосоматски сили, хармонијата на умот и вистинското внатрешно спокојство, така што доаѓа до вистинско познавање на Бог и на самата себе [8] Тогаш „одбивната маска“ се претвора во лице, персоната во личност, според образот на вистинското и вечно лице и личност на Христос Бог / Човек.

Пост-модерните луѓе и нивната Persona

Колку пати и да се менуваат политички, културолошки и социјално, луѓето остануваат во суштина исти, Божјиот образ (the image) останува неизбришлив и помрачен во нив. По падот на Адам и Ева, гревот и страстите на злото: сетилноста, похотливоста, суетноста, гордоста, омразата, злобата, гневот, раздразливоста, осудувањето, користољубивоста, алчноста, лицемерието – или се цели на борба против или им е дозволено да владеат, во зависност од тоа дали луѓето се свесни за борбата и се спротивставуваат или се заведени од нив да им се потчинуваат и да ги негуваат. Меѓутоа, никогаш до сега немало такво општествено прифаќање и озаконување на гревот како во нашево време.

Continue reading

Третото Христово Раѓање

Првото Христово Раѓање е предвечно, Синот Божји се раѓа од Бог Отецот уште пред создавањето на што било…

Второто Раѓање е воплотувањето, вочовечувањето на Синот Божји од Пресвета Дева Марија…

Третото Христово раѓање е…

Повторно раѓање

Третото Христово раѓање е во животот на луѓето кои веруваат во Него и го прифаќаат како свој, личен Бог. Затоа што, иако Христос се воплоти за да ги спаси сите, немa да биде спасен секој човек.

Се разбира, Господ „сака сите луѓе да бидат спасени и да ја познаат вистината“ (1 Тим 2,4) и Тој навистина е семоќен. Сепак, Тој ја почитува слободата на луѓето и не сака да нè спаси против нашата волја.

Така, во (книгата) Откровение, Тој е претставен како просјак кој талка, оди од врата до врата, од душа до душа, тропа за да му отвориме: „Еве, јас стојам пред вратата и тропам; ако некој го чуе мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам кај него и ќе јадам со него и тој со мене“ (Откр 3,20). И расказот за првата христијанска ноќ се повторува. Повеќето врати се затворени, како што било и во Витлеем; нашите срца се прибежишта за други богови и божици. Христос наоѓа само неколку души подготвени да Го примат. „Меѓу своите дојде и неговите не го примија“ (Јн 1,11). Но, за оние во кои Тој престојува, Тој шталата ја прави палата, а јаслите − раскошна трпеза; Тој е роден во нивните срца и им дава преродување (повторно раѓање).

Тоа преродување е неопходно за нашето спасение. Само оние кои се „родени од горе“ (Јн 3,3) − како што вели самиот Господ − влегуваат во Царството Небесно и стануваат негови граѓани. А, како може човек повторно да се роди? − прашува Никодим, и ние со него (Јн 3,4). Како одговор, да слушнеме што ѝ рече ангелот на Дева Марија, која беше зачудена кога дозна дека ќе роди без маж: „Светиот Дух ќе слезе на тебе и силата на Севишниот ќе те осени“ (Лк 1,35). Христос бил зачнат во утробата на Марија од Светиот Дух, а со истиот Дух и во нас може да биде зачнат и да го носиме во нас. Можеме да го носиме Христос откако ќе се изврши нашето соединување со Светиот Дух.

Навистина, нешто прекрасно се случува во нашите животи, што светот не го разбира, не го научил и никогаш нема да постапува така: преку Светиот Дух, секој христијанин може да го зачне и да го носи Христа. И Христос што го носиме, ќе биде нашето сопствено јас, и ние ќе бидеме друг (another) Христос во светот, мал Христос, што и е вистинскиот христијанин.

Жив пример за такво преродување е апостолот Павле. Тој успеал да го зачне Христос и да го носи во себе, така што можел да рече: „Јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене (Гал 2,20). Најдлабокото во него беше Христово, неговиот ум беше − на Христос, неговото срце − на Христос. Така, тој можеше да Го зароди и во душите на другите околу себе, како што им пишува на Галатијците: „Чеда мои, за кои сум пак во родилни маки, додека не се обликува во вас Исус Христос“ (4, 19). Каков посветен родител бил апостолот! Како да ги внесувал во своето тело и да ги носел, сè додека да можеле да се родат како христијани, како мали христоси. Oва мора да го знаат сите учители на Евангелието, сите вероучители. Нивната најголема задача, нивната главна мисија е да го породат Христос во душите на луѓето и притоа, да претрпат породилни болки.

Како се раѓаме повторно?

Непосредно пред неговите страдања, Христос на своите ученици им кажал дека ќе го испрати Утешителот, Кој „е со вас и ќе биде во вас“ (Јн 14,17). Овој Утешител го извршува третото Христово раѓање; во Духот, во нашите срца. Тој се соединува со нас и во светот внесува нов Христос, т.е. нашето новородено јас. А, како нè посетува Утешителот?

Нашата прва средба со Него е преку вера. Верата ја отвора вратата на душата, за да може да влезе Христос. Верата Го прима, ги предложува нашите срца пред Него и предизвикува во нас силен интерес и огнена желба да Му се приближиме. Ова е првичната потреба; Христос да престојува во нашите срца, како што вели св. апостол Павле (Ефес 3,17). Но, потребна е љубов за Господ да остане со нас и да нè направи Негов храм и олтар. Исус Христос вели: „Ако некој Ме љуби, ќе го пази словото Мое; и Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме при него и живеалиште во него ќе направиме“ (Јн 14,23). Божјиот збор ни помага во утврдувањето на нашата вера и во зголемувањето на нашата љубов. Кога зборот Божји (проповедта и учењето), во нас престојува изобилно, тогаш Словото Божјо, Исус Христос, не само што се сместува во нас, туку целосно нѐ исполнува со Него. Тој мистично нè одгледува и нè подготвува за нашето совршено соединување со Бог.

Но, она што, всушност, влијае на нашето повторно раѓање во Христос, конечно, е Светата Тајна (Причестувањето). Господ тоа јасно го кажа: „Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него“ (Јн 6,56).

Тој доаѓа, тропа на нашата врата и, кога ќе (се) отвориме, самиот Тој поставува трпеза за нас. Тој, Просјакот на нашето спасение, ги принесува Своето Тело и својата Крв за да нè нахрани и да нè направи среќни. Тој нè повикува на (мистична, таинствена) Вечера со Него, затоа што „Моето тело е вистинската храна, и Мојата крв – вистинското питие“ (Јн 6,55). Ние вистински го славиме Божик тогаш, кога со страв Божји, вера и љубов, се причестуваме со пречистите Таинства и повторно се раѓаме заедно со новородениот Христос.

Сергиј Сакос

Писмо од Старец Јосиф Исихаст, за благодатта и искушенијата

Тукушто го добив твоето писмо и го прочитав; се радувам за твоето здравје, но тагувам за твоите неволји.

Тоа што го пишуваш, дете мое, се случува со тебе бидејќи немаш трпение. Ти, дете мое, го бараш Христа, сакаш да влезез во Небесниот Град. Се моли за тоа твојот старец, се молат отците, се молам и јас бедниот, овде во карпите. И сите нас нѐ слуша Господ и заради скрушеност на твојата горда душа, за ти да го смириш гневот, раздразливоста, гордоста, Тој ти испраќа една болва – тоа мало искушение за да те каса, а ти да трпиш, за да ти досадува, а ти да не обраќаш внимание. И малку по малку да го скротуваш гневот и возбудата, загушувајќи го во себе и не дозволувајќи да излезе груб збор од твојата уста. И тогаш, таа сатанска сила која човек во себе ја загушува еднаш и двапати и повеќепати, заминува и го остава кроток и спокоен, како јагне.

Слушни за еден настан што ми се случи. Кога бев во светот се расправав со сите. Имав лавовско срце. И ете, Христовата љубов ми даде скрушеност. Ако би раскажувал што трпев секој ден од таа страст, би требало да напишам книга. Зашто Бог, сакајќи да ме ослободи, ми испраќаше остри напади; неправедно ме напаѓаа, ме навредуваа, ми се потсмеваа. Не прости подбивања, туку способни да убијат. И трпејќи, и загушувајќи ја во себе силата на сатаната со крајно трпение, добив избавување од злото.

И така, една тешка зима искушувачот подготви и ги насочи кон мене сите стапици со кои научил да нѐ напаѓа и со кои Бог му дозволува да нѐ испитува. И ете, кога тој произведе три-четири искушенија и ја виде бесцелноста на своите напади, одеднаш низ вратата продре ветер, толку силен што го крена покривот со многу камења врз него, го подигна во воздухот како хеликоптер и го фрли спроти карпата, во снегот. Останавме во тишина под снегот.

Continue reading

Митрополит Пергамски Јован (Зизиулас): Беседа за Таинството Покајание или Исповед (2 дел)

Врска кон првиот дел

Бидејќи ќе говориме за исповедта, ќе ја засегнам и темата за покајанието како вовед, а потоа во најопшти црти и историјата на самото таинство, како што го нарекуваме, од која произлегува неговата смисла и содржина. Потоа ќе говориме и за начинот, како се реализира, а исто и за проблемите кои во пракса се појавуваат денес.

Continue reading